Свет
Британски генерал предупредува: Одеса е следната цел

Британскиот генерал Ричард Баронс во интервју за Би-би-си предвиде што очекува од воената стратегија на Русија во наредните денови.
„Очекувам Русите да продолжат да ја напаѓаат украинската армија во внатрешноста на земјата. Ќе удрат по нивните линии за снабдување, логистика и воздушни бази, како и војниците кои се спротивставуваат на инвазијата. Тогаш тие ќе продолжат да се борат во градовите и територијата за која мислат дека им припаѓа“, рече Баронс.
Во таа смисла, украинскиот пристанишен град Одеса на југот на земјата е следната логична руска цел, оценува британскиот генерал.
„Окупацијата на Одеса ќе ја изолира украинската економија од трговските патишта по должина на Црното Море“, рече тој.
Во меѓувреме, Русите ќе го задржат притисокот врз Киев бидејќи тоа е политички важна цел, додаде генералот. Но, Русите знаат дека Киев во моментов е „преголема цел и премногу добро заштитен за војската да влезе во неа“, објаснува британскиот генерал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пукање во училиште во Германија, повредено едно лице

Германската полиција соопшти дека едно лице е повредено во пукање во средно училиште во северниот град Бремерхавен.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил рано во четвртокот во средно училиште и дека осомничениот бил приведен.
Портпаролот на полицијата изјави дека истрагата е во тек.
Европа
Уште двајца руски војници признаа вина за воени злосторства

Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признале вина за прекршување на правилата на војната и утрово се појавиле на суд.
Тие се обвинети за гранатирање цивилни области во Украина со проектили ГРАД, пренесува хрватски „Индекс“.
Russian soldiers Aleksandr Bobykin and Aleksandr Ivanov plead guilty to violating the rules of war in Ukrainian court. #ukraine pic.twitter.com/IQ4Vnk0ZBb
— Dominic Waghorn (@DominicWaghorn) May 19, 2022
За потсетување, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија.
Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.
Регион
Рама: Отворен Балкан нема да запре

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата Отворен Балкан нема да запре, бидејќи, како што рече, иднината не може да се запре.
Тој на „Твитер“ напиша дека противниците на иницијативата не гледаат или разбираат дека таа „промовира мир, соработка, интеграција и го забрзува Берлинскиот процес“.
„Отворениот Балкан нема да запре бидејќи иднината не може да се запре“, напиша Рама, пренесува „Коха диторе“.
Претходно, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, рекоа дека го гледаат Берлинскиот процес како единствена сеопфатна регионална соработка.
Зборувајќи за иницијативата Отворен Балкан, Ѓукановиќ рече дека го поддржува Берлинскиот процес во кој активно учествуваат сите земји од регионот.