Контакт

Свет

Берни Сандерс: Трамп предизвикува орвелски кошмар и бесконечна војна на Блискиот Исток

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс во понеделникот во интервју за „Интерсепт“ изјави дека стравува оти политиката на Блискиот Исток на претседателот Доналд Трамп ќе предизвика орвелски кошмар и бесконечна војна на Блискиот Исток, пренесува „Брејтбарт“.

Прашан за мислење за одлуката на Трамп да се откаже од иранскиот нуклеарен договор, Сандерс рече:

„Многу се плашам дека сега има голема поддршка за целите на Саудиска Арабија во регионот. Се плашам дека ќе бидеме вовлечени во војна меѓу сунити, шиити, Саудиска Арабија и Иран, која би можела да биде бесконечно долга. Мислам дека ќе гледаме орвелски кошмар со бескрајна војна“.

На прашањето за селењето на американската амбасада во Ерусалим, што поттикна сериозни  насилства на границата во Појасот Газа, Сандерс рече:

„Тоа се ужасни дејства. Она што САД треба да прават – а секако администрацијата на Трамп го прави токму спротивното – наместо да му аплаудираат на Израел за неговите постапки, треба да го осудат. Израел има право на безбедност, но не со пукање во невооружени демонстранти. Очигледно е дека Трамп игра крајно непродуктивна улога во секоја смисла“.

 

Свет

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Објавено пред

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од пописот на жртвите може да се види дека најмладата имала само 3 години, а возраста на другите се движи до 77 години.

Над 120 луѓе, вклучително и полицијата, воени патолози и форензичари, беа вклучени во процесот на идентификацијата.

Телата на првите жртви се предадени на семејствата, а првиот погреб беше одржан вчера. Секоја ден веќе се погребуваат жртвите во Крајстчерч.

Семејствата изразија незадоволство поради долгото чекање на телата на своите најблиски бидејќи исламот наложува погреб најдоцна за 24 часа од смртта.

Се обновува џамијата, која е оштетена од куршумите. Премиерката Жакинда Аредерн најави дека утрешната молитва за жртвите ќе биде емитувана во живо и дека ќе се одржи двеминутно молчење.

Вооружени полицајци ги чуваат џамиите Ал Нор и Линвуд. Тие ќе бидат утре отворени, а најголем број верници се очекуваат во џамијата Ал Нор каде што имало и најмногу жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Нов Зеланд забранува полуавтоматско оружје

Објавено пред

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, во четвртокот рече дека полуавтоматските и јуришните пушки ќе бидат забранети во согласност со новиот закон за оружје, по неодамнешното убиство на 50 лица во најголемата пукотница во земјата.

Ардерн рече дека очекува новите закони да стапат на сила од 11 април.

Австралискиот екстремист Брентон Тарант минатиот петок во две џамии во Крајстчерч уби 50 муслимански верници, и рани повеќе од 50 лица.

По нападот Ардерн вети дека ќе ги промени законите за оружје со цел итно да се ограничи пристапот до огнено оружје, особено полуавтоматско оружје како што е пушката АР-15, што ја користел убиецот.

Нов Зеланд е земја со само пет милиони луѓе, а се проценува дека има 1,5 милион парчиња оружје во земјата.

Според податоците објавени од страна на медиумите, во 2017 година повеќе од 99 проценти од барањата за издавање дозволи за поседување огнено оружје беа позитивно решени.

Од 43.509 барања за издавање дозволи, беа одбиени само 188 барања, покажуваат податоците.

Прикажи повеќе...

Европа

Јункер: Брегзит мора да се случи пред изборите за ЕП

Објавено пред

Велика Британија би требало да ја напушти Европската Унија до почетокот на изборите за Европскиот парламент на 23 мај, оцени претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Британската премиерка, Тереза Меј, со писмо од ЕУ побара поместување на рокот за брегзит од 29 март на 30 јуни.

Според неименуван висок извор од ЕК, Јункер во телефонски разговор ѝ рекол на Меј дека „брегзит мора да биде завршен пред 23 мај“.

Сите 27 членки на Унијата денеска на самит во Брисел ќе одлучуваат за продолжување на рокот за брегзит.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

(Видео) Караџовски на распит во Обвинителството за покачените плати на Судскиот совет

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој е повикан на распит...

Свет38 минути

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од...

Македонија2 часа

„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“

34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска...

Европа14 часа

Туск: Можно е кратко одложување на датумот за брегзит, но под еден услов

Лидерите на Европската Унија се спремни да дозволат кратко одложување на датумот за излегување на Велика Британија од Унијата доколку...

Регион16 часа

Караџиќ: Ова нема врска со правдата

Ова нема врска со правдата, е првата реакција на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој денеска во Хаг...

Регион17 часа

Брамерц: Караџиќ направил ужасни злосторства и уништил цела држава

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави...

Македонија18 часа

(Видео) Невладините до власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Претставници на граѓанските организации за лица со попреченост и хендикеп го изнесоа револтот од законот за социјална заштита, кој, според...

Македонија19 часа

АВМУ: Вработувањата се итни и неодложни и се во согласност со Изборниот законик

Агенцијата за медиуми потврди дека ангажирала двајца правници по распишувањето на изборите, но тврди дека вработувањата се во согласност со...

Македонија19 часа

Почина 19-годишната девојка, жртва од автобуската несреќа кај Ласкарци

Почина 19-годишната девојка на која ѝ беше ампутирана ногата по автобуската несреќа што се случи на 13 февруари кај селото...

Свет19 часа

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница

Апелациониот суд на ОН му ја зголеми казната на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на доживотен затвор поради,...

Македонија20 часа

(Видео) Пренџов: Јакимовски не е осомничен за криминал и корупција, туку затоа што премногу работел

Љупчо Пренџов од ГРОМ изјави дека претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, на кој вчера му беше одреден куќен притвор од...

Македонија20 часа

(Bидео) Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој...

Македонија20 часа

(Видео) Џамтоски: Заев вети мораториум за градење и забранет пристап до Али-пашината џамија

Жолта лента за забранет пристап до Али-пашината џамија и мораторум за градење, им ветил премиерот Зоран Заев на претставниците од...

Топ21 час

(Видео) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Два предмета од првите 18 кои антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на...

Македонија23 часа

Досие „Маѓар телеком“: 7,5 милиони евра за „пријателите од Тетово“ и за страната „А“

Поранешниот министер за транспорт и врски од ДУИ, Џемали Мехази, еден час одговараше на прашања на обвинителката Лиле Стефанова, во...

Свет1 ден

Премиерката на Нов Зеланд повика на глобална антирасистичка борба

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, повика на глобална борба против расистичката идеологија на десното крило, по минатонеделните напади на...

Македонија1 ден

Хазби Лика со најмногу вработени роднини во државните служби

Функционерите ги пријавуваат во антикорупциската комисија роднините кои се вработени во државните служби, како и своите блиски кои имаат свои...

Регион1 ден

Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) ќе ја изрече денеска, по три години...

Македонија1 ден

Се запали автомобил во движење кај старата железничка станица

Автомобил од марката „ситроен“ се запали сред улица во близина на старата железничка станица во Скопје. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат...

Европа1 ден

Татко и син се првите погребани жртви по масакрот во Крајстчерч

Таткото и синот Калед Мустафа (44) и Хамза (16) денеска беа погребани како први жртви во терористичкиот напад во Крајстчерч....

Досие