Контакт

Свет

Бомбаш самоубиец се разнесе јужно од Кабул

Објавено пред

Бомбаш самоубиец активира бомба во близина на висококатници во авганистанскиот град Гардез, јужно од Кабул, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Спутник“.

„Бомбаш самоубиец се разнесе во близина на висококатниците во градот Гардез кога беше идентификуван и стана цел на полицијата. Никој друг не беше повреден во експлозијата. Бомбашот загина“, посочи Нусрат Рахими во соопштението за печатот.

Хекмат Нијази, локален известувач, изјави за „Спутник“ дека напаѓачот одел во правец на градската болница „Пактија“, но бил забележан и запрен на магистралниот пат.

Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.

Експлозијата се случува еден ден откако авганистанската влада соопшти дека талибанците почнале напад во провинцијата Баглан, која се наоѓа недалеку од Кабул.

Свет

Индија ѝ исплати аванс на Русија за С-400

Објавено пред

Индија ѝ исплати 800 милиони долари на Русија за антиракетниот систем С-400. Директорот на „Росток“, Сергеј Чемезов потврди дека Индија извршила уплата.

Тој рекол дека во тек се преговорите и дека точките од договорот ќе бидат исполнети до 2025 година.

Договорот за испорака на рускиот ракетен систем С-400 е потпишан минатата година на маргините на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија.

Индија е редовен купувач на вооружување од Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Објавено пред

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат од универзитетскиот кампус. Десетици демонстранти се обидоа да избегаат од кампусот по ноќта полна со насилство во полуавтономната кинеска територија, откако беа блокирани поголемите патишта, еден мост беше запален и еден полицаец беше погоден со стрела. 38 лица се повредени, соопшти Градскиот здравствен оддел.

Ројтерс цитираше сведоци дека некои демонстранти имале изгореници од хемикалии од водените топови, испукани од полицијата. Како што објави локалниот РТК, многу луѓе биле уапсени во близина на Универзитетот додека активисти запреле сообраќај во блиската трговска област „Натан Роуд“ и ги принудиле сопствениците да ги затворат трговските центри и продавници.

AP

Полицијата ги повика сите барикадирани студенти на Политехничкиот универзитет да го предадат оружјето и другите опасни предмети, да ги отстранат гасните маски и да го напуштат кампусот мирно.

Полицијата вчера ги опколи демонстрантите во обид да ги спречи да го напуштат големиот универзитетски комплекс и да ги ослободат околните улици по дводневна блокада.Стотици демонстранти во текот на целиот ден се бореа со полициските водени топови и оклопните возила низ целиот Политехнички универзитет.

Еден полицаец во Хонг Конг беше застрелан во неделата кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.

AP

Фотографиите, објавени на полициската страница на Фејсбук, покажуваат дека стрела удрила во полицискиот службеник во долниот дел на ногата, а полицијата соопшти дека е пренесен во болница. Политехничкиот универзитет во Хонг Конг е еден од бројните универзитетски кампуси, кои во последните неколку недели се користеа како место за собирање на демонстрантите. Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“, што значи дека на насилниците им се заканува казна затвор до 10 години.Се проценува дека на кампусот се забарикадирани околу 800 демонстранти.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ излезе од болница, се чувствува подобро

Објавено пред

Здравствената состојба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е стабилна и тој е пуштен дома, по неколкудневното лекување на Воено медицинската академија (ВМА), јавува РТС.

Вучиќ претходно најави дека денеска ќе се врати на работните обврски. Тој во болница беше примен поради проблеми со срцето. Министерот за здравство, Златибор Лончар вчера изјави дека српскиот претседател има хронични, помали проблеми со срцето, но дека во петокот неговата здравствена состојба се влошила кога решил да се обрати до лекарите и дека по приемот на ВМА е проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

Ноќ на насилство во Хонг Конг: големи судири меѓу демонстрантите и полицијата

Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец и гумени куршуми за да приведе стотици антивладини демонстранти кои се обидоа да излезат...

Свет1 час

(Видео) Пукање во Калифорнија – застрелани десет лица додека гледале фудбал

Во масовно пукање на забава во Калифорнија се застрелани десет лица, од кои четворица починале. Пукањето се случило околу 18...

Економија2 часа

Првпат во историјата, глобалниот долг надминува 250 милијарди долари

Комбинираните долгови на националните влади, претпријатија и домаќинства на глобално ниво се зголемиле за 7,5 милијарди долари во текот на...

Македонија3 часа

Приватните специјализанти на протест, бараат повисоки плати

Кофинансираните приватни специјализанти најавија протест за денеска пред Министерството за здравство за да побараат повисока плата и поради тоа што...

Екологија13 часа

Џиновска панда од Вашингтон ќе патува за Кина со приватен лет

Беи Беи, џиновската панда во Националната зоолошка градина Смитсонијан во Вашингтон неделава патува за Кина – и тоа со приватен...

Свет13 часа

Трамп: Бајден е поспан и бавен, но е подобар од бесно куче

„Џо Бајден е нешто подобар од бесно куче“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп критикувајќи го неговиот политички ривал. Трамп на...

Европа15 часа

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра

Штетите од поплавите во Венеција изнесуваат околу една милијарда евра.Ова го изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро откако плоштадот Свети Марко во...

Свет16 часа

Папата организираше ручек за 1 500 бездомници

Папата Франциско организираше ручек за 1 500 бездомници и лица во неволја. Римокатоличката црква денеска го одбележува денот на сиромашните, а...

Македонија19 часа

Франција е за влез на Балканот во ЕУ, но со нова постапка во седум етапи

Земјите од Западен Балкан треба да влезат во Европската унија, но преку нов, постепен процес на пристапување во седум фази,...

Свет20 часа

Русија ѝ ги враќа запленетите воени бродови на Украина

Русија започна да ги враќа украинските воени бродови запленети на 25. ноември минатата година во Керчкиот проток, соопштија руските власти....

Свет20 часа

(Видео) Бојно поле на улиците на Хонгконг, полицаец погоден со стрела

Полицаец од Хонгконг денеска бил погоден со стрела в нога, отакако полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои...

Македонија21 час

Во републичка акција, за една вечер казнети 203 возачи под дејство на алкохол

За откривање на возачи под дејство на алкохол, полициските сектори од цела држава, спровеле акција која траела синоќа од 22...

Регион23 часа

Српскиот министер за здравство: Животот на Вучиќ беше во опасност

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за „Танјуг“ нагласи дека претседателот на државата, Александар Вучиќ, имал хронични,...

Европа23 часа

Британскиот принц Ендрју негира дека злоупотребувал малолетничка на имот на осуден педофил

Британскиот принц Ендрју првпат во интервју за Би-би-си, одговори на прашања за наводната поврзаност со осудениот педофил Џефри Епстајн, при...

Македонија24 часа

Десет лица приведени при контроли во седум скопски локали

Викендов, во периодот од 23 до 04 часот наутро од страна на скопската полиција, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен...

Европа2 дена

Годишнина од протестите на Жолтите елеци, во Париз приведени 105 лица

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите кои се собраа во Париз на одбележувањето...

Економија2 дена

Бил Гејтс повторно е најбогат човек во светот

Oсновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс во петокот го надмина директорот на „Амазон“, Џеф Безос, на списокот на најбогати луѓе во...

Европа2 дена

Градоначалникот на Венеција: Ова што се случува кај нас, ќе се случи во целиот свет

Жителите и властите во Венеција се борат со обилни дождови и поплави поради што во градот е прогласена и вонредна...

Топ2 дена

160 животи згаснуваат годишно во сообраќајни несреќи во земјава

17 ноември е светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, на милионите лица кој изминатите години трагично го...

Топ2 дена

Четворица работници повредени во „Макстил“, еден од нив е хоспитализиран

Четворица работници се повредиле на работно место во „Макстил“, од кои едниот со тешки повреди е хоспитализиран. Како што информираат...

Досие