Контакт

Европа

Борел: Координирајте ги надворешните политики на Западен Балкан и ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, на работната вечера во Брисел за лидерите од Западен Балкан повтори дека е важно да се координира заедничката надворешна и безбедносна политика како централен елемент на европскиот пат.

dobivaj vesti na viber

Лидерите од Западен Балкан ја потврдија својата стратешка определба за европска интеграција и поддршка за регионалната соработка, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Фокусот на работната вечера наводно бил на глобалното и на регионалното влијание на незаконската и неиспровоцирана војна на Русија против Украина и нејзиниот народ и на тоа како ЕУ и партнерите од Западен Балкан може заедно да се справат со штетните ефекти на оваа војна врз цените на храната.

„Високиот претставник Борел ја поздрави целосната поддршка на партнерите од Западен Балкан во Генералното собрание на Обединетите нации за резолуциите за руската агресија врз Украина. Високиот претставник ги информира лидерите за одговорот на ЕУ за поддршка на Украина, вклучително и рестриктивните мерки на ЕУ насочени кон ограничување на способноста на Кремљ да финансира војна. Тој ја повтори важноста од усогласување на заедничката надворешна и безбедносна политика како централен елемент на европскиот пат“, се вели во соопштението на ЕЕАС.

ЕУ додаде дека на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ на 13 мај во Брисел ќе се одржи состанок за ситуацијата во регионот и неформална размена на мислења со министрите за надворешни работи од Западен Балкан, пренесуваат светските агенции.

Европа

Кисинџер: „Ако наскоро не дојде до мир, на Европа и се заканува уште поголема војна“

Објавено пред

Поранешниот американски државен секретар и претседателски советник за национална безбедност Хенри Кисинџер на Светскиот економски форум во Давос го повторил предупредувањето издадено пред неколку дена од српскиот претседател Александар Вучиќ – дека ако наскоро не се постигне мир, на Европа и се заканува уште поголема војна, пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Кисинџер разговарал со нејзиниот основач и извршен директор Клаус Шваб (84) на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос и кажал дека моменталното расположение во светот сугерира дека поразот на Русија ќе биде фатален за Западот, бидејќи ќе доведе до реорганизација на Европа и до хиерархии на моќ.

Кисинџер рекол и дека војната во Украина не треба да трае долго и дека Западот треба да ја притисне Украина да ги прифати условите од прекинот на огнот, кои не се во согласност со нејзините сегашни цели и ситуацијата на теренот, пренесуваат медиумите во регионот.

„Преговорите мора да почнат во текот на следните два месеци, бидејќи во спротивно ќе се создадат тензии кои нема така лесно да се надминат. Идеално, линијата на поделба треба да биде враќање на претходната состојба на работите. Инсистирањето на продолжување на војната по тие два месеци нема да доведе до слобода на Украина, туку до нова војна против самата Русија“, изјавил Кисинџер.

Поранешниот американски државен секретар додал дека Русија е дел од Европа веќе 400 години и дека во клучните моменти гарантира дека ќе се одржи рамнотежата на силите на Стариот континент.

„Европските лидери не треба да заборават на долгорочните односи и не треба да ризикуваат до степен Русија и Кина да станат постојани сојузници“ изјавил политичарот.

„Се надевам дека Украинците ќе го помират своето херојство со мудроста“, кажал Кисинџер и порачал дека Украина треба да биде неутрална тампон зона, а не погранична земја.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски рече дека единствениот руски функционер со кој тој ќе разговара е Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Тој рече дека средбата со Путин ќе има само една цел, а тоа е да се стави крај на војната.

„Без него не се носат одлуки. И ние мора да бидеме јасно свесни за тоа. И ако зборуваме за конкретна одлука за завршување на војната, тогаш оваа одлука нема да биде донесена без него“, посочил Зеленски, според светските агенции.

Изјавил дека Украинците немаат голема желба да се сретнат со посредници.

„Не прифаќам никакви средби со никого од Русија, освен со претседателот на таа земја. И само ако има едно прашање на маса, она за завршување на војната. Тоа е тоа. Нема што друго да се зборува“, рекол Зеленски.

Во своето обраќање на Светскиот економски форум, претседателот на Украина повикал на максимални санкции против руската нафта, банките и ИТ секторот и апелирал да не се тргува со Русија. Исто така, Зеленски ги повикал меѓународните компании да инвестираат во Украина, а не во Русија.

Прикажи повеќе...

