Контакт

Европа

Белгискиот кандидат за еврокомесар обвинет за перење пари

Објавено пред

Белгискиот кандидат за местото на нов еврокомесар за правда, кој е министер за надворешни работи на земјата, Дидие Рејндерс, се соочува со истрага поради обвинение за перење пари во Конго.

Обвиненијата против Рејндерс ги изнесе поранешен припадник на белгиската разузнавачка служба. Весниците Л’Еко и Де Тијд, кои први информираа за случајот, наведуваат дека истрагата е се уште во почетна фаза.

Сослушувањето во Европскиот парламент за подобноста на кандидатите за еврокомесари е закажана за 30 септември.

Европа

Путин гo прогласи април за неработен месец во Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека платените слободни денови во Русија ќе бидат продолжени до 30 април.

„Сè уште не го достигнавме врвот на епидемијата во светот и кај нас. Затоа решив да ги продолжам неработните денови до крајот на месецот, односно до 30 април “, рече претседателот на Русија во обраќање до нацијата, а пренесе агенцијата „Тасс“.

Тој посочи дека работниците ќе бидат исплатени наредните денови.

„И покрај сите напори, властите не се во состојба да ја подобрат ситуацијата во врска со коронавирусот во Москва“, рече Путин.

„Имаме голема, многу голема земја, со различна густина на населението“, истакна рускиот претседател, додавајќи дека има региони каде што коронавирусот е веќе сериозна закана за луѓето, како што е во Москва каде и покрај сите напори, властите не можат да ја подобрат ситуацијата.

Путин им се заблагодари на сите што ги почитуваат препораките за превенција од ширење на вирусот и особено на докторите.

Сигурен сум дека сите граѓани ќе се придружат со најголема благодарност до нашите медицински професионалци, истакна Путин.

Прикажи повеќе...

Европа

Австријците се чувствуваат „задушени“ од вонредните мерки

Објавено пред

Австријците сè повеќе ги чувствуваат рестриктивните мерки поради коронавирусот како товар, покажува истражување на институтот „Маркет“.

Бројот на оние кои велат дека добро се справуваат со ограничувањата што произлегуваат од пандемијата минатата недела опаднал од 47 на 38 проценти.

Во однос на личното придржување кон мерките, Австријците и понатаму ги следат истите многу строго, па дури 97 проценти изјавиле дека се придржуваат кон владините мерки.

Велат дека поради секојдневните ограничувања на движењето, тие сè повеќе се насочуваат кон чистење, готвење, читање интернет, но и на средување по дома.

Повеќето Австријци се убедени дека нивната земја ја контролира ситуацијата ѝ даваат позитивната оценка за австриската влада во однос на управувањето на кризита.

Во исто време, сè повеќе Австријци, поточно 75 проценти, веруваат дека оваа здравствена криза ќе има трајно и длабоко влијание врз економијата.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лаен им се извини на Италијанците поради задоцнетата помош од ЕУ

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, изрази жалење поради задоцнетата реакција на Европската Унија за пандемијата на коронавирусот во напис кој денеска беше објавен во италијанските медиуми.

„Извинете, ние сме со вас“, е насловот на писмото испратено од шефицата на ЕК до Италијанците.

„Денес, Европа се мобилизира за да биде со Италија. Но, тоа не беше така од почетокот“, признава таа во статијата во „Ла Република“.

Италијанците уште на почетокот беа лути затоа што и Франција и Германија одбија да им испратат заштитна медицинска опрема.

Чувството за напуштање се засили кога Германија и Холандија го отфрлија повикот за заеднички европски инструмент за долгови т.н. корона-обврзници.

„Мора да се признае дека на почетокот на кризата, кога требаше да се даде заеднички европски одговор, многумина мислеа само на своите национални проблеми“, пишува Фон дер Лаен.

„Во меѓувреме, Европа ја смени својата динамика“, истакнува таа, но не спомнува корона-обврзници ниту, пак, било каков друг потенцијален финансиски одговор.

Сепак, напиша дека блокот ќе формира фонд од 100 милијарди евра за финансирање на платите за работниците со скратено работно време.

Исто така, додаде дека 25 земји од ЕУ сега испраќаат милиони маски во Италија и Шпанија.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија10 часа

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет12 часа

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Економија12 часа

Финансиска помош и за занаетчиите и вршителите на самостојни дејности

Владата денеска ја донесе уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица што вршат самостојна дејност, а кои...

Економија12 часа

(Видео) По 14.500 денари месечно за вработен за април и мај или 50 отсто од трошоците за придонеси

Државата спасува работни места, 14.500 денари месечно за вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата или...

Економија13 часа

Спасовски: Со уредба ќе ги замрзнеме кредитите ако банките го гледаат само својот интерес

По понудените решенија за одложување на кредитите, техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вели дека чекаат да видат какви ќе бидат ефектите....

Македонија13 часа

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ15 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет16 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет16 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија17 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија17 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија17 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион17 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет18 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија19 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет19 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава19 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет20 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија1 ден

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Досие