Европа
Борел: Русија демократските вредности ги гледа како закана, можни се санкции

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изрази загриженост поради одбивањето на руските власти да воспостават поконструктивен дијалог со ЕУ и ги повика европските лидери да преземат понатамошни чекори, вклучително и можност за санкции.
„Руските власти не сакаа да ја искористат можноста за поконструктивен дијалог. Ова е жално и затоа треба да преземеме понатамошни чекори. Земјите членки ќе одлучат за понатамошните мерки и да, тие може да вклучуваат и санкции“, напиша Борел на „Твитер“ по враќањето од Русија каде што престојуваше од 4 до 7 февруари.
Предвидено е министрите за надворешни работи на ЕУ да се состанат на 22 февруари за да одлучат што понатаму по посетата на Борел на Русија и разговорите со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, при што Кремљ го одби барањето на европските лидери за ослободување на лидерот на опозицијата Алексеј Навални од притвор и протера тројца европски дипломати од Русија.
Одлуката за воведување санкции мора да се донесе едногласно по предлог на земја членка. Борел не може да предложи ништо. Тој може да даде само препорака, што го направи во извештајот за својата посета.
„Се вратив во Брисел многу загрижен за иднината на руското општество и руските геостратешки одлуки. Мојата средба со министерот Лавров и пораките испратени од руските власти по повод таа посета потврдија дека Европа и Русија се оддалечуваат. Се чини дека Русија постепено се оддалечува од Европа и гледа на демократските вредности како на егзистенцијална закана“, нагласи Борел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.
„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.
Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.
Шпанија веќе ги советуваше луѓето што немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.
Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиона граѓани од приоритетните групи, како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиона добиле две дози.
Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Европа
Oсновачите на „Бионтек“ ќе бидат одликувани со највисок орден во Германија

Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и лансираше вакцина против коронавирус на пазарот.
Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот на Германија, шефот на германската држава, Франк Валтер Штајнмаер, на 19 март ќе го предаде „Крстот за заслуги со ѕвезда“ на брачната двојка научници Oзлем Туречи и Угур Шахин.
Тоа ќе му биде прво лично врачување на ордени на Штајмер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер