Контакт

Европа

Британија прва во Европа ja надмина црнaта бројка од 150.000 починати од ковид

Објавено пред

Повеќе од 150.000 луѓе починале од Ковид-19 во Велика Британија, која стана првата земја во Европа што ја надмина оваа бројка, пренесува „Гардијан“.

Британија денеска стана седмата земја во светот која преминала 150.000 смртни случаи од ковид, по САД, Бразил, Индија, Русија, Мексико и Перу.

Британија ја достигна оваа бројка откако денеска беа регистрирани уште 313 смртни случаи, па од почетокот на пандемијата починале вкупно 150.057 пациенти.

Сепак, според „Гардијан“, податоците на Националната служба за статистика покажуваат дека во земјата имало 174.000 смртни случаи, каде што како причина за смртта бил наведен ковид.

Во претходните седум дена починале 1.271 пациент, што е зголемување за 38 отсто во однос на претходната недела.

Европа

Утре е петтиот обид за избор на нов претседател во Италија

Објавено пред

Италијанскиот парламент утре ппетти обид ќе се обиде да избере нов претседател.

Премиерот Марио Драги сѐ уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не се подготвени да го поддржат стравувајќи дека каква било промена во владата може да предизвика предвремени избори, објави „Ројтерс“.

Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, им рече на новинарите дека пред гласањето в петок, ќе им предложи на партиите на левиот центар неколку непартиски фигури што имаат углед и на домашно и на меѓународно ниво.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Словенија пристигна стелт омикрон – потврден првиот случај

Објавено пред

Словенија денеска го потврди првиот случај на подвидот омикрон на сојот БА.2, изјави шефот на националната лабораторија, Тјаша Жохар Кретник.

Таа рече дека сѐ уште не е јасно дали овој подвид е позаразен од оригиналот. Кретник соопшти дека БА.2 е откриен во Подравје, пренесе агенцијата СТА.

Таа додаде дека, според непотврдени податоци, постои можност на Институтот за микробиологија и имунологија во Љубљана да се откриени уште два случаја од подвидот БА.2.

BA.1 е првиот тип на омикрон што го замени делта-сојот за неколку недели и сега претставува, барем во Словенија, 95 % од новите инфекции.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидот омикрон во првите 10 дена од јануари наведувајќи дека BA.2 е откриен во уште 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што повеќето од овие омикрон-зарази се подвидови.

Подваријантата на омикрон, BA.2, го доби прекарот стелт омикрон.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанци очајни за сертификат: Итно барам некој да ме зарази, подготвен сум на сè

Објавено пред

И додека многу европски земји ги олеснуваат мерките, Италија од 1 февруари воведува нови. Токму поради тоа се случуваат и многу малверзации во однос на добивање зелена карта, која на луѓето им е потребна за нормално функционирање.

Во меѓувреме, сè почесто се организираат забави за време на коронавирусот со луѓе кои се позитивни на ковид, со цел да се заразат други и со тоа да се избегне вакцинација, т.е. добијте супер зелена пропусница заснована на лекување од ковид.

Италијанските медиуми јавуваат дека многу луѓе оставаат реклами на социјалната мрежа „Телеграм“, за да можат да се заразат со вирусот.

„Јас сум во околината на градот Агриџенто, итно барам лице кое е позитивно на ковид со паричен надомест“ или „ Живеам во Тоскана и сум позитивен“; „ Барам позитивна личност во Верона“; „ Барам некој да ме зарази, подготвен сум на сш, плаќам, кој било дел од Италија“ итн.

Многумина се подготвени да платат за да се заразат, бидејќи во последно време повеќето позитивни луѓе во Италија поминале со симптоми на блага настинка.

Дури и луѓето кои не одат на забави едноставно тропаат на вратата на позитивниот сосед за да пијат кафе со него со надеж дека ќе се заразат и тие со вирусот.

Тестовите за ковид можат да се направат во аптеките или на пунктови поставени од здравствениот систем. За да се регистрираат дека имаат позитивен тест Италијанците се справуваат на два начина:

Или знаат фармацевт кој е спремен да напише лажен резултат од тестот, или некој што е заразен доаѓа во аптеката со здравствена книшка на лице што сака да добие позитивен тест.

Имено, во аптеките, покрај здравствената книшка не се бара лична карта. Важно е лицето да е од ист пол и возраста да одговара на личноста од книшката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет10 часа

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија11 час

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ14 часа

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа14 часа

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија16 часа

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа17 часа

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Европа18 часа

Војник застрелал петмина стражари во фабрика за оружје во Украина

Војник на украинската национална гарда од засега непознати причини пукал во припадници на обезбедувањето во воена фабрика во Днепар, при...

Македонија1 ден

Наставата продолжува со физичко присуство на 1 февруари

Владата донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари. Оваа...

Македонија1 ден

Се намалува периодот на карантин на седум дена

Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство...

Македонија1 ден

Нови 2.019 случаи на коронавирус, починаа 19 лица

Во последните 24 часа направени се 6.119 теста, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 968, Битола...

Македонија1 ден

ЦУК апелира до граѓаните да не се движат под опасната карпа на Матка, се преземаат активности за превенција

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да не се движат на местото под опасната карпа на Матка, поточно...

Топ1 ден

(Видео) Разбиена криминална група, запленетa марихуана вредна 50.000 евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал денеска донело наредба за истрага против три лица за кои постои сомнение дека...

Македонија1 ден

Преку снимки од надзорните камери околу мостот Гоце Делчев ќе се расветлуваат причините за несреќата

Обвинител од скопското основно јавно обвинителство извршил увид и презема дејствија за утврдување на фактите за настаната тешка сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Пешак прегазен пред мостот Гоце Делчев

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска, нешто по 11 часот, во центарот на Скопје. Пешак бил прегазен во близина на...

Македонија2 дена

Мицевски: Бараме укинување на Пржинската влада

Дополнување на дневниот ред, со точка за предлог-закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка,...

Топ2 дена

Фатална сообраќајка во Лисиче – загина возач, а тешко повредена е неговата 15-годишна ќерка

Дежурен обвинител од скопското Основно јавно обвинителство извршил увид на местото на тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу...

Македонија2 дена

Лекарската комора бара промени на казнената регулатива на Фондот

Лекарската комора остро реагира на наплатата на изречените казни за матичните лекари од страна на Фондот за здравствено осигурување. Оттаму...

Свет2 дена

Италијанските болници одбиваат да лекуваат невакцинирани пациенти, новинари снимиле со скриена камера

Италијанските болници одбиваат да ги лекуваат и оперираат невакцинираните и оние кои не биле заразени. Откако минатата недела во емисијата...

Македонија2 дена

Загадениот воздух предизвикува над 30.000 предвремени смртни случаи во Западен Балкан

Загадувањето на воздухот во Западен Балкан предизвикува голем број предвремени смртни случаи, а последиците вклучуваат пократок животен век и влошување...

Досие