Контакт

Свет

Бил Гејтс: Најсмртоносното животно во светот не отиде на одмор за време на пандемијата

Објавено пред

Основачот на „Мајкрософт“ и филантроп, Бил Гејтс, на својот блог „Гејтс ноутс“ објави нова видеопорака, во која наведува дека пандемијата на коронавирусот е потсетник на причините поради кои човештвото мора да ја елиминира маларијата, смртоносна болест што ја пренесуваат комарците.

„Комарците не практикуваат физичка дистанца. Тие не носат маски. Како што Ковид-19 се шири во светот, важно е да се потсети дека најсмртоносното животно во светот не отиде на одмор за време на оваа пандемија“, напиша Гејтс на својот блог.

„Комарците ги касаат луѓето секоја ноќ и инфицираат милиони луѓе со маларија. Тоа е болсет што убива едно дете на секоја минута секој ден. Многу од тие смртни случаи се случуваат во најсиромашните земји во светот, кои имаат најслаби здравствени системи, а сега се соочуваат со дополнителен товар за спречување на ширењето на коронавирусот. Во многу од тие земји врвот на бројот на случаи на Ковид-19 се очекува во најлош можен период, односно токму на врвот на сезоната на трансимисијата на маларија“, предупредува Гејтс.

Тој додава дека за време на еболата во 2014 година во Западна Африка, ендемските болести, како маларијата, туберкулозата и сидата, донеле многу повеќе смртност од самата ебола бидејќи, како што вели Гејтс, епидемијата на болеста ги срушила локалните здравствени системи. Лекарите сега стравуваат дека тоа би можело да се случи и со Ковид-19, посочува основачот на „Мајкрософт“.

„Карантинот и мерките за физичко дистанцирање веќе ја отежнаа работата на здравствените работници што работат на превенција и лекување на маларијата во многу делови на Африка. Исто така, има нарушувања во синџирите на снабдување со основните алатки за борба против маларијата – кревети со мрежи против комарци, антималарични лекови и брзи дијагностички тестови, кои се клучни за намалување на смртноста од маларија за 50 % од 2000 година“, предупредува Гејтс додавајќи дека, според процените на Светската здравствена организација, смртноста од маларија може да се врати на ниво што не сме го виделе 20 години.

„Напредокот што светот го постигна во борбата против маларијата е една од најголемите приказни за здравствените успеси. Пандемијата на Ковид-19 само потврдува зошто борбата против маларијата е толку важна. Сè додека постои маларија, таа ќе се врати и ќе ги оптоварува најранливите заедници“, заклучува Гејтс.

Регион

Нови 83 случаи на коронавирус во Србија, едно лице почина

Објавено пред

Во последните 24 часа, потврдени се уште 83 случаи на инфекција со коронавирус меѓу 595 тестирани примероци во Србија, а едно лице починало како резултат на инфекцијата, соопшти Кризниот штаб.

Во болницата има 323 пациенти, од кои 23 се на апарати за дишење. Од почетокот на епидемијата на 6 март, тестирани се вкупно 1.069.626 примероци и регистрирани се 32.840 заразени.

Според официјалните податоци, 740 пациенти починале како резултат на инфекција со Ковид-19, а стапката на смртност е 2,25 проценти.

Поради епидемиолошката состојба во околните земји и зголемениот ризик од ширење на коронавирусот, од петок во 18 часот во Србија се на сила засилените мерки за надзор на повратниците од Црна Гора, БиХ, Хрватска и Албанија. Обврска е на сите повратници да се пријават на електронскиот систем или личен лекар, со цел да реагираат побрзо во случај на појава на симптоми и да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата.

„Од почетокот на примената на таа мерка до саботата наутро, се пријавија околу 4.500 лица“, изјави членот на Кризниот штаб, Предраг Кон.

Прикажи повеќе...

Регион

Tригодишно дете заразено со коронавирус во Словенија

Објавено пред

Во последните 24 часа биле регистрирани 114 нови случаи на коронавирус во Словенија, а биле тестирани 3.070 лица.

Повеќето од новозаразените се на возраст од 35 до 44 години, а вирусот е потврден и кај едно дете на возраст под четири години.

Едно лице почина, а 141 од почетокот на епидемијата, објави владата, пренесува СТА.

Прикажи повеќе...

Регион

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Објавено пред

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата бaраат да се покрене процесот на промена на Уставот, така што сите семејства да бидат еднакви во сите права и обврски, како и истополовите семејства да бидат вклучени во дефиницијата за брак.

Меѓу учесниците има неколку политичари, вклучително и вицепремиерот од редовите на Независна демократска српска партија (СДСС), Борис Милошевиќ, пратеникот Домагој Хајдуковиќ, Катарина Пеовиќ од Работничкиот фронт и Сандра Бенчиќ од платформата Можеме, пренесува хрватски „Индекс“.

Поворката, за прв пат, започна од плоштадот пред највисоките владини институции, седиштето на Владата, Собранието и Уставниот суд.Учесниците носат транспаренти, барајќи уставно загарантирана еднаквост на сите семејства.

„Љубовта не познава пол“, „Без поделба на розово и сино“, „Различни луѓе имаат еднакви права“, „Уставното ограничување од 2013 година е неприродно“- се дел од натписите што ги носат учесниците, заедно со традиционалните знамиња со бои на виножито.

Овогодинешниот слоган на Парадата на гордоста е „Слобода внатре и надвор од четирите sида“, а собирот, како што е најавено, ќе го обезбеди полицијата.

Организаторите рекоа дека поворката ќе се одржи со целосно почитување на епидемиолошките мерки и постојано ги предупредуваа насобраните да се држат на дистанца.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион54 минути

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија1 час

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион1 час

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт2 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија2 часа

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ2 часа

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија4 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет5 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија7 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија7 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет8 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија8 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет9 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ9 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт9 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион22 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет23 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија1 ден

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ1 ден

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија1 ден

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Досие