Контакт

Свет

Британската министерка за транспорт поднесе оставка поради неточна изјава: лажно ѝ изјавила на полицијата дека ѝ бил украден службениот телефон

Објавено пред

Британската министерка за транспорт Луиз Хејг поднесе оставка откога беше откриено дека претходно лажно ѝ кажала на полицијата дека ѝ бил украден службениот мобилен телефон, објави денеска „Скај њуз“.

dobivaj vesti na viber

Хејг поднесе оставка откога „Скај њуз“ откри дека во четвртокот се изјаснила за виновна за заблуда на полицијата со лажно тврдење дека нејзиниот службен мобилен телефон бил украден во 2013 година.

Во своето писмо со оставка утринава таа го опиша инцидентот како грешка.

„Како што знаете, бев ограбена во Лондон во 2013 година. Како 24-годишна жена тоа искуство ми беше застрашувачко. Веднаш потоа го пријавив настанот во полиција. На полицијата ѝ дадов список со мојот имот за кој верував дека е украден вклучувајќи го и мојот деловен телефон. Некое време подоцна открив дека мобилниот телефон сè уште е во мојата куќа. Требаше веднаш да го известам работодавецот, а тоа што не го направив веднаш беше грешка“, навела Хајг во оставката, пренесува „Танјуг“.

Премиерот Кир Стармер ѝ се заблагодари на Луиз Хејг за „сè што направи за да го исполни амбициозниот план за транспорт на владата“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин: Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја подобрува

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја подобрува.

dobivaj vesti na viber

„Зборувавте за заострување на нуклеарната доктрина, ние не ја заоструваме нуклеарната доктрина, туку ја подобруваме“, рече Путин на состанокот на Советот за развој на граѓанското општество и човековите права, реагирајќи на зборовите на еден од учесниците, објави Интерфакс.

Тој додаде дека Русија треба да го подобри ракетниот систем „Орешник“. Путин денеска во Кремљ се сретна и со индискиот министер за одбрана Рајнат Синг, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Синг пристигна во Русија на 8 декември, а веќе следниот ден присуствуваше на церемонијата на предавање на фрегатата Тусил на индиската морнарица во бродоградилиштето Јантар во Калининград.

Тој на 10 декември се сретна со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе...

Свет

Бразилскиот претседател на интензивна нега по итната операција на мозокот

Објавено пред

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се опоравува на интензивна нега по итна операција.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на болницата се наведува дека Лула бил опериран откако при магнетна резонанца било откриено мозочно крварење, пренесува Гардијан.

Во соопштението од болницата во Сао Паоло, објавено на социјалните мрежи на Лула рано во вторникот, се вели дека операцијата поминала „без компликации“. Предводникот на бразилската левица беше под опсервација по краниотомија и беше „добро“.

Британскиот NHS наведува дека краниотомијата е хируршка интервенција при која неврохирург привремено отстранува дел од черепот за да отстрани хематом. Таквата операција обично се изведува под општа анестезија, пренесуваат светските медиуми.

Болницата го припиша крварењето на несреќата што ја имаше Лула во неговиот дом во октомври, кога се туширал во палатата Алворада, официјалната претседателска резиденција во Бразилија. Несреќата, според написите, го принуди Лула да го откаже патувањето на самитот Брикс во Русија и му остави неколку конци.

Лула беше примен во болница во Бразилија во понеделникот вечерта откако се пожали на главоболка. Откако беше откриено дека крвари, тој беше префрлен на 1.000 километри јужно во една од најдобрите бразилски болници во Сао Паоло.

Весникот О Глобо пишува дека Лула во понеделникот околу 23 часот пристигнал во Сао Паоло бидејќи попладнето не се чувствувал добро.

Прикажи повеќе...