Европа

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и Јапонија, и ја истакна важноста на алијансата во контекст на руската инвазија на Украина.

dobivaj vesti na viber

„Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја“, рече Бајден.

„Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина предизвика хуманитарна катастрофа. Невини цивили се убиваат на улиците, а милиони луѓе се принудени да ги напуштат своите домови. Тоа не е само прашање на Европа, туку и на целиот свет“, рече тој.

Бајден предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин во Украина се обидува да ја згасне целата култура“и изјави дека руските сили ги гаѓаат украинските училишта, цркви и музеи, пренесуваат медиумите.

Соединетите Американски Држави, рече Бајден, ќе продолжат да работат со партнерите и да го предводат глобалниот одговор на руската инвазија.

Американскиот претседател повтори дека верува оти ова е момент на трансформација“за целиот свет, односно прашањето дали ќе надвладеат демократии или автократии.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа31 минута

Зеленски: Единствениот руски функционер со кој би разговарал е Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера се обрати на Светскиот економски форум во Давос. Во своето обраќање преку видео врска, Зеленски...

Европа36 минути

Бајден: Ова е мрачен момент во нашата заедничка историја

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа имаше воведен говор на самитот во Јапонија, на кој присуствуваа лидерите на Индија, Австралија и...

Македонија1 час

СПЦ и МПЦ со нова заедничка литургија денеска во Скопје

Архиепископот Стефан и патријархот Порфириј, денеска ќе одржат нова заедничка литургија во Соборниот храм, по повод 24 Мај – денот...

Македонија13 часа

(Видео) Ковачевски: Не можам да кажам дека има напредок со Бугарија во однос на заемно прифатлив документ

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на  постигнување на заедно прифатив документ со...

Македонија13 часа

Петков по средбата со Ковачевски: Си ветивме дека конструктивниот дијалог ќе продолжи

Најважно за двете влади е да имаат конструктивен дијалог и тој да продолжи. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков...

Свет14 часа

Италија развила план за мир во Украина, Москва го разгледува

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо. Првата цел е...

Македонија18 часа

Регистрирани 151 новoзаразен од коронавирус во последните три дена, нема починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена, од 20.5...

Топ19 часа

Кривична пријава за наставник од Струмица, кој на ученичка ѝ праќал пораки и ја допирал

Приведен наставник од Струмица за полов напад врз дете што не наполнило 14 години. Според информациите, 40-годишниот наставник ја допирал...

Европа20 часа

Зеленски во Давос: Ова е моментот кога се одлучува дали брутална сила ќе владее со светот

Украина се спротивстави на нападите подолго од очекуваното, но не би била принудена да ја преживува оваа војна со толку...

Економија20 часа

Нови цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните...

Македонија20 часа

Ангел Димитров: Проблемот е што македонските историчари се трудат да не прифатат заедничка историја

Бугарија не треба да дозволи притисок. Бугарската страна мора да покаже доверба во својот став, во своите аргументи и без...

Европа23 часа

Белгија е првата земја што воведе карантин поради мајмунските сипаници

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против мајмунските сипаници бидејќи 14 земји сега потврдуваат појава на вирусна...

Европа24 часа

Светскиот економски форум во Давос: Ќе се разговара за последиците од војната во Украина

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе...

Свет24 часа

Претставниците на АПЕК: Русија веднаш да ја прекине војната во Украина

Претставниците на седум земји, вклучително и оние што го напуштија состанокот на министрите за економија на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК),...

Свет1 ден

Бајден: Подготвени сме да употребиме сила за одбрана на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе биде подготвен да употреби сила за да го одбрани Тајван. Тој рече дека...

Европа1 ден

Русија: Планираме да изградиме и распоредиме 50-ина нови ракети „Сармат“

Русија планира да изгради и распореди 50-ина нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади до крајот на есента,...

Европа1 ден

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата,...

Европа1 ден

Борел: Ги исцрпивме воените резерви поради војната во Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во неделата изјави дека војната во Украина тектонски го...

Свет1 ден

Генералниот директор на СЗО: Пандемијата на коронавирус сигурно не е завршена

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус денеска изјави дека пандемијата на коронавирусот сигурно не е завршена и...

Македонија2 дена

Ковачевски ќе ja предводи владината делегација во Ватикан и Рим, најавена е и средба со Петков

Премиерот Димитар Ковачевски придружуван од ќерката Тамара Ковачевска на 23 и 24 мај ќе предводи делегација на Република Северна Македонија...