Контакт

Свет

Британската воена лабораторија: Немаме докази дека отровот е од Русија

Објавено пред

Британската воена лабораторија соопшти дека не успеала да утврди оти нервниот агенс употребен при труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал потекнува од Русија.

„Успеавме да идентификуваме дека се работи за новичок – нервен агенс од воен тип“, изјави Гери Ејткенхед, шефот на лабораторијата „Портон даун“.

Според неговите зборови, лабораториски не можело да го утврди потеклото на агенсот, а британските власти користеле други извори за да дојдат до заклучоците.

Британските власти сметаат дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои на 4 март беа пронајдени без свест во англискиот град Солзбери. По обвинувањата од страна на британските власти, голем број земји, меѓу кои и Македонија, протераа руски дипломати во знак на солидарност кон Велика Британија.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Циклонот Тревор ѝ се заканува на Австралија, наредена евакуација на 2 000 луѓе

Објавено пред

Австралиските власти евакуираат околу 2 000 луѓе во северниот дел на земјата поради циклонот Тревор, кој се очекува в сабота.

Евакуациите се вршат на источниот брег на северните територии, недалеку од градот Дарвин.

Австралиската метеоролошка служба соопшти дека се очекува дека циклонот Тревор ќе удри со брзина од околу 260 километри на час, со силни дождови и бура, објави АП.

Прикажи повеќе...

Свет

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Објавено пред

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од пописот на жртвите може да се види дека најмладата имала само 3 години, а возраста на другите се движи до 77 години.

Над 120 луѓе, вклучително и полицијата, воени патолози и форензичари, беа вклучени во процесот на идентификацијата.

Телата на првите жртви се предадени на семејствата, а првиот погреб беше одржан вчера. Секоја ден веќе се погребуваат жртвите во Крајстчерч.

Семејствата изразија незадоволство поради долгото чекање на телата на своите најблиски бидејќи исламот наложува погреб најдоцна за 24 часа од смртта.

Се обновува џамијата, која е оштетена од куршумите. Премиерката Жакинда Аредерн најави дека утрешната молитва за жртвите ќе биде емитувана во живо и дека ќе се одржи двеминутно молчење.

Вооружени полицајци ги чуваат џамиите Ал Нор и Линвуд. Тие ќе бидат утре отворени, а најголем број верници се очекуваат во џамијата Ал Нор каде што имало и најмногу жртви.

Прикажи повеќе...

Свет

Нов Зеланд забранува полуавтоматско оружје

Објавено пред

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, во четвртокот рече дека полуавтоматските и јуришните пушки ќе бидат забранети во согласност со новиот закон за оружје, по неодамнешното убиство на 50 лица во најголемата пукотница во земјата.

Ардерн рече дека очекува новите закони да стапат на сила од 11 април.

Австралискиот екстремист Брентон Тарант минатиот петок во две џамии во Крајстчерч уби 50 муслимански верници, и рани повеќе од 50 лица.

По нападот Ардерн вети дека ќе ги промени законите за оружје со цел итно да се ограничи пристапот до огнено оружје, особено полуавтоматско оружје како што е пушката АР-15, што ја користел убиецот.

Нов Зеланд е земја со само пет милиони луѓе, а се проценува дека има 1,5 милион парчиња оружје во земјата.

Според податоците објавени од страна на медиумите, во 2017 година повеќе од 99 проценти од барањата за издавање дозволи за поседување огнено оружје беа позитивно решени.

Од 43.509 барања за издавање дозволи, беа одбиени само 188 барања, покажуваат податоците.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ30 минути

Прегазена жена во Аеродром

Шеесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била прегазена во Аеродром. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу...

Македонија1 час

(Видео) Караџовски на распит во Обвинителството за покачените плати на Судскиот совет

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, пристигна во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Тој е повикан на распит...

Свет1 час

Идентификувани жртвите од масакрот во Нов Зеланд, најмладата имала само 3 години

Идентификувани се сите 50 жртви од терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, соопшти полицијата. Од...

Македонија3 часа

„Пуцко петрол“ на Јаоски го шири бизнисот – отвора бензинска пред „Континентал“

34-годишниот Асмир Јаоски, синoт на градоначалникот на општина Пласница и сопственик на бензинските станици „Пуцко петрол“, Исмаил Јаоски, од редовите на ДУИ, гради бензинска...

Европа15 часа

Туск: Можно е кратко одложување на датумот за брегзит, но под еден услов

Лидерите на Европската Унија се спремни да дозволат кратко одложување на датумот за излегување на Велика Британија од Унијата доколку...

Регион17 часа

Караџиќ: Ова нема врска со правдата

Ова нема врска со правдата, е првата реакција на првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, кој денеска во Хаг...

Регион18 часа

Брамерц: Караџиќ направил ужасни злосторства и уништил цела држава

Поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, е прогласен за виновен за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави...

Македонија19 часа

(Видео) Невладините до власта: Потценувачка е сумата од 100 евра за издршка на лице со попреченост

Претставници на граѓанските организации за лица со попреченост и хендикеп го изнесоа револтот од законот за социјална заштита, кој, според...

Македонија19 часа

АВМУ: Вработувањата се итни и неодложни и се во согласност со Изборниот законик

Агенцијата за медиуми потврди дека ангажирала двајца правници по распишувањето на изборите, но тврди дека вработувањата се во согласност со...

Македонија19 часа

Почина 19-годишната девојка, жртва од автобуската несреќа кај Ласкарци

Почина 19-годишната девојка на која ѝ беше ампутирана ногата по автобуската несреќа што се случи на 13 февруари кај селото...

Свет20 часа

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница

Апелациониот суд на ОН му ја зголеми казната на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, на доживотен затвор поради,...

Македонија21 час

(Видео) Пренџов: Јакимовски не е осомничен за криминал и корупција, туку затоа што премногу работел

Љупчо Пренџов од ГРОМ изјави дека претседателот на партијата, Стевчо Јакимовски, на кој вчера му беше одреден куќен притвор од...

Македонија21 час

(Bидео) Гувернерката одби да говори за судирот на интереси на директорката за супервизија

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежовска, не сакаше да даде изјава по завршувањето на промотивниот настан во НРБМ, на кој...

Македонија21 час

(Видео) Џамтоски: Заев вети мораториум за градење и забранет пристап до Али-пашината џамија

Жолта лента за забранет пристап до Али-пашината џамија и мораторум за градење, им ветил премиерот Зоран Заев на претставниците од...

Топ21 час

(Видео) ДКСК: Нема непотизам во случаите со пратеничката Александрова и градоначалникот на Берово

Два предмета од првите 18 кои антикорупциската комисија ги отвори за можен судир на интереси при вработувањето на роднините на...

Македонија24 часа

Досие „Маѓар телеком“: 7,5 милиони евра за „пријателите од Тетово“ и за страната „А“

Поранешниот министер за транспорт и врски од ДУИ, Џемали Мехази, еден час одговараше на прашања на обвинителката Лиле Стефанова, во...

Свет1 ден

Премиерката на Нов Зеланд повика на глобална антирасистичка борба

Премиерката на Нов Зеланд, Жакинда Ардерн, повика на глобална борба против расистичката идеологија на десното крило, по минатонеделните напади на...

Македонија1 ден

Хазби Лика со најмногу вработени роднини во државните служби

Функционерите ги пријавуваат во антикорупциската комисија роднините кои се вработени во државните служби, како и своите блиски кои имаат свои...

Регион1 ден

Денеска ќе биде изречена второстепената пресуда за Радован Караџиќ

Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) ќе ја изрече денеска, по три години...

Македонија1 ден

Се запали автомобил во движење кај старата железничка станица

Автомобил од марката „ситроен“ се запали сред улица во близина на старата железничка станица во Скопје. Очевидци за „Макфакс“ раскажуваат...

Досие