Контакт

Европа

Би-би-си: Ердоган го фрлил писмото од Трамп во канта за ѓубре

Објавено пред

Писмото на американскиот претседател, Доналд Трамп, до турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, заврши во канта за ѓубре, пренесува Би-би-си повикувајќи се на неименувани извори од турското претседателство.

„Претседателот Ердоган го прими писмото, целосно ја отфрли неговата содржина и го фрли во канта за ѓубре“, потврдиле изворите.

Во писмото, датирано од 9 октомври, испратено по повлекувањето на американските сили од Сирија, Трамп му порачал на Ердоган да не биде опасен и луд тип.

Всушност, на денот кога почна турската офанзива во североисточна Сирија, Трамп го предупредил Ердоган дека ако ситуацијата во Сирија не се реши хумано, во историјата ќе остане запаметен како ѓавол.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ердоган: Вирусот на исламофобијата ја претвора Европа во затвор на отворено за муслиманите

Објавено пред

Светот воопшто и, пред се, Европа, страдаат од вирусот на исламофобија, посочи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Спутник“.

„ Вирусот на исламофобија, кој е опасен како коронавирусот, се шири брзо, особено во европските земји“, рече Ердоган во говор неделава, а неговите изјави беа цитирани од локалните медиуми.

Ердоган додаде дека муслиманите, вклучително и милиони Турци, се во опасност од злосторства од омраза во актуелсните услови.

„ Европа, каде што денес живеат 35 милиони муслимани, вклучително и 6 милиони Турци, се повеќе се претвора во затвор на отворено за нашите браќа и сестри“, тврди Ердоган, без да разјасни што сакал да каже.

Тој посочи дека актуелната безбедносна состојба е многу мрачна за муслиманите и дека во Европа постои сериозна закана за нивната безбедност. Турскиот претседател продолжи да ги напаѓа западните влади за нивно наводно непочитување на верските вредности на муслиманите под превезот на слободата на изразување.

Ероган го истакна неодамнешниот притисок на Франција за нов закон за екстремизам насочен кон зајакнување на републичканските вредности како секуларизмот, слободата, еднаквоста и братството во земјата. Според новиот закон, заедниците ќе бидат обврзани да потпишат повелба според овие национални принципи и да се соочат со ограничувања во износот на пари што нивните организации можат да ги добијат од странство.

Минатата година Ердоган исто така предупреди дека Европа  си го подготвува сопствениот крај со своите напади против муслиманите, посочувајќи на полициска рација во џамија во Германија поради сомневање за финансирање тероризам. Турскиот претседател во тоа време предупреди дека ако Европа не се ослободи од исламофобијата, тоа ќе ја сруши цела Европа однатре.

Истражувањето на „Пју“ од 2016 година покажа дека 25,7 милиони муслимани ја нарекуваат Европа дом и процени дека муслиманите би претставувале до 14 отсто од населението на континентот до 2050 година ако продолжат сегашните трендови на прилив на мигранти и демографски промени.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц го закачи израелското знаме на покривот од својата канцеларија во Виена

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, го подигна израелското знаме на покривот на зградата каде што се наоѓаат неговите канцеларии во Виена во знак на солидарност со Израел во време на борби меѓу израелската армија и палестинските милитанти.

Така Курц застана на страната на Израел во конфликтот што трае од понеделникот.

„Терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда. Стоиме заедно со Израел“, напиша Курц на „Твитер“.

Судирите меѓу Израелците и Хамас на улиците на источен Ерусалим траат веќе неколку дена. Сè почна за време на прославата на постот за рамазан и молитвите што муслиманските верници ги извршија во џамијата „Ал-Акса“. Потоа беа нападнати од десничарски еврејски групи, а потоа израелската полиција интервенира во целиот конфликт, што резултира со стотици ранети и уапсени Палестинци. Имало повреди и од израелска страна.

Израелските одбранбени сили распоредија дополнителни копнени трупи на границата последниве денови пред потенцијален упад, но сè уште не е донесена одлука за продолжување на таквата акција.

Вооружениот конфликт во Појасот Газа влезе во петтиот ден, а бројот на мртви и ранети расте и нема индиции дека ситуацијата ќе почне да се смирува.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија се палат израелски знамиња, претседателот вели: Омразата кон Евреите нема да биде толерирана

Објавено пред

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, остро ги осуди антиизраелските протести во земјата во последните неколку дена, на кои беа извикувани антисемитски пароли и беа запалени израелски знамиња, што ги натера властите да почнат истрага.

„Омразата кон Евреите, без оглед од кого доаѓа, нема да биде толерирана во нашата земја“, рече Франк-Валтер Штајнмаер во написот за дневниот весник „Билд“.

Тој објасни дека германскиот устав гарантира слобода на изразување и право на протест, но дека овие права не смее да бидат злоупотребени.

„Кој ќе запали знамиња со Давидовата ѕвезда на нашите улици и извикува антисемитски пароли не само што ја злоупотребува слободата на протестирање во Германија туку прави и злосторства што мора да бидат гонети“, рече Штајнмаер.

