Контакт

Европа

Борис Џонсон се заканува дека нема да плати за брегзит

Објавено пред

Борис Џонсон изјави дека доколку стане следниот премиер на Велика Британија, нема да плати ги 40-те милијарди евра на коишто Тереза ​​Мај се согласи за напуштање на Европската Унија, освен ако Брисел не понуди подобри услови за брегзит.

Во интервју за весникот „Сандеј тајмс“, Џонсон рече дека средствата ќе бидат задржани додека Британија не добие поголема јасност.

Неговите коментари наводно предизвикале остри реакции во Франција. Според „Ројтерс“, извор близок до францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека ако Велика Британија не успеала да ја плати „сметката“ за брегзит, тоа би било еднакво на неисплаќање на државниот долг.

Во исто време, ривалот на Џонсон, Мајкл Гов, рече дека е подготвен да побара продолжување на крајниот рок од 31 октомври за Британија да ја напушти Европската Унија.

„Сметам дека треба да заминеме пред 31 октомври, но ако ни требаат неколку дополнителни денови или недели за да излеземе од Европската Унија, тоа е мора да се направи“.

Министерот за внатрешни работи, Сајид Џавид, уште еден од единаесетте кандидати за наследување на Меј рече дека е подготвен и за брегзит без договор, само за да не се пропушти крајниот рок, но само во краен случај.

„Ќе сторам сé што е во наша моќ да излеземе на 31 октомври, а тоа за мене, секако, значи дека сакам договор“, рече тој. „Ќе сторам сé што можам за да склучам договор, но ако морам да изберам помеѓу никаков договор и ненапуштање на унијата, би избрал брегзит без договор“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Објавено пред

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен материјал за третман на пациенти со коронавирус.

Според агенцијата „Хина“, ова е прва ваква пресуда во Шпанија, една од државите најпогодени од епидемијата.

Во Шпанија, над 50.000 здравствени работници се заразија со вирусот во последните три месеци.

Во пресудата на судот се наведува дека владата на Арагон ги загрозила здравјето и животот на здравствените работници и наредено е управата да ги опреми сите јавни и приватни здравствени установи со потребната опрема.

Пресудата, во која не се споменува компензација или други казни за одговорните, беше донесена откако синдикатот поднесе тужба.

Владата на Арагон на судењето тврдеше дека владата во Мадрид е одговорна за недостиг на заштитна опрема, но судијата беше на мислење дека одговорноста е на автономните власти на покраината.

Прикажи повеќе...

Европа

Германија во сојуз со три земји ќе се бори за вакцини против коронавирусот

Објавено пред

Германија и уште три земји членки на ЕУ градат нова алијанса која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирусот, откако тие ќе бидат достапни.

Целта е да се осигура дека тие се фер дистрибуирани низ целиот свет, објави весникот „Ханделсблат“.

Весникот го цитира германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмо до Европската комисија велат дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои треба да се занимава Европската Унија, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Затоа, оваа група на земји се ангажира да постигне најбрз и најдобар можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да спречат можност ЕУ да ја згуби трката за вакцината со САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да бидат првите што ќе добијат пристап и контакт со пронаоѓачите на вакцина, во замена за милијарди долари вложени во фармацевтските компании, се следат со сомнеж во Европа, додава „Ханделсблат“.

Соединетите Држави обезбедија речиси третина од првите милијарда дози на експериментална вакцина за Ковид-19 од Астра Зенека, ветувајќи и до 1,2 милијарди долари.

Прикажи повеќе...

Европа

Кина сака да ја засили соработката со Германија и Европска Унија

Објавено пред

„Кина е подготвена да соработува со Германија и Европска Унија за зајакнување на соработката, зачувување на мултилатерализмот и исполнување на глобалниот предизвик“, рече кинескиот претседател Шји Џјинпинг во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Кинескиот претседател, исто така, истакна дека е подготвен да ги зајакне односите со Германија и Европската Унија со цел да внесе безбедност во сегашниот свет на несигурност.

Кси истакнал дека Кина ќе остане отворена за странски инвестиции и дека ќе создаде поволна атмосфера за германските претприемачи, пренесува „Ксинхуа“.

Како дел од овие намери, делегација германски претприемачи ја посетија Кина и покрај ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирус, а новата економска посета започна во Шангај.

Портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт, изјави по телефонскиот разговор помеѓу Ангела Меркел и Шји Џјинпинг дека е договорено откажување на планираниот самит ЕУ-Кина, што требаше да се одржи во септември во Лајпциг.

„Со оглед на општата состојба во врска со пандемијата, самитот не е можен во планираното време, но тој ќе се одржи подоцна“, рече Зајберт.

Како што понатаму е соопштено, Ангела Меркел изјави дека Германија е подготвена да ги зајакне врските со Кина, додавајќи дека меѓународната солидарност и мултилатерализам се клучни во глобалната борба против пандемијата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија2 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија2 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија3 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија4 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија4 часа

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија6 часа

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет7 часа

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ8 часа

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа9 часа

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Свет10 часа

(Видео) Илјадници луѓе на комеморацијата за убиениот Џорџ Флојд

Илјадници луѓе присуствуваа на комеморацијата за Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен за време на полициско апсење во Минеаполис. Меѓу...

Регион21 час

Семејна трагедија во Дубровник: ја застрелал мајка си во главата, а болниот татко во градите

Десетици полицајци го блокираа хрватскиот град Дубровник при обид да го лоцираат 37-годишниот маж, кој ја застрелал мајка си во...

Регион23 часа

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на...

Македонија24 часа

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ1 ден

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија1 ден

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија1 ден

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија1 ден

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион1 ден

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија1 ден

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Досие