Контакт

Европа

Берлускони одби да сведочи пред суд

Објавено пред

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони одби да сведочи на судење на негов долгогодишен соработник кој е осомничен дека се обидел да биде посредник меѓу мафијата и политичарите.

Берлускони пред судот во Палермо, Сицилија, рекол дека адвокатите го советувале да не одговара на прашањата. Тој одбил и да се фотографира или снима додека стои пред судијата.

Обвинителството тврди дека сицилијанската мафија Коза ностра се обидела да им се приближи на политичарите во настојувањето да добие помали казни за осудени мафијаши.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Унгарска министерка: ЕУ не напаѓа бидејќи заштитата на семејството ни е приоритет

Објавено пред

Невидените напади на Брисел врз Унгарија следуваа само затоа што заштитата на децата и семејствата останува наш приоритет.

Ова денеска го објави унгарската министерка за правда, Јудит Варга, на „Фејсбук“ и изјави дека нападот се случил затоа што не се подготвени да дозволат ЛГБТ-лобито да влезе во училиштата и градинките.

„Владата во Будимпешта исто така одговори на непристојните напади, како и на извештајот на Комисијата за владеење на правото“, додаде таа во објавата, а ја пренесуваат унгарските агенции.

„Имавме многу спорови со институциите во Брисел пред официјално да ги решиме со точно одговарање на сите прашања. Ги решивме сите сомнежи, згора на тоа секогаш се придржувавме до договорот“, напиша таа.

Варга посочува дека изворите во извештајот на ЕК се еднострани и политички пристрасни и дека извештајот одразува двојни стандарди кон Унгарија поради што, како што вели, наодите во него се неточни. Исто така, забележува дека извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2021 година е уште една алатка за политички притисоци.

Прикажи повеќе...

Европа

Белоруски активист пронајден мртов, отишол на трчање, па исчезнал

Објавено пред

Белорускиот активист Виталиј Шишов беше пронајден мртов рано утрово во парк во близина на својата куќа во Киев, ден по пријавувањето за неговото исчезнување.

„Белорускиот државјанин Виталиј Шишов, кој исчезна во понеделникот во Киев, денеска е пронајден обесен во еден од парковите во Киев, недалеку од местото на живеење“, се вели во полициското соопштение.

Полицијата соопшти дека повела кривична истрага поради сомнение за убиство, но дека ќе ги испита сите можности, вклучително и самоубиство.

Исчезнувањето на Виталиј Шишов, директор на непрофитната организација со седиште во Киев – „Белоруската куќа во Украина“ (БДУ), која им помага на Белорусите да избегаат од прогон, вчера го пријави неговиот партнер откако не се врати од утринското трчање.

Украина, Полска и Литванија станаа рај за Белорусите по спорните претседателски избори во таа земја минатата година, а БСУ им помага да најдат сместување, работа и правни совети, анализираат тамошните медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

По пожарите, два земјотреса ја погодија утрово Турција

Објавено пред

Два одделни земјотреса го погодија југозападниот брег на Турција рано утрово, потврдија официјалните лица.

Агенцијата за управување со катастрофи и управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека првиот земјотрес со јачина од 4,3 степени е регистриран во близина на крајбрежниот град Датца, во провинцијата Мугла, во 2 часот по полноќ по локално време, на длабочина од 24,21 километри.

Вториот земјотрес, кој беше со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала, е регистриран во Егејското Море во 2.56 часот по локално време, на длабочина од 3,19 километри, а епицентарот бил на 45 километри од Датца, соопшти АФАД, пренесуваат турските агенции.

Како што се наведува, засега нема извештаи за жртви и материјална штета во овие земјотреси.

Медиумите потсетуваат дека Турција се бореше со силни шумски пожари претходните денови, а се шпекулира дека биле подметнати.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија2 часа

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија3 часа

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија4 часа

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија6 часа

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет6 часа

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа7 часа

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија7 часа

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија8 часа

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија17 часа

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија17 часа

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Македонија17 часа

Десетина луѓе во Кочани побарале лекарска помош

Кочанчани очајно се борат со огнената стихија, која проголта куќи и други објекти. Според информациите, десетина граѓани побарале помош, откако...

Македонија19 часа

15 пожарникари и 3 возила од Скопје ќе помагаат во гаснењето на пожарот во Кочани

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов вели дека во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и...

Македонија20 часа

(Видео) Пожар се шири во Кочани, жителите во паника бараат помош

Огромен пожар се шири во кочанско Белско маало и местото викано Драчевник. Зафатени се шуми, но и бандери. Жителите бараат...

Спорт22 часа

Полска ѝ даде азил на белоруската атлетичарка

Драматичниот случај на белоруската атлетичарка Кристина Циманускаја најверојатно е пред решение откако Полска и понуди хуманитарна виза, односно и одобри...

Македонија1 ден

Во Македонија 54 нови случаи на коронавирус, почина едно лице

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 54 нови случаи на коронавирус, а едно лице почина, соопшти Министерството за...

Топ1 ден

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино

Товарен воз удри во мигрант кај Неготино. Според информациите на полицијата, мигрантот со тешки повреди е пренесен во болница. Несреќата...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот

Да престанеме да се биеме в гради за тоа кој е поголем патриот заради партиските интереси и заради повеќе гласови...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Илинден обедини генерации Македонци за слобода

Илинден обедини генерации Македонци за слобода, испраќам апел за обединување против Заев и рушење на најлошата власт до сега, рече...

Свет1 ден

(Видео) Туристи во Бодрум со чамци бегаат од пожарите, Ердоган призна дека земјата нема канадери

На југот на Турција, како и на други места во Средоземното Море, со денови беснеат огромни пожари. По петдневните пожари...

Досие