Контакт

Свет

Британскиот амбасадор во САД поднесе оставка по скандалот

Објавено пред

Британскиот амбасадор во САД, Ким Дерок, поднесе оставка по скандалот со обелоденетата дипломатска депеша во која жестоко го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го некомпетентен и неспособен, пренесува „Спутник“.

„Не веруваме баш дека оваа администрација ќе стане суштински понормална, помалку дисфункционална, помалку непредвидлива, помалку поделена, помалку дипломатски несмасна и неспособна“, напишал Дерок во еден од големиот броја обелоденети документи кои се однесуваат на периодот од 2017 година до денес.

Британскиот Форин офис не ја оспори автентичноста на овие документи, но наведе дека нивното објавување претставува „штетно однесување“ и дека јавноста очекува дипломатите да дадат искрени проценки на политиката во земјата во која се на служба.

Трамп го натрече Дерок глупак откако британскиот дипломат го опиша како неспособен и некомпетен. Американскиот претседател пред тоа изјави дека веќе не сака да соработува со амбасадорот Дерок.

Британскиот естаблишмент од петни жили се труди да ја намали штетата предизвикана од обелоденувањето на доверливите документи на британскиот амбасадор во САД, во кои тој жестоко го критикува Трамп. Но и покрај сè, јасно е дека се поголем дел од истиот тој естаблишмент се согласува со сè што е речено во документот, посочува „Спутник“.

Свет

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Објавено пред

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб.

„Четириесет и девет пациенти со коронавирус, кај кои беше дијагностицирана пневмонија, починаа во Москва“, се вели во соопштението, пренесува агенцијата Тас.

Бројот на смртни случаи поврзани со вирусот од почетокот на пандемијата во руската престолнина достигна 6.058.

Тас наведува дека Москва е еден од најпогодените региони на Русија кога станува збор за бројот на пациенти, како и дека се зголемува бројот на смртни случаи во главниот град.

Од почетокот на пандемијата, во Москва се регистрирани 367.629 случаи на коронавирус, додека 275.648 пациенти оздравеле.

Прикажи повеќе...

Регион

Рекорд во Бугарија – повеќе од 1.000 новозаболени и 18 починати од коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Бугарија се потврдени 1.024 нови случаи на коронавирус, што е највисок дневен број од почетокот на епидемијата. Во изминатиот ден биле тестирани 4.406 лица, а починале 18 лица.

Денешниот биланс е за 629 нови случаи повисок од претходниот ден, пренесува БТА.

Најголем број на новозаболени има во Софија, 292.

Бугарија се соочува со недостиг на медицински персонал, со моментално заразени 1.622 лекари.

Во таа земја, од почетокот на епидемијата се заразени 30.527 лица, од кои 1.008 починале.

Прикажи повеќе...

Свет

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Објавено пред

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот, кое ќе трае шест недели.

„Нивото на ограничувања поврзани со Ковид-19 се зголемува од сегашното 2 на највисоко ниво- 5“, потврди Мартин.

Мерките, кои стапуваат на сила од среда на полноќ, се едни од најстрогите во Европа и ќе вклучуваат затворање на продавниците за малопродажба, освен за основните потреби, ограничување на патувањето на граѓаните на пет километри од нивните домови, а рестораните и пабовите ќе можат да работат само со испорака.

Училиштата ќе останат отворени, а градежните работи ќе продолжат. Хотелите можат да останат отворени, но само со нужниот персонал.

„Во обид да се бориме против вирусот, го воведовме веројатно најстрогиот европски режим“, рече Мартин во телевизиско обраќање.

Иако земјите кои се борат со високи стапки на заболени, како што се Белгија, Холандија и Франција, ги затворија баровите, рестораните и воведоа полициски час ноќе, ниту една нема толку строги ограничувања за патувања во земјата.

Во неделата, по петти пат во рок од девет дена, Ирска го сруши својот рекорд по бројот на регистрирани случаи за еден ден и има 12-та највисока стапка на заболени меѓу 31 европска земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет20 минути

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет53 минути

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот, кое ќе трае...

Македонија15 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет16 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија18 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија19 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија19 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет20 часа

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ20 часа

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија20 часа

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија22 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет23 часа

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа24 часа

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет1 ден

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет1 ден

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет1 ден

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Македонија1 ден

Ковид-19 го прележале над 17 илјади лица во земјава

Од Ковид-19 досега оздравеле 17.239 лица во земјава, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во земјава...

Регион1 ден

Полициски час во неколку црногорски градови

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да воведат ограничувачки мерки во пет града во црвената зона според бројот на лица...

Досие