Европа
Белорусите тврдат дека испратиле третина од армијата на границата со Украина, сега праќаат уште
Белорусија синоќа објави дека испратила авиони, сили за противвоздушна одбрана и оружје на границата со Украина еден ден откако претседателот Александар Лукашенко изјави дека распоредил речиси една третина од вооружените сили на неговата земја по должината на целата граница.
„Групата е значително зголемена и тие во моментот се на должност на јужните граници на нашата земја“, изјави за државната телевизија ЦТВ командантот на воздухопловните сили и воздушната одбрана на Белорусија, генерал-мајор Андреј Лукјанович.
Авијација, противвоздушни ракетни сили и радиотехнички единици се распоредени на границата, рече Лукјанович, според транскриптот објавен на веб-страницата на ЦТВ.
Неколку дена по ненадејниот упад на Украина на руска територија, Лукашенко, лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, го обвини Киев за агресивна политика и испраќање повеќе од 120.000 свои војници на границата со Белорусија, потсетува „Ројтерс“.
Украина рече дека не забележала зголемување на белоруските сили на границата и ги нарече забелешките на Лукашенко реторика со цел да се смири Путин, кој ја искористи Белорусија како рампа за лансирање за да ја почне својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Лукјанович изјави за ЦТВ дека Белорусија исто така очекува повеќе испораки на воени авиони од Москва оваа година и дека Минск прави напори да ги зајакне своите системи против беспилотни летала. „Очигледен е фактот дека беспилотните летала се чума на 21 век. Тоа е главоболка од која мислам дека ќе најдеме начин да се ослободиме“, рече Лукјанович.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Жената што го пријави Французинот во полиција по што се откри грозоморното малтретирање на неговата сопруга: Се однесуваше бедно
Жената по име Наталија е заслужна што Доминик Пелико, кој ја дрогирал сопругата и довел непознати мажи да ја силуваат додека тој снимал сè, се наоѓа пред суд.
Пелико беше уапсен во септември 2020 година во супермаркет во Карпентрас кога снимал жени под нивните здолништа. Пелико тогаш снимал и под здолништето на Наталија.
Во сведочењето за БФМТВ, Наталија рече дека е среќа што го пријавиле.
Наталија сега се присети на 12 септември 2020 година, кога сè се промени во нејзиниот живот, но и во животот на Жизел Пелико, сопругата на Доминик, која со децении трпела малтретирање, без воопшто да биде свесна за тоа.
Тој ден Доминик снимил три жени, а кога ја свртел камерата кон Наталија, пришол чувар и ѝ кажал што видел: „Тој снимаше под вашиот фустан, сакате да го пријавите?“ Тогаш Доминик Пелико беше приведен, му беше одземена компјутерската опрема и потоа беше откриен случајот со грозоморното малтретирање на неговата сопруга Жизел, кое го шокира светот.
„Го фрлив фустанот што го носев тој ден“, изјави Наталија.
Таа се присети на сите детали од тој ден во супермаркетот.
„Се однесуваше како мал бедник, како да сакаше да каже ‘ама ништо не направив’. Мислам дека сè уште имаше став на жртва“, рече Наталија.
Кога подоцна дознала за степенот на аферата, била шокирана.
„Барем две години, ако не и повеќе, не одев на шопинг во фустан. А фустанот што го носев тој ден го фрлив“, изјави Наталија.
Делумно благодарение на жалбата на Наталија, која отиде во полициска станица, Доминик завршил на суд поради злоупотреба на неговата сопруга Жизел. Наталија, барем до сега, никогаш не ја запознала Жизел Пелико. Сепак, таа навестува дека можеби ќе оди на сослушувањето за да ја поддржи.
Европа
(Видео) Кадиров објави снимка: „Испраќам два вооружени сајбер-камиона во војна во Украина“
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави ново видео на социјалните мрежи за кое тврди дека прикажува два сајбер-камиона „тесла“ за кои вели дека ги испратил во зоната на специјалната воена операција. Официјален Кремљ така ја нарекува војната во Украина, што ја почна рускиот претседател Владимир Путин пред две и пол години.
Претходно, на социјалните мрежи се пожали дека Илон Маск од далечина оневозможил едно од неговите возила. Кадиров рече дека далечинското исклучување не влијаело на другите два камиона и дека тие работат нормално.
Kadyrov said he had sent “two more” Cybertruck “to the special military operation zone.” Earlier, he complained that Elon Musk had “remotely disabled one vehicle.”
Kadyrov said that the “remote shutdown did not affect” the other two pickup trucks and that they were “operating… https://t.co/g1eUciaEqA pic.twitter.com/85SizuUxwH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 20, 2024
Двата сајбер-камиона прикажани на видеото се опремени со митралези, како и возилото што Кадиров го покажа во август.
Европа
Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот и на дипломатски и на воен план. Лавров беше цитиран од руските новински агенции дека Русија е решена да се спротивстави на напорите на САД и нивните сојузници во НАТО да организираат зголемен број воени вежби во арктичкиот регион.
„Гледаме како НАТО ги интензивира вежбите поврзани со можните кризи на Арктикот“, рече Лавров во серијалот со наслов „Советски пробив“. „Нашата земја е целосно подготвена да ги брани своите интереси во воена, политичка и воено-техничка смисла“, додаде тој.
Агенциите не дадоа дополнителни цитати за да го илустрираат тврдењето на Лавров. Лавров ги даде своите коментари во контекст на новата арктичка стратегија на Пентагон објавена во јули, која го опишува она што Вашингтон го опиша како зголемена руска активност околу Арктикот.
Во американскиот извештај се вели дека Русија повторно отворила стотици воени локации од советската ера на Арктикот и укажува на зголемена руска соработка со Кина за минерали и бродски рути кои би можеле да влијаат на стабилноста во поларните региони.
Кога беше објавен извештајот, руското Министерство за надворешни работи ги обвини Соединетите Држави за поттикнување тензии на Арктикот и ја отфрли секоја идеја дека зголемената соработка со Кина во областа може да влијае на регионалната стабилност.