Контакт

Европа

Борис Џонсон најави построги мерки: „Ситуацијата ќе се влоши“

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ги повика Британците да останат дома и најави построги мерки за борбата против коронавирусот.

„За мене е важно да бидам искрен со вас – знаеме дека работите ќе се влошат пред да се подобрат“, напиша Џонсон во писмото објавено од Даунинг стрит.

Писмото ќе добијат 30 милиони домаќинства оваа недела.

„Ги презедовме правилните подготовки и колку повеќе ги следиме правилата, толку помалку животи ќе изгубиме и толку побрзо ќе се вратат нашите животи во нормала“, истакна Џонсон.

Престојот дома и строгите правила за социјална далечина мора да се следат, предупреди Џонсон, кој самиот е заразен со коронавирус.

„Во ова време на национална криза, ве повикувам и ве молам да останете во вашите домови, да ја заштитите Националната здравствена служба (NHS) и да спасите животи“, додаде тој.

 

Европа

Во пукање во Лондон повредени четири лица, меѓу нив и дете

Објавено пред

Четири лица, меѓу кои и едно дете, биле застрелани во средата доцна навечер во северен Лондон, пренесува „Ројтерс“. Полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Сите четворица повредени се однесени во болница, а за настанот сè уште никој не е уапсен. Во тој дел од Лондон моментно на сила е одлука според која полицијата може да запре и да пребарува луѓе.

Полицијата ги повика сведоците на настанот да пријават детали кај дополнителните патроли ангажирани во таа област.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Британија околу 10.000 повеќе починати од коронавирус од пријавеното?

Објавено пред

Бројот на починати од коронавирус во Велика Британија денеска надмина 50.000, според официјалните податоци до кои дојде „Ројтерс“.

Новите податоци од Шкотска покажуваат дека бројот на починати се зголемил на 50.059 во моменти кога британскиот премиер Борис Џонсон се обиде да ги ублажи рестриктивните мерки, наведува агенцијата.

Податоците на британската агенција за починати се состои од податоци од некролозите во кои се споменува Ковид-19 како причина за смртта во Англија, Велс и Северна Ирска до 22 мај и во Шкотска до 31 мај.

За разлика од податоците кои владата дневно ги соопштува, некролозите во кои се споменува Ковид-19 вклучуваат сомнителни случаи. Податоците на „Ројтерс“ вклучуваат и починати во англиските болници по 23 мај и во Велс и во Северна Ирска.

Прикажи повеќе...

Европа

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни

Објавено пред

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 28 јуни, изјави претседателката на долниот дом на парламентот, Елзбиета Витек, поставувајќи нов датум за избори кои првично беа закажани за 10 мај, но беа одложени поради пандемијата на коронавирус.

„Многу би сакала конечно да можеме да избереме шеф на државата. Тоа е прашање на полската државност“, рече Витек во телевизискиот говор, најавувајќи го новиот датум за избори.

Изборите првично беа закажани за 10 мај, но беа откажани четири дена порано, бидејќи конзервативната влада не успеа да се согласи со опозицијата за начинот на нивното одржување, со оглед на епидемијата на коронавирус и сомнежите за нивната легитимност.

Новиот датум поставен од Витек се совпаѓа со оној што го застапуваше водачот на нејзината партија „Право и правда“  (ПиС), Јарослав Качински.

Некои аналитичари сметаат дека ПиС сакал да ги организира изборите што е можно поскоро за да се гарантира новиот мандат на сегашниот претседател Анджеј Дуда, кој е нивен кандидат.

Популарноста на Дуда се намалува со текот на времето бидејќи кризата предизвикана од пандемијата започнува да ја ослабува полската економија.

Дел од анкетите предвидуваат негов пораз во вториот круг од либералниот кандидат, актуелниот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет28 минути

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет48 минути

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет1 час

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија2 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија12 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија13 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија14 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ17 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија18 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија19 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија21 час

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија21 час

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет1 ден

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа1 ден

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет1 ден

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа1 ден

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион2 дена

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет2 дена

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет2 дена

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Досие