Свет

Поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја уапсен за учество во бунтот

Објавено пред

Судот во Сеул соопшти дека го одобрил налогот за апсење на поранешниот министер за одбрана Ким Џонг-хјун под обвинение дека тој имал клучна улога во бунтот и злоупотребата на власта, што го прави првиот човек уапсен според декретот за вонредна состојба.

dobivaj vesti na viber

Ким, близок соработник на јужнокорејскиот претседател Џун Сук Јул, поднесе оставка во четвртокот и од неделата е во притвор. Обвинителите имаат рок од 20 дена да одлучат дали ќе го обвинат. Осудата за обвинение за бунт може да носи смртна казна, според написите во медиумите во регионот.

Ким е обвинет дека му препорачал на Јун да воведе воена состојба и да ја испрати војската во Националното собрание за да ги спречи пратениците да гласаат за негово отповикување за корупција. Голем број пратеници успеаја да влезат во собранието и едногласно го отфрлија указот, принудувајќи го кабинетот да го укине веќе на 4 декември.

Во денешната изјава Ким изјави дека „длабоко се извинува што предизвикал вознемиреност и непријатности“. Тој рече дека е целосно одговорен за воведувањето на вонредната состојба.

Парламентот под контрола на опозицијата денеска го усвои предлог-законот за назначување независен специјален советник за истрага на Јун и други високи воени функционери во врска со воведувањето на вонредната состојба.

Главната опозициска Демократска партија се залага за истрага од страна на специјален обвинител, тврдејќи дека не може да им се верува на јавните обвинители да спроведат темелна истрага за Јун, поранешниот главен обвинител.

За време на денешното сослушување во парламентот, Квак Јонг-Кеун, командант на командата за специјални операции чии војници беа испратени во парламентот, сведочеше дека добил директни инструкции од Ким Џонг-хјун да ги попречува пратениците да влезат во главната сала на Националното собрание.

Квак рече дека целта на упатствата на Ким била да се спречи парламентарното гласање за укинување на вонредната состојба.

Опозициските партии и многу експерти сметаат дека уредбата за вонредна состојба е неуставна. Велат дека на претседателот со закон му е дозволено да прогласува вонредна состојба само за време на војна или други слични вонредни состојби во земјата, а Јужна Кореја не била во таква ситуација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

„Тие што треба да не штитат, не трујат со наши пари“: Граѓаните со протестен марш против загадувањето

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации...

Македонија5 часа

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија9 часа

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...

Македонија9 часа

Доказите за црната листа на САД се лесно достапни, македонските институции може самите да ги обезбедат, рече американската амбасадорка Агелер

Американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата...

Македонија9 часа

Васко Ковачевски не е во државата веќе подолго време, но Мицкоски очекува бргу денеска да биде обезбеден и вратен

Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата,...

Македонија10 часа

Силјановска-Давкова очекува судот и Обвинителството да постапaт по црната листа на САД

Лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности, смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова...

Македонија10 часа

Петрушевски за полициската акција: ЕСМ и РЕК „Битола“ беа користени од поранешните функционери за испумпување милиони преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да продолжат во спроведување на законот и овозможување на правдата во врска со денешната полициска акција...

Топ12 часа

Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот...

Македонија13 часа

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. „Како партија, остануваме посветени на стратешката...

Македонија13 часа

Голема акција на МВР поврзана со РЕК „Битола“

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола. Утрово има големи претреси во Битола, Велес,...

Македонија13 часа

Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети...

Свет14 часа

Победниците и губитниците од падот на Асад

Oткако бунтовниците брзо го зазедоа Дамаск и го принудија на бегство сирискиот моќник Башар ал-Асад, светот се обидува да го...

Европа15 часа

Ердоган: Останаа двајца искусни лидери во светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во...

Свет16 часа

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател...

Македонија17 часа

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ...

Македонија1 ден

Пожар во фирмата „Атлантик“ во Визбегово, горат два шлепери, постои опасност од проширување

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, вечерва, во 21.14 часот, е добиена пријава за пожар во...

Македонија1 ден

Поради вмешаност во корупција, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се на црната листа на САД

Стејт департментот назначи нови 14 лица во црната лица на САД, меѓу нив се најдоа и поранешниот вицепремиер и висок...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера зборувајќи за правата на народот кој...

Македонија1 ден

Утре протест поради загадениот воздух

Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието...