Контакт

Свет

Британија најави укинување на слободата на движење

Објавено пред

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата на движење. Ова претставува заострување на ставот во однос на претходната влада. Премиерот Борис Џонсон претходно рече дека Британија нема да биде непријателски настроена кон имиграцијата.

Поранешната премиерка Тереза Меј предвидуваше транзициски период, дури и во случај Велика Британија да излезе од ЕУ без договор, што на европските граѓани ќе им овозможеше да патуваат во Велика Британија за работа или студирање.

„Слободата на движење, таква како што денеска постои, ќе заврши на 31 октомври кога Велика Британија ќе ја напушти ЕУ. По брегзитот, Владата ќе воведе нов и поправеден имиграциски систем, во кој приоритет ќе бидат вештините и тоа како овие луѓе ќе може да ѝ придонесат на Велика Британија, а нема да биде важно местото од кое тие доаѓаат“, изјави портпаролката на Даунинг стрит.

Деталите за новите правила за слободно движење набргу ќе бидат познати, а ќе вклучуваат и построги проверки за евентуално криминално минато на оние што сакаат да влезат на островот.

The3million, здружение што ги претставува интересите на 3,6 милиони Европејци што престојуваат во Велика Британија, изрази незадоволство од новата одлука.

„Тоа е неодговорно и ги отвора вратите за дискриминација, генерално, напишаа тие на „Твитер“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Претседателските избори во Алжир на 12 декември

Објавено пред

Претседателските избори во Алжир ќе се одржат на 12 декември. Привремениот претседател на земјата Абделкадер Бенсалах, беше избран за привремен претседател на почетокот на април, откако Абделазиз Бутефлика поднесе оставка како резултат на масовни протести против неговото 20-годишно владеење.
Во првото обраќање кон нацијата Бенсалах вети дека ќе организира слободни избори.

Прикажи повеќе...

Свет

Претседателски избори во Тунис, води независниот кандидат Каис Сајед

Објавено пред

Според првичните неофицијални резултати, независниот кандидат Каис Сајед победи во првиот круг од претседателските избори во Тунис, додека на второто место се најде Набил Каруји, кој е во затвор.Премиерот Јусуф Чахед не е меѓу првите четворица кандидати според освоените гласови.

Според податоците кои ги објави „Сигма“,Сајед освоил 19,5 ,а Каруји 15,5, отсто од гласовите. На третото место е кандидатот на умерената исламска партија Енада, Абделфатех Муру, кој освоил 11 отсто од гласовите.Официјалните резултати се очекуваат утре.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Објавено пред

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска закана за регионалната безбедност.

,,Во време кога тензиите се високи, овој напад ги поткопува тековните напори за деескалација и дијалог”, се наведува во соопштението. ЕУ смета дека е важно да се утврдат фактите и одговорноста за тој „срамотен чин“.

Европската Унија го повторува повикот за максимална воздржаност и деескалација.Нападот на двете нафтени постројки во Саудијска Арабија влијаеше на глобалното снабдување со нафта и го преполови производството на нафта на Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет50 минути

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион12 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион13 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија15 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија19 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија21 час

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет21 час

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија22 часа

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа23 часа

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура1 ден

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Спорт2 дена

Победнички старт за Вардар во Лигата на шампионите

Европскиот првак Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Во Монпелје, дуелот на победниците во...

Европа2 дена

Околу 25.000 луѓе протестираа за еколошки транспорт на Саемот за автомобили во Франкфурт

Илјадници демонстранти се собраа денес, поради Саемот за автомобили во Франкфурт (IAA), истакнувајќи ги своите барања за зголемување на еколошкиот...

Топ2 дена

Во „порше“ кај Куманово пронајдени 16 мигранти

Шеснаесет мигранти од кои две деца биле пронајдени при полициска контрола на автопатот Куманово – премин Табановце, во раните утрински...

Македонија2 дена

(Видео) Собранието ја разреши Катица Јанева

Со 102 гласа ,,за”, и ниту еден глас ,,воздржан” и ,,против” пратениците денеска донесоа одлука за разрешување на специјалната јавна...

Македонија2 дена

Стотина пожарникари и волонтери ги гаснеа пожарите во Прилепско, зафатени се 400 хектари шума

Пожарите кои вчера избувнаа на територијата на општина Прилеп се ставени под контрола. Во нивното гаснење учествуваа Територијалната противпожарна единица...

Свет2 дена

(Видео) Дронови нападнале нафтени постројки во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари

Саудиска Арабија соопшти дека две големи нафтени постројки во земјата биле нападнати од дронови, што предизвикале пожари. Пожарите избувнаа во...

Спорт2 дена

УЕФА: Во преодниот рок се потрошени четири милијарди евра

Европските клубови во летниот преоден рок на трансфери потрошиле 3,98 милијарди евра, објави Европската фудбалска унија (УЕФА). УЕФА наведува дека...

Досие