Контакт

Европа

Британскиот премиер израдува едно загрижено момче: Дедо Мраз е подготвен да тргне

Објавено пред

Пандемијата на Ковид-19 нема да го спречи Дедо Мраз да носи подароци, рече британскиот премиер Борис Џонсон како одговор на писмото на осумгодишното момче Монти, кое го праша дали Дедо Мраз ќе може да дели подароци оваа година.

Џонсон рече дека лекарите му рекле оти нема ризик за здравјето на децата доколку се следат правилата.

Во своето писмо до премиерот момчето праша дали владата го разгледува прашањето за годишната посета на Дедо Мраз: „Знам дека си многу зафатен, но дали можете вие и научниците да разговарате за тоа“, објави „Ројтерс“.

Џонсон го објави писмото на „Твитер“ со копија од неговиот одговор.

„Му се јавив на Северниот Пол и можам да кажам дека Дедо Мраз е подготвен да тргне, како и Рудолф и сите други ирваси“, рече Џонсон.

Тој исто така рече дека главниот здравствен експерт му рекол оти под услов Дедо Мраз да се однесува на својот вообичаен одговорен начин и да работи брзо и безбедно нема ризик за здравјето на децата.

Премиерот рече дека добил многу писма од децата на таа тема и дека го поддржува предлогот на Монти да го остави средството за дезинфекција за рацете на Дедо Мраз.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.

„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.

Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.

Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.

Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.

Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) 15 мртви во пожар што избувна во украински дом за стари лица

Објавено пред

Најмалку 15 лица загинаа, а пет се повредени во пожар во приватен дом за стари лица во источниот украински град Харков, соопштија денеска службите за итни случаи. Деветмина луѓе успеале да се спасат.

Пожарот избувнал на вториот кат од двокатната зграда во 15:03 часот по локално време. Во објектот имало 33 лица, соопштија службите.

На фотографиите се гледа дека зградата има решетки на прозорците на првиот кат.

Пожарот бил изгаснат во 16:14 часот, а во гаснењето учествувале 28 пожарникари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од министерот за внатрешни работи да отвори истрага за инцидентот.

Прикажи повеќе...

Европа

Унгарија прелиминарно ги одобри вакцините на „Астра зенека“ и руската „спутник В“

Објавено пред

Унгарската агенција за лекови даде прелиминарно одобрување за употреба на вакцините против коронавирусот на „Астра зенека“ и руската „спутник В“, изјави денеска Ѓерѓ Гулијаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, потврдувајќи ги извештаите во медиумите.

Според него, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, подоцна денес ќе отпатува за Москва да разговара за вакцината против коронавирусот.

Доколку обезбеди договор за пратка со Русија, Унгарија ќе биде првата земја членка на ЕУ што ќе ја добие вакцината „спутник В“ иако Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила руската вакцина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

15 починати и 356 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на...

Свет1 час

(Видео) Најмалку петмина мртви во пожарот што ја зафати зградата на најголемиот светски производител на вакцини

Голем пожар избувна денес во Индискиот институт за серуми (SII), фабрика за производство на вакцини во градот Пуна. Пожарот го...

Македонија3 часа

Филипче: Првите вакцини од „Фајзер“ и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз

Не постои законска пречка за прием на вакцините против Ковид-19 во нашата земја. Првите дози на вакцината од „Фајзер“, која...

Македонија5 часа

Собранието го изгласа законот за попис

По 19 години, во април ќе се одржи попис на населението во земјата. Собрането денеска со 62 гласа „за“, без...

Македонија6 часа

Брнабиќ: Ќе помогнеме вакцините на „Фајзер“ да се регистрираат во Северна Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ за ТВ „Хепи“ изјави дека земјата е подготвена да испрати 8.000 вакцини во Северна Македонија и...

Македонија6 часа

Фетаи за „Монструм“: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи, која го застапува случајот „Монструм“, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот...

Македонија7 часа

Матурантите ја бојкотираат наставата

Матурантите го бојкотираат почетокот на второто поллугодие. Тие бараат да полагаат два наместо четири предмети од државната матура. „Сојузот на...

Македонија8 часа

Обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина

Скопското Обвинителство поднесе обвинение за двајцата насилници што во автобус на ЈСП се закануваа дека ќе стават патници во киселина....

Македонија8 часа

Министерството за здравство: Состојбата со коронавирусот е стабилна

Во согласност со неделните извештаи на Институтот за јавно здравје за изминатиот месец се бележи стабилизација на епидемијата во земјата,...

Европа8 часа

Научниците од „Оксфорд“ подготвуваат вакцина против новите видови коронавирус

Научниците од Универзитетот „Оксфорд“ се подготвуваат што побргу да произведат нови верзии на вакцина, кои ќе може да се борат...

Свет9 часа

По 10 години, демократите ја презедоа контролата и над Сенатот на САД

Тројца нови американски сенатори вчера положија заклетва непосредно по преземањето на претседателската функција на Џозеф Бајден давајќи ѝ на Демократската...

Македонија10 часа

Угостителските објекти од денеска ќе работат до 21 часот

Рестораните и другите угостителски објекти од денеска, наместо до 18, ќе работат до 21 часот. Во согласност со одлуката на...

Свет21 час

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет23 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет1 ден

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија1 ден

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт1 ден

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија1 ден

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија1 ден

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет1 ден

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Досие