Свет
Болсонарo го касна ној, бразилскиот претседател ја криеше болката под маска

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро беше повреден откако беше каснат од нандуи, американски ној, додека се обидувал да го нахрани.
Болсонаро, кој заболе од коронавирус, сакал да го прекрати времето шетајќи со маска околу својата претседателска палата.
13 07 2020 O presidente Jair Bolsonaro é bicado por uma ema enquanto alimentava os animais, no Palácio da Alvorada, durante seu isolamento após ser diagnosticado com Covid 19 pic.twitter.com/kkaG0SUzuf
— Gabriela Biló (@gabrielabilo1) July 14, 2020
Патем тој се обидел да ги нахрани животните што ги има на имотот, но неговото дружење со големата птица не поминало добро.
Додека тој се обидувал да го нахрани, нојот го каснал поради што Болсонаро отскокнал, а потоа ја мрдал раката со болен израз на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пронајдени телата на уште девет рудари во рудникот во Кина

Бројот на жртви на несреќата во кинескиот рудник се зголеми на 10, бидејќи беа пронајдени мртви уште девет рудари, додека две недели по експлозијата, еден рудар сè уште се води како исчезнат, а 11 од нив се спасени, објави државната агенција „Ксинхуа“.
Во експлозија на 10 јануари во рудник за злато во провинцијата Шангдонг, на истокот од Кина, 22 рудари останаа заробени неколку стотици метри под земја.
Оттогаш, 10 рудари се пронајдени мртви, 11 беа спасени, а еден рудар сè уште се води како исчезнат, прецизира „Ксинхуа“.
Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекале повеќе од 24 часа за да ја пријават несреќата, чија причина сè уште не е соопштена.
Зголемениот надзор ја подобри безбедноста во рударската индустрија во Кина, откако гинеа 5.000 луѓе годишно. Сепак, несреќите продолжуваат да се случуваат, па минатата година во две несреќи загинаа 39 рудари.
Регион
Унгарската полиција спречи повеќе од 600 мигранти да влезат од Србија

Од петок до недела унгарската полиција уапси или пронајде 613 мигранти во обид илегално да ја преминат српско-унгарската граница, објави унгарското МВР.
Минатиот викенд полициските и воените патроли пронајдоа 240 лица на територијата на соседната земја кои не можеа да го докажат легалниот престој во Унгарија.
Според унгарскиот закон, сите илегалци биле спроведени до оградата на унгарско-српската граница.
Во изминатите три дена полицијата и војниците спречиле 373 мигранти илегално да преминат на унгарска територија, да прескокнат или да ја пробијат оградата на границата.
Поднесена е кривична пријава против 11 лица за трговија со луѓе, соопшти унгарската полиција.
Регион
Грција и Турција почнаа преговори за истражување на гас во Егејско Море

Турција и Грција денеска во Истанбул почнаа разговори за решавање на спорот околу истражувањето на нафта и гас во Источен Медитеран по повеќемесечна дипломатска криза, изјави за агенцијата „Франс прес“ висок турски официјален претставник.
Тој прецизира дека грчката дипломатска делегација ја примил вториот човек на турската дипломатија, Седат Онал.
Преговорите меѓу Турција и Грција беа прекинати во 2016 година поради растечките тензии.
Турските мисии за истражување на гас во грчките води во последните месеци доведоа до дипломатска криза во односите меѓу двете земји од 1996 година, кога тие беа на работ на војна.
Иако Атина изрази оптимизам и надеж, а Анкара ја поздрави позитивната атмосфера, не се очекува голем напредок од овие разговори.
Двете земји не успеаја да се договорат за списокот на теми, што е знак, како што пишува „Франс прес“, дека разговорите може да се претворат во разговор на глуви.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот