Контакт

Европа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Објавено пред

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за излез од ЕУ, објавија британските медиуми. Тој порача дека совеста не му дозволува да го поддржи нацртот на тој договор, пренесе Би-би-си.

Британската премиерка, Меј, синоќа, по петчасовниот состанок на Владата, објави дека обезбедила поддршка за договорот за брегзит.

Раб го наследи Дејвид Дејвис, кој исто така се повлече од функцијата поради плановите на Тереза Меј за брегзит. Двајцата се дел од групата министри што не се согласуваат со договорот.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претходно најави в недела вонреден самит, на кој ќе биде финализиран и формализиран договорот за излез на Велика Британија од Унијата.

Европа

Јункер вчудовиден од неспособноста на Тереза Меј

Објавено пред

Европската Унија е подготвена да и даде на Британија дополнителни натамошни објаснувања за договорот за брегзит, но нема повторно да преговара за договорот или за неговиот протокол за границата со Ирска, рече во вторникот претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, претседателот на Европската комисија рече дека е „вчудовиден“ од неспособноста на премиерката Тереза Меј да го протурка низ британскиот парламент договорот постигнат минатиот месец со ЕУ.

Истакнувајќи дека тој ќе се состане со Меј во Брисел во пресрет на Самитот на ЕУ кој ќе се одржи в четврток и петок, Јункер рече: „Договорот што го постигнавме е најдобар можен и единствениот можен. Нема простор за повторно преговарање за тоа”.

„Но, се разбира, има доволно простор за дополнително појаснување и објаснување без да се отвори договор за заминување”, рече тој. „За договорот за напуштање нема повторно да се преговара.”

Прикажи повеќе...

Европа

Шефот на сицилијанската мафија 26 години недостижен за властите

Објавено пред

Италијанската полиција соопшти дека денес извршила претрес на 25 осомничени соработници на Матео Месина Денаро, шеф на сицилијанската мафија кој е во бегство повеќе од две децении.

Карабинерите тврдат дека во притвор се наоѓа еден од важните членови на островската мафијашка група, кој е под истрага за учество во организиран криминал и трговија со вредни предмети. Неговото име не е објавено, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Претресите почнале рано наутро во сицилијанските градови Масара дел Вало и Кастелветрано.

Месина Денаро, чиј прекар е Дијаболик, во бегство е од 1993 година, а доаѓа од областа Трапани, од пристанишен град западно од сицилијанската престолнина Палермо.

Се смета за наследник на најмоќниот шеф на сицилијанската мафија, Салваторе „Тото“ Рина, кој почина во затвор во ноември минатата година. Сепак, обвинителите минатата недела изјавија дека Месина Денаро не е шеф на шефовите и дека не ги контролира сите моќни кланови во Палермо.

Прикажи повеќе...

Европа

Јункер: Не постои простор за нови преговори со Британија

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, ја отфрли можноста за нови преговори со Велика Британија за договорот за повлекување од Европската Унија, но додава дека некои елементи од брегзит треба да се разјаснат.

На самитот на лидерите на ЕУ во Стразбур Јункер денеска изјави дека „нема простор за нови преговори” во врска со напуштањето на европското семејство од страна на Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија1 час

Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа2 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет3 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија4 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа14 часа

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија18 часа

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија18 часа

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија21 час

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија21 час

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Топ21 час

Забелешки за нацрт-законот за амнестија, работната група се консултира

За помалку од еден час заврши состанокот на Работната група за помирувањето, каде во фокус на средбата беше нацрт-верзијата на...

Крвав четврток23 часа

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски, поранешно обезбедување на ексдиректорот на...

Македонија23 часа

Затворениците од „Идризово“ почнаа штрајк: Бараме амнестија за сите, не само за упадите во Собранието

Затворениците кои одлежуваат казна во затворот „Идризово“ од денеска штрајкуваат со глад бидејќи не се опфатени со законот за амнестија...

Македонија1 ден

Семејствата на убиените кај Смилковско нема да ги слушаат наодите од судската медицина

Семејствата на петтемина убиени кај Смилковско Езеро нема да присуствуваат на денешното рочиште во кривичниот суд каде што ќе бидат...

Свет1 ден

„Не можам да дишам“ – Си-ен-ен објави транскрипт од последните зборови на Кашоги во конзулатот 

„Не можам да дишам”, се последните зборови што ги кажал саудискиот новинар Џемал Кашоги пред да биде убиен, објави Си-ен-ен....

Македонија1 ден

(Видео) Пулмолозите тврдат дека ќе се зголеми бројот на заболени од рак поради загадениот воздух

Алармантните податоци за загадениот воздух, кои покажуваат дека Скопје е еден од петте најзагадени градови во светот, ги вознемири пулмолозите,...

Крвав четврток1 ден

Вељаноски ќе сведочи за 27 април

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, денеска во Основниот суд Скопје 1 е повикан да сведочи за насилниот упад на...

Европа1 ден

Европскиот суд пресуди: Велика Британија може да го откаже брегзит

Европскиот суд на правдата (ЕСП) пресуди дека Велика Британија може да го откаже брегзит без дозвола на другите 27 членки...

Македонија1 ден

(Видео)Макрадули: Почист воздух, ама за две години

Владата најави двегодишен план за справување со аерозагадувањето. Заменик-министерот за животна средина, како раководител на интерресорката група за справување со...

Бегството на Груевски1 ден

Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека не е...

Досие