Свет
Британска туристка групно силувана на Кипар, уапсени петмина Израелци
Британска туристка изјави дека била групно силувана од пет напаѓачи во популарното летувалиште Аја Напа на Кипар овој викенд. 20-годишната жртва вчера им кажала на кипарските власти дека била нападната од пет мажи во хотелот во кој престојувала во Фамагуста.
Кипарската полиција соопшти дека уапсила пет Израелци, тројца на возраст од 19 и двајца на возраст од 20 години, откога наводната жртва ги опишала нападот и осомничените. Осомничените мажи денеска треба да се појават пред судот во Фамагуста, пишува „Дејли мејл“.
Минатата година друга британска државјанка доби жалба за поништување на нејзината пресуда за лажење дека била групно силувана од 12 израелски туристи додека била на одмор на Кипар како 18-годишна. Нејзините адвокати можеа да докажат дека судијата ги игнорирал доказите на вештаците и не ѝ дозволил на жртвата да сведочи за силувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Русите погодија два „патриоти“, објавена снимка
Руската армија објави дека погодила два американски системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, додека Киев го потврди нападот на ова скапо оружје, но ја минимизираше претрпената штета.
Украина има неколку системи „Патриот“ што и ги снабдуваат нејзините западни сојузници и ги користи за одбрана од секојдневното руско бомбардирање. Руските сили „погодија два системи Патриот“, објави руското Министерство за одбрана во дневниот извештај, без да прецизира кога тоа се случило.
Еден ден претходно, руската армија објави воздушна снимка на Телеграм на која наводно се гледа ракетен напад „Искандер“ врз системот „Патриот“ во областа Дњепропетровск во Украина, на истокот на земјата.
Според тој извор, еден фрлач на системот Патриот бил уништен, а другиот е оштетен. АФП не можеше да ги потврди тврдењата или автентичноста на видеото.
Russian Iskander missile strike on Ukrainian Patriot air defence system.
AN-MPQ-53 radar and a launcher seems to have been hit.
Patriots fired missiles on approaching Iskanders, but they seem to have failed. pic.twitter.com/EKEwPXZv30
— Clash Report (@clashreport) October 9, 2024
Портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат потврди денеска дека системот од ваков тип бил погоден од руски напад вчера во областа Дњепропетровск.
„Непријателот оштети само неколку парчиња опрема, но не ги уништи“, тврди тој во објава на Фејсбук. Истиот систем продолжува да ги извршува задачите во регионот, додаде.
Како што рече, тој систем пресретнал неколку руски балистички ракети. Ова е редок официјален коментар за патриотите. Украина ги чува во тајност речиси сите информации за ова оружје, почнувајќи од нивниот вкупен број.
„Патриотските системи за непријателот се една од најприоритетните цели“ затоа што тоа е единственото средство со кое Украина „ја задржува руската авијација“ која лансира проектили на одредена далечина, додава Игнат.
Овој моќен систем за противвоздушна одбрана првпат беше испорачан на Украина во пролетта 2023 година за да и овозможи поефективно да ги брани своите градови и енергетската инфраструктура.
Украински воен блогер, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, на Телеграм рече дека нападот се случил во Павлоград, град во регионот Дњепропетровск во кој се наоѓа воена фабрика, но дека штетата „не е критична“ и дека системот се уште е „ оперативен“.
Системот „Патриот“ е распореден во оваа област за заштита на регионот Дњепропетровск и градот Запорожје од проектили на руски авиони, рече тој.
Во јуни, украинскиот претседател Володимир Зеленски се обиде да ги убеди сојузниците дека на неговата земја и се потребни најмалку седум дополнителни системи Патриот, вклучително и два за одбрана на регионот Харков во североисточниот дел на земјата, кој тогаш беше цел на руска офанзива од почетокот на мај.
Свет
(Видео) Округ на Флорида го погодија три торнада за 25 минути
Најмалку девет торнада поминаа низ округот Сент Луси во Флорида, вклучувајќи три за помалку од 25 минути, според анализата на „Си-ен-ен“ за предупредувањата на Националната метеоролошка служба.
Според окружните власти, најмалку четири лица загинале поради торнадото, а стотици домови биле целосно уништени.
Првото торнадо се случи нешто пред 12:30 часот по локално време. Во текот на следните пет часа, во округот беа издадени најмалку 20 предупредувања за торнадо.
Најфренетичниот период беше од 16:44 до 17:10 часот по средноевропско време, кога три торнада се случија на околу 25 минути едно од друго. Најмалку едно предупредување за торнадо беше означено како „екстремно опасна ситуација“ од метеоролошката служба околу 17:30 часот по средноевропско време, со предупредување дека „големо и исклучително опасно торнадо“ е на теренот во близина на Сент Луси.
Бројот на потврдени торнада и нивната јачина нема да бидат конечни додека тимовите за проценка на штетите на метеоролошките служби не бидат распоредени во погодените области.
Свет
Пентагон објави нова проценка за руските загуби во Украина
Русија претрпе повеќе од 600.000 жртви за време на војната во Украина, што е показател за загубите кои брзо растат непропорционално со нејзините придобивки, изјавија претставници на Пентагон. Тоа се однесува на мртви, односно ранети и исчезнати.
Од летото, Москва продолжи да зазема територии во источниот украински регион Доњецк, вклучително и постепено напредување кон Покровск, град кој е клучен поради неговите повеќекратни сообраќајници кои овозможуваат движење на луѓе и опрема, пишува „Дефенс њуз“.
Како што Русија се приближува кон градот и се соочува со посилни одбранбени линии, нејзините трошоци вртоглаво пораснаа. Септември оваа година беше најсмртоносниот месец за Русија во целата војна, изјави висок претставник на американската одбрана за новинарите за време на конференциска врска во средата.
„Руските загуби, убиени или ранети во акција, само во првата година од војната ги надминаа вкупните загуби на Советскиот Сојуз во сите конфликти по Втората светска војна заедно“, рече претставникот.