Свет
Бил Гејтс со нов придонес во поделбата на вакцините за сиромашните земји

Новa кампања за масовно собирање финансиски средства има цел да инспирира 50 милиони луѓе во светот да направат мали донации за потребите на механизмот „Ковакс“ за еднаква дистрибуција на вакцините против коронавирусот, објави агенцијата АП.
Наречена „Оди дади една“ (Go give one), кампањата ја почна Фондацијата на Светската здравствена организација (СЗО), како и корпоративни, верски и светски лидери.
Првите средства беа обезбедени од Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.
Кампањата се очекува да донесе 3 милијарди долари за програмата „Ковакс“, неопходна за вакцинирање на најмалку 30 проценти од луѓето во 92 земји со ниски примања во текот на следната година.
Таа поддршка ќе дојде од донатори што придонесуваат во кампањата, како и договори за поделба на трошоците.
Пред тоа, 6,3 милијарди долари дадени за „Ковакс“ дојдоа првенствено од владите на многубројни земји, како и од СЗО, УНИЦЕФ и Коалицијата за борба против епидемиите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Терористички напад во Ерусалим, најмалку седум мртви

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад вечерва во населбата Неве Јаков во Ерусалим, додека уште 10 се повредени.
– Видовме жена и четворица мажи како лежат на патот. Тие се здобиле со прострелни рани и немале знаци на живот. Моравме веднаш да ја потврдиме нивната смрт – изјавил доктор Фади Декидек за „Џерусалим пост“.
Престрелката во еврејската населба Неве Јаков уследи по смртоносниот напад на израелската армија во четвртокот на Западниот Брег во кој загинаа девет Палестинци, а десетина подоцна беа убиени северно од Ерусалим, пренесува АП.
BREAKING: Terror attack in the #Jerusalem neighborhood of #NeveYaakov.
Terrorist entered crowded Synagogue during Friday evening Services & opened fire.
7 people killed, many injured.
Horrible! May the injured have complete recoveries. pic.twitter.com/7VHWhxA5Tr
— Daniel Kraus (@rabbidkraus) January 27, 2023
По пукањето вечерва, итната служба на Маген Дејвид Адом објави дека 10 лица побарале лекарска помош, од кои некои се во критична состојба.
This is the vehicle and weapon of the terrorist responsible for tonight's terror attack in #Jerusalem. Terrorist was shot by security forces while attempting to escape. pic.twitter.com/CdZi6wk6dT
— StandWithUs (@StandWithUs) January 27, 2023
Израелската полиција соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен, а на местото на настанот имало голема полиција,пренесе Блиц.рс.
Свет
Северна Кореја ги критикува САД за нивната одлука да испратат тенкови во Украина

Северна Кореја денеска ги критикуваше САД за нивната одлука да испратат борбени тенкови Абрамс во Украина, велејќи дека планот само ја ескалирал ситуацијата во војната во Украина.
Помладата сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и висок функционер на владејачката партија Ким Јо Јонг вели дека Вашингтон „продолжува да ја преминува црвената линија“ и со овој потег ја открива својата конфронтација со Русија, пренесе агенцијата Кјодо,пренесе Танјуг.
Свет
Гутереш: Социјалните мрежи се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека социјалните мрежи и оние кои се рекламираат на нив се соучесници во ширењето на екстремизмот и расизмот.
„Водени од профитот, тие го вратија екстремизмот од маргините во мејнстримот. Со користење на алгоритми кои ја засилуваат омразата за да ги задржат корисниците залепени на нивните екрани, платформите на социјалните медиуми стануваат соучесници во ширењето на насилството, како и огласувачите кои го субвенционираат овој бизнис модел“, рече Гутереш за време на говорот по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.
Гутереш долго време изразува загриженост за моќта на социјалните медиуми и повика на подобра регулатива за да се разјасни одговорноста и да се подобри транспарентноста,пренесе Танјуг.