Свет
Бондарев: Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир

Распоредувањето руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди траен мир во регионот, рече шефот на Комитетот за одбрана и безбедност при Советот на Руската Федерација, Виктор Бондарев, во интервју за ТАСС.
„Присуството на руски мировници во Нагорно-Карабах ќе обезбеди мир во регионот на долг рок. Не е првпат Русија да игра клучна улога во решавањето на конфликтите меѓу нашите најблиски соседи. Ние длабоко ги почитуваме двете завојувани страни и им посакуваме среќа и просперитет, кои се невозможни за време на војна“, рече тој.
Според Бондарев, трилатералниот договор постигнат меѓу Русија, Ерменија и Азербејџан стави крај на братоубиствената војна во Нагорно-Карабах и овозможи да се спречи поголемо крвопролевање.
„Азербејџан се согласи на целосен прекин на огнот и распоредување руски мировници на линијата за контакт меѓу азербејџанските и ерменските трупи. Ерменија, од своја страна, направи големи отстапки по должина на безбедносниот појас за да ги спаси животите на жителите на Нагоро -Карабах и за одржување контрола над поголемиот дел од територијата “, нагласи Бондарев.
„Сите имаат корист од крајот на војната во Нагорно-Карабах. Се надеваме дека тоа ќе биде пресвртна точка во текот на долгорочниот ќорсокак и дека ќе го отвори патот за траен мир во регионот. Уверен сум дека руските мировници ќе ги исполнат своите задачи со чест и достоинство“, додаде сенаторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Српскиот учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ, ги негира обвиненијата за силување

Српскиот режисер, сценарист и учител по глума, Мирослав Мика Алексиќ, беше сослушан денес пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.
Обвинителството по сослушувањето му предложи на судот да му одреди притвор на Алексиќ.
Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.
Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.
На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.
Свет
(Видео) Навални од судница ги повика Русите да излезат на улица

Рускиот суд му одреди притвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални до 15 февруари, кој, пак, ги повика Русите да излезат на улица и да протестираат против владата.
— Alexey Navalny (@navalny) January 18, 2021
„На Алексеј Навални му е одреден притвор во траење од 30 дена, до 15 февруари“, објави неговиот адвокат Вадим Кобзев на Твитер.
Веднаш по таа одлука беше објавено видео во кое лидерот на опозицијата од судницата ги повикува Русите да ја преместат борбата на опозицијата на улица.
„Овие разбојници (на власт), тоа добро го знаете, најмногу се плашат од луѓето што излегуваат на улица (…), затоа не плашете се, излезете на улица, не за мене, туку за вашата иднина“, рече тој во видеото снимено во судницата и објавено на социјалните мрежи.
Неговиот најблизок соработник Леонид Волков веднаш објави на Твитер дека екипите на Навални „почнуваат да се подготвуваат за големи протести низ целата земја на 23 јануари“.
Судската одлука следува еден ден по апсењето на Навални по пристигнувањето во Москва.
Свет
Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.
View this post on Instagram
Снимката, направена од воениот дописник Лук Могелсон, покажува упад на стотици десничари во Капитол меѓу кои и т.н. водач на групата Џејк Анџелио (33), познат и како „човекот со рогови“.
На самиот почеток на видеото се гледа како Џејк влегува во Сенатот и поздравува група луѓе, во присуство на полицијата.
Потоа тој влегува во конгресната сала и претура по масата на потпретседателот Мајк Пенс.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира