Контакт

Свет

Британка повикала полиција поради помен во градина на паб

Објавено пред

Британците веќе почнаа да се кодошат едни со други за прекршувања на правилото на шестмина од мерките за социјално дистанцирање поради Ковид-19, а една жена ги пријавила дури и луѓето собрани на помен во градина на паб, пренесува „Мирор“.

Министрите неделава ја повикаа јавноста да ги пријавува своите соседи ако се сомневаат дека се собираат во групи поголеми од шестмина. Секретарот за внатрешни работи, Прити Пател, дури рече и дека две семејства што се сретнале на улица и застанале за разговор постапуваат спротивно на законот.

Една Британка сметала дека е нејзина граѓанска должност да пријави ужалена група од 30-ина луѓе на помен во градината на еден паб во Вигстон, Лестершир. Полициските службеници во средата ненајавено ја посетиле „Старата круна“ откако двапати ѝ се јавиле на сопственичката Сју Хамфрис во пабот за да проверат дали луѓето од групата држат социјална дистанца.

Полицијата побарала дел од групата да биде преместена од задниот дел кон предниот дел на пабот, но сепак рекле дека не се прекршени правила.

„Бев загрижена поради она што го видов. Се чинеше дека има голема група луѓе што пијат надвор од пабот и изгледаа прилично блиску еден до друг. Почувствував дека мора да ја известам полицијата во случај да се кршат правилата. Чувствував дека е моја граѓанска должност да го пријавам ова и повторно ќе го сторам тоа“, изјави сосетката кодош.

Таа исто така призна дека направила видеоснимки од ужалените.

Во средата премиерот Борис Џонсон се обиде да го повлече тврдиот став за пријавување на соседите, но се чини дека некои веќе ја добиле оригиналната порака. Премиерот рече:

„Јас никогаш не сум бил многу за кодошката култура. Она што луѓето треба да го сторат ако се загрижени е да го споделат тоа со своите пријатели и соседи“.

Тој, сепак, им даде поддршка на луѓето што се јавуваат во полиција велејќи: „ако мислат дека постои сериозна закана за јавното здравје како резултат на активностите на нивниот сосед, тогаш е разумно да ги информираат властите“.

Регион

Пациент во БиХ преживеал клиничка смрт и по 93 дена го победил коронавирусот

Објавено пред

Педесетгодишниот Златко Анѓелиќ од Кисељак се опоравил од Ковид-19 по 93 дена минати во болница, од кои 27 бил приклучен на апарати за дишење, а преживеал и клиничка смрт, објави Федералната телевизија на БиХ, цитирајќи лекари дека станува збор за надминување на човечките граници во борбата против опасниот вирус.

Иако со тежок и несигурен чекор поради физичка слабост, 50-годишниот Анѓелиќ со насмевка на лицето ја напуштил болницата во Нова Била, придружуван од семејството.

Во изјава за Федералната телевизија (ФТВ), тој рекол дека погрешил затоа што во јуни многу доцна пријавил кај лекарите.

„За жал, мислам дека сите ќе мора да ја поминат короната, но мојот совет е да не чекате никого, ниту да слушате некого, туку веднаш уште при првиот симптом да се обратите кај лекар“. Тој ги повика луѓето да бидат одговорни, да се придржуваат до мерките и да го чуваат своето здравје.

Анѓелиќ поминал повеќе од три месеци во болници, неколку пати бил ставен и исклучуван од респиратор, а преживеал и клиничка смрт.

„Може да се каже дека Златко помести некои стандарди. Сите можни компликации што можеше да ги развие некој на респиратор беа присутни кај него“, рече шефот на анестезија во болницата во Нова Била, доктор Марко Андрошевиќ.

Прикажи повеќе...

Европа

Вирус меѓу музичарите во миланска „Скала“, затворени два театри

Објавено пред

Според весникот „Ил Фато Котидијано“, 21 музичар на познатиот милански театар „Ла Скала“ биле заразени со коронавирус, а инфекцијата се шири и меѓу уметниците на подеднакво познатиот неаполски театар „Сан Карло“, каде што 12 уметници биле позитивни на Ковид-19.

Двата театри се затворени, просториите се дезинфицирани, а претходно закажаните концерти се откажани.

Новите построги мерки на италијанската влада за спречување на ширењето на Ковид-19 влијаат на голем број уметници чии синдикати најавуваат протест низ Италија на 30 октомври.

Прикажи повеќе...

Европа

Санофи и ГСК ќе обезбедат 200 милиони дози од нивната вакцина, дел од нив се бесплатни

Објавено пред

Лабораториите Санофи и ГСК најавија дека ќе и стават на располагање 200 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 на меѓународната програма Ковакс, која ја покрена Светската здравствена организација (СЗО) и која треба да обезбеди глобален пристап до вакцините.

Француски Санофи и британски ГСК соопштија дека потпишале писмо со Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (ГАВИ), кој управува со програмата Ковакс.

Двете лаборатории, наводно, имаат намера да стават на располагање 200 милиони дози вакцина против Ковид-19, ако биде одобрена од регулаторните тела.

Санофи и ГСК заеднички развиваат потенцијална вакцина.

Клиничките испитувања врз луѓе започнаа во септември. Првите резултати од тестот се очекуваат на почетокот на декември 2020 година, додека третата клучна фаза од тестот е планирана пред крајот на годината.

Гави рече дека најавата на двете лаборатории е важен чекор, потсетувајќи дека целта е да се соберат две милијарди вакцини до крајот на 2021 година.

Според официјалните податоци, 184 земји се приклучија на меѓународниот систем за набавка и дистрибуција на вакцини – 92 земји со ниски и средни приходи ќе добиваат дози бесплатно, а 92 земји со високи приходи ќе ја поминат програмата „Ковакс“ во набавките, но ќе мора да ги платат дозите од сопствен џеб.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија1 час

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет1 час

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија2 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет3 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија4 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет5 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет5 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет5 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа5 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет16 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија16 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа18 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија19 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија20 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија20 часа

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт23 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Свет23 часа

Во Русија од утре маските се задолжителни во јавниот превоз, парковите и во лифтовите

Русија од утре воведува задолжително носење маски поради зголемувањето на бројот на случаи со коронавирус. Според уредбата објавена на веб-страницата...

Свет24 часа

(Видео) Муслиманскиот свет го претстави Макрон како сатанист

Францускиот претседател Емануел Макрон беше цел на демонстрантите во исламскиот свет по изјавата по повод објавувањето на карикатурата на пророкот...

Македонија24 часа

Позитивни на Ковид-19 биле 24 отсто од тестираните во текот на изминатата недела

Министерството за здравство информира дека во согласност со извештајот на Институтот за јавно здравје, кој се однесува на периодот од...

Досие