Свет
Британската премиерка тврди дека осомничените во случајот Скрипал се руските разузнавачи

Британската премиерка Тереза Меј тврди дека двајцата осомничени за труењето во Солсбери се офицери на руската воена разузнавачка служба ГРУ, наведувајќидоверливи разузнавачки податоци,пренесува „Раша тудеј“. Говорејќи пред Парламентот во средата, Меј го повтори претходното обвинение дека руската влада била вклучена во случајот со труење на таткото и ќерката Скрипал.
„Имавме право кога кажавме во март дека руската држава е одговорна”, рече таа.
Додека британската полиција претходно изјави дека нема докази што ја поврзуваат руската влада со осомничените, Мај инсистираше на тоа дека британските разузнавачки служби обезбедиле докази кои ги идентификуваат осомничените како офицери на руската воена разузнавачка служба, ГРУ. Таа рече дека ќе ги извести партиските лидери зошто нејзината влада дошла до таков заклучок зад затворени врати.
„Врз основа на разузнавачките информации, владата заклучи дека двајцата поединци именувани од полицијата и Кралската обвинителска служба се офицери од руската воена разузнавачка служба”, рече Меј.
Меј изјави дека ако двајцата осомничени некогаш ја напуштат Русија, Велика Британија ќе дејствува за да ги уапси и екстрадира за да бидат судени на британска територија. Таа повтори дека нејзината влада ќе продолжи да врши притисок врз Русија, обелоденувајќи го она што таа го нарекува модел на лошо однесување со посебен акцент на ГРУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Борис Џонсон прогласи победа на конзервативците

Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на изборите што се одржаа вчера.
Тој кажа дека неговата влада добила силна поддршка за завршување на процесот за излез на земјата од Европската унија.
Џонсон e реизбран за пратеник во изборната единица Аксбриџ во северен Лондон.
Би-би-си објави дека според првичните резултати, конзервативците освоиле 364 пратенички места, додека Лабуристите освоиле 203 места. Шкотските националисти освоија 48 места. Во британскиот парламент има вкупно 650 пратеници. На Џонсон за победа му беа потребни 326 места.
Лабуристичката партија доживеа тежок пораз – изгуби 71 пратеник, а освоените пратенички место се најлош резултат на партијата од 1935 година. Лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин, изјави дека неговата партија имала многу разочарувачка ноќ, додавајќи дека тој веќе нема да се кандидира.
Би-би-си објави дека лабуристите изгубиле во изборните единици во кои гласачите дале силна поддршка за брегзит во 2016 година.
Свет
Зеленски: Нема да се случи втора Сребреница

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски, изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, затоа што Украина, како што вели, е поинаква земја која ги почитува своите граѓани.
„Ние сме многу поинакви, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина. Нема да има никаков масакр. Ние сме поинаква влада. За нас најважен е човечкиот живот“, истакна Зеленски во интервју за телевизијата „1+1“.
Претходно, рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека во Донбас би можела да се случи втора Сребреница ако Киев воспостави контрола над границата со Русија, а пред тоа не осигура заштита на граѓаните на Донбас.
Свет
Околу 5,5 милиони жители на Јужен Судан се соочуваат со глад

Сушата и поплавите во Јужен Судан предизвикаа политичка нестабилност и закана од глад за околу 5,5 милиони жители, соопшти Светската програма за храна на Обединетите нации и предупреди дека итно се потребни 270 милиони американски долари за да се обезбеди храна да се спречи глад во првата половина на 2020 година.
Директорот на светската програма за храна во Јужен Судан, Метју Холингворт, истакна дека ако веднаш не се достави храна до погодените подрачја од поплавите тогаш жителите и во следната година ќе се соочат со глад.
По неколкумесечните поплави, во неколку области е прогласена вонредна состојба.
Жителите на Јужен Судан се соочуваат и со болести пред сè колерата што се пренесува преку нечиста вода.
Јужен Судан, кој е богат со нафта, стекна независност од Судан во 2011 година по еднодецениската војна во која загинаа околу 400.000 луѓе, а милиони беа раселени. Во 2013 година во земјата изби граѓанска војна, а меѓуплеменските борби се и понатаму присутни
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми