Европа
Брегзит без договор ќе погоди 100 000 работни места во Германија

Излегувањето на Британија од ЕУ без договор би влијаел на повеќе од 100 000 работни места во Германија, која зависи од трговијата со Британија. Најтешко погодена би била автомобилската индустрија, наведуваат економистите.
Од Институтот за економски истражувања IWH соопштија дека направиле проценки врз основа на претпоставки што би се случило кога увозот на ЕУ во Велика Британија би паднал за 25 отсто поради недостиг на трговски аранжман. Најмногу работни места би биле загрозени во Волфсбург во северна Германија, каде што се наоѓа седиштето на Фолксваген и областа Динголфинг – Ланадаѕ, каде што БМВ има производствени погони.
Ако Британија би излегла од ЕУ без трговски договор, тоа би значело увозна царина од 10 отсто на возилата и автоделовите.
Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полицијата во Марсеј застрела маж што избол четири лица на улица

Француската полиција застрела маж во центарот на Марсеј кога тој пробол четири лица на прометна улица во градот. Нападот, според првичните информации, не се поврзува со тероризам.
#BREAKING knife attack in #Marseille – At least 4 people have been injured. The attacker has been shot by the police pic.twitter.com/cPyAsC8mGZ
— Amichai Stein (@AmichaiStein1) February 19, 2019
Напаѓачот се обидел со пиштол да пука кон полицијата, но бил смртно застрелан.
Човекот ранил двајца во трамвај и две лица на улица, од кои еден има сериозни повреди.
Нападот од нож се случил во попладневните часови на прометна улица во центарот на пристанишниот град, втор по големина во Франција.
A man that attempted to stab multiple people in Marseille has been shot by the police #Marseille #France pic.twitter.com/cOPzFfCFKY
— CNW (@ConflictsW) February 19, 2019
Полицијата соопшти дека отвориле оган врз напаѓачот кога им се заканувал со оружје.
Причината за нападот не е позната.
Европа
Британија најави нова флота во регионот на Арктикот

Во наредната декада армијата на Велика Британија ќе ангажира поголем број војници на Арктикот со цел да ги одврати руските закани, соопшти секретарот за безбедност на Британија, Гевин Вилијамсон.
Според Вилијамсон, новата флота авиони „П8 посејдон“ ќе лета преку Арктикот со цел да спречува активности од страна на руските подморници.
„Без оглед на тоа дали ќе ги зајакнуваме нашите способности на температури под нулата, ќе учиме од нашиот долгогодишен сојузник Норвешка или, пак, ќе надгледуваме активности на подморниците, во секој случај држиме будно око за новите предизвици“, изјави Вилијамсон.
Вилијамсон вели дека активностите на Русија со подморници се зголемиле за десетпати во последните неколку години и дека во 2017 Кралската воена морнарица морала да пресече дури 33 руски бродови кои се приближувале кон водената територија на Британија.
Европа
Премиерот на Полска го откажа патувањето во Израел поради коментари за антисемитизам

Премиерот на Полска во понеделникот објави дека тој нема да биде дел од средбата со Израел поради коментарот на новиот министер за надворешни работи на Израел, кој изјавил дека Полјаците „цицаат антисемитизам со мајчиното млеко“.
Премиерот Матеуш Моравиецки го откажа патувањето во Израел каде што тој требаше да присуствува на мултилатерална средба со лидерите на Република Чешка, Унгарија и Словачка, кои се дел од Вишеградската група.
Моравиецки ги отфрли коментарите на Јизраел Катц, кои ги оцени како нетолерантни и расистички, по што додаде и дека ниеден претставник на Полска нема да присуствува на настанот.
Катц изјави дека: „Многу Полјаци соработувале со нацистите и зеле учество во уништувањето на Евреите за време на холокаустот“.
Министерството за надворешни работи на Полска го свика на разговор амбасадорот на Израел во Варшава, откако израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, исто така изјави дека Полска била близок соработник со нацистите за време на Втората светска војна.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал