Контакт

Свет

Британија подготвена да го криминализира Хезболах како трерористичка група

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство, Саџид Џавид, е подготвен цеосно да ја криминализира либанската терористичка група Хезболах, спонзорирана од Иран, изјави висок извор од британските конзервативци. Според извештајот во „Џуиш кроникл“, Џавид ќе преземе одлучна акција по маршот на Ал-Кудс минатиот викенд во Лондон, на кој еднаш беа развеани терористичките знамиња на Хезболах.

Хезболах е нелегална антисемитска организација, означена во целост како терористичка организација од страна на Арапската лига, Бахреин, Канада, Франција, Израел, Австралија, Холандија и од САД. Но, Европската Унија, како и Обединетото Кралство, прават разлика меѓу военото и политичкиото крило на групата барајќи да се криминализира само првото.

„Саџид е многу поинаква ѕверка од онаа што министерот за внатрешни работи тукушто ја замени. Амбер Руд постојано зборуваше за преземање акција против Хезболах, но од некоја причина не можеше да се обиде да направи нешто. Саџид вети дека ќе преземе одлучна акција за ова прашање“, изјави изворот од ториевците.

Според извештајот на „Џуиш кроникл“, пратеничката Џоан Рајан, претседател на лабуристичките пријатели на Израел, по митингот, му пишала на Џавид да му каже дека е вчудовидена што владата треба повторно да дозволи овој фестивал на омразата инспириран од Иран да се одржи на улиците на Лондон.

„Не успеав да разберам зошто Министерството за внатрешни работи не ги послуша повторените предупредувања од пратениците на лабуристите од градоначалникот на Лондон изминатата година. Денес побарав итна средба со министерот за внатрешни работи за да разговарам за ова прашање“, вели таа во писмото.

Повиците беа направени пред маршот на Ал-Кудс за владата да го забрани стандардниот настан на Хезболах, но реакцијата беше придушена. Командирот на метрополитенската полиција, Џејн Конерс, изјави дека и таа и комесарката Кресида Дик се загрижени оти подигнувањето на антиизраелското знаме на улиците на Лондон може да се толкува како чин на терористичка организација.

„Развевањето знаме не мора да поттикнува верска или расна омраза. Зборовите и постапките на лицето што го држи знамето може да ја поттикнат омразата“, вели таа.

Регион

Апсења во Албанија поради уништување на изборен материјал

Објавено пред

Албанската полиција уапси најмалку петмина приврзаници на опозицијата, поради наводно оштетување на гласачки кутии и документи, за да ги спречат локалните избори во земјата, пренесуваат албанските медиуми.

Полицијата исто така ги обвинила уапсените за физички напади на полицијата за време на судирите, додека ги напаѓале изборните канцеларии во градот Скадар.

Судирите меѓу приврзаниците на опозициските партии и полицијата продолжија и денеска и според информациите има и најмалку петмина цивили и полицајци повредени.

Опозицијата ги бојкотира локалните избори во земјата планирани за 30 јуни и се закани дека ќе ги блокира. Владата на Еди Рама и покрај одлуката на претседателот Илир Мета за одлагање на изборите, инсистира да се одржат изборите.

Прикажи повеќе...

Свет

Британец изработи пиштол со помош на 3Д принтер

Објавено пред

Британецот Тендај Мусвер е првиот осуден поради изработка на оружје со помош на 3Д принтер, кој може да испука смртоносен куршум, објави полицијата.

Деловите од оружјето биле откриени во рација во која се барала дрога во стан во централен Лондон, во октомври 2017 година.

Мусвер, кој ја признал вината пред лондонскиот суд, им рекол на истражителите дека испринтал 3Д пиштол во склоп со унивњерзитетски проект.

Но полицијата открила дека Мусвер на интернет гледал видео за тоа како да изработи оружје кое може да испука вистински куршуми.

Ова е прва пресуда во Британија која се однесува на производство на пиштол со помош на 3Д принтер.

Прикажи повеќе...

Европа

Почина најстарата Европejка на возраст од 116 години

Објавено пред

Италијанката Џузепина Робуки, која, според наводите на властите, беше најстарата личност во Европа и втора најстара во светот, почина денес на 116-годишна возраст.

Робуки живееше во населбата Поџо Империјале, на југот на Италија, место каде што и беше родена на 20 март 1903 година, пренесува италијанската агенција АНСА.

Роберт Јунг од Геронтолошката истражувачка група, чие седиште е во САД, рече дека Робуки е последната личност родена во Европа во 1903 година, објави АП.

Таа беше само два месеца помлада од најстарата личност во светот, Кане Танака од Јапонија, која е родена на 2 јануари 1903 година.

Робуки има пет деца, девет внуци и 16 правнуци. На листата со луѓе што живееле најдолго Робуки беше на 17. место.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ3 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет4 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет5 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија6 часа

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија6 часа

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ6 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет6 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет9 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет10 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија22 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет23 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ1 ден

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија1 ден

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа1 ден

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија1 ден

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија1 ден

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија1 ден

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Досие