Во Гелзенкирхен и Хановер во средата вечерта избувнаа насилни протести, на кои беа извикувани антисемитски пароли и беа запалени израелски знамиња, а полицијата во последен момент спречи напади врз локалните синагоги.

Демонстрантите носеа знамиња на Турција, Палестина и на Тунис.

Полицијата во петокот соопшти дека ги идентификувала водачите на ненајавените протести и дека е поведена истрага.

Претставници на еврејските заедници во Германија повикаа на подобра заштита, а израелскиот амбасадор во Германија, Џереми Исахароф, побара од германските власти да гарантираат за безбедноста на еврејските објекти.

„Со ова ги замолувам германските власти да направат сè за да се постигне безбедноста на еврејските заедници во Германија“, изјави Исахароф за јавниот сервис АРД.

Претседателката на еврејската заедница во Гелзенкирхен, Џудит Наувалд-Тасбах, изјави за весникот Ди Велт“ дека членовите на заедницата се длабоко вознемирени и живеат во страв.

„Како ќерка на родители што го преживеале холокаустот, не можам да верувам дека вакво нешто повторно е можно“, рече Наувалд-Тасбах.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Се исфрла мајонезот од исхраната во градинките, по труењето на децата во кумановската градинка

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе направи целосна ревизија на нормативите и стандардите за исхрана и оброци...

Македонија2 часа

Починатата 33 – годишна пациентка имала четири операции, а не една како што било заведено во отпусното писмо

Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност...

Свет3 часа

Русија официјално ги прогласи Чешка и САД за непријателски земји

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“. Како што беше објавено на официјалниот портал за...

Свет4 часа

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо...

Македонија7 часа

16 починати и 30 нови случаи на Ковид-19 од 1.658 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.658 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на...

Македонија8 часа

Грчките гранични служби го отворија преминот Евзони за македонските граѓани

Од 13 часот е почнато да се пропуштаат возила кон Грција на граничниот премин Евзони. По застојот што настана изутринава...

Македонија9 часа

Пендаровски не го потпиша указот за легализација на бесправно изградените објекти

Претседателот Стево Пендаровски го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише...

Македонија9 часа

Филипче: Помладите ќе почекаат за вакцинација

Пријавените за вакцина преку vakcinacija.mk најдоцна до понеделник ќе добијат термини за вакцинација, рече денес министерот за здравство, Венко Филипче....

Европа12 часа

Германски виролог предупредува на опасност од четврти бран на вирусот

Германскиот виролог Хендрик Штрек очекува дека ситуацијата во врска со коронавирусот сигурно ќе се влоши наесен и дека е можен...

Свет13 часа

Борел: Европската Унија не е способна да го запре Израел

Жосеп Борел, високиот комесар на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, изјави дека Европската Унија не е во состојба да...

Свет14 часа

Во Индија повеќе од 24 милиони заразени од коронавирус, индискиот сој се шири во целиот свет

Бројот на пријавени случаи на Ковид-19 во Индија се искачи на повеќе од 24 милиони лица, а индискиот сој на...

Свет15 часа

Се разгорува воениот конфликт на Блискиот Исток, стотици мртви и ранети

Израелската армија ги засили нападите врз Газа, а од Газа веќе петти ден по ред и натаму се лансираат ракети...

Македонија1 ден

Варвициотис: Не поддржуваме раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утрово во Атина го започна своето учество на 6-от Економски...

Македонија1 ден

Пендаровски: Во регионот сè уште има премногу историја што не држи на задните седишта во Европа

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на виртуелната конференција „Пред иднината – Подготовки за НАТО 2030“ во организација на Атлантскиот...

Свет2 дена

Нова опасност во Индија, смртоносната „Црна Габа“ се појави кај заразените со коронавирус

Се поголем број пациенти во Индија кои се наоѓаат во тешка здравствена состојба поради коронавирусот, добиваат ретка инфекција, т.н. „Црна...

Македонија2 дена

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се...

Македонија2 дена

Од полноќ стапува на сила скратен полициски час

Од полноќ стапува на сила скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Олабавување на рестриктивните мерки ќе...

Свет2 дена

(Видео) Состојбата на Блискиот Исток се разгорува, Израел ја разгледува можноста за копнен напад на Газа

Дури и по полноќ, конфликтот меѓу израелските и палестинските сили не стивна. Проектили летаа од двете страни со несмален интензитет....

Свет2 дена

Нетанјаху: Ова е само почеток!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека се ликвидирани неколку команданти на Хамас и се закани со досега невиден напад на...

Регион2 дена

Европратеникот Џамбаски до Србија: Омразата кон Бугарите нема да ве однесе во ЕУ

Бугарскиот член на Европскиот парламент од партијата ВМРО БНД, Ангел Џамбаски ја предупреди Србија дека пристапувањето во ЕУ е можно...

Досие