Европа
Британски научници развија тест кој навремено открива високоризични пациенти

Научниците развија тест на крвта што може ефикасно да открие пациенти кои имаат голем ризик да добијат потешка форма на коронавирус.
Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозно заболување на коските, објави „Дејли мејл“.
Се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои ковид-пациенти.
Меѓутоа, ако се открие на време, за време на приемот на пациентот во болница, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување на артритис. А намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да умре од ковид, објасниле истражувачите.
Во студија спроведена на повеќе од 500 пациенти, тим научници откриле дека нивоата на протеинот познат како цитокин се значително повисоки кај сериозно болни луѓе, па дури и десет пати повисоки кај луѓето кои подоцна починале.
Професорот Питер Опеншау, еден од експертите кои учествуваа во студијата, рече дека овие откритија се многу важни во борбата против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европол: Албанија е главниот извор на трговијата со канабис во ЕУ

Албанија е главниот извор на нелегална трговија со канабис во ЕУ, a огромни количини кокаин доаѓаат од Латинска Америка, покажува најновото истражување на Европол.
Исто така се вели дека пандемијата се повеќе се користи за нелегална трговија со лажни вакцини за коронавирус.
Според Европол, 40% од активните криминални мрежи во ЕУ се вклучени во трговија со дрога. Најраспространет илегален производ останува канабисот, кој во случајот на Албанија главно се транспортира преку море до Италија.
Дури 60 проценти од организираниот криминал вклучува насилство, но исто така и корупција, со подмитување и создавање на софистицирани милионски шеми. Шефицата на Европол, Катрин Де Бол, наведува дека извештајот за 2021 година покажува дека и двата индикатора се влошуваат.
„Нивното влијание врз граѓаните, економијата и владеењето на правото е огромно. Потребни се заеднички активности, нови политики и преиспитување на нашите активности. Акциите и заплените не се доволни“, посочи Де Бол.
Корупцијата на европско ниво се проценува дека ја поттикнува трговијата со дрога, особено рекордните количини на кокаин кои пристигнуваат од Латинска Америка.
Европа
Хрватска и 12 држави се согласија за ковид-пасоши, тоа е прашање за опстанок на туризмот

Хрватска и дванаесет членки на Европската Унија постигнаа договор за критериумите за издавање т.н. ковид-пасоши, што ќе го олесни протокот на туристи за време на пандемијата, беше објавено денес во Виена, пишуваат хрватските медиуми.
„Нашата цел е да го имплементираме зелениот пасош бргу и доколку е можно, во унифицирана форма на ниво на ЕУ“, изјави австриската министерка за туризам, Елизабет Костингер.
Таа рече дека тоа е прашање за опстанок за европскиот туризам.
Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија се договорија кон крајот на март за седум критериуми за издавање зелен пасош, кои треба да се спроведат најдоцна до почетокот на јуни.
Зелениот пасош преку „кју-ер-кодот“ веднаш дава информации за тоа дали превозникот е вакциниран или тестиран. Ова овозможува лесна и практична примена во ЕУ – од проверка на аеродромите до посета на гостилница“, рече таа.
Истакна дека во секој случај сака да избегне тој вид документ да се третира како присила за вакцинирање.
Чувствителните здравствени податоци на сопствениците на јавни патни исправи исто така ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат централно на ниво на ЕУ.
Понатамошна цел е усогласување на примената на патниот пасош со трети земји, пишуваат медиумите.
Списокот критериуми беше, како што беше речено, доставен на контрола до Европската комисија, која треба да донесе одлука за спроведување во наредните денови.
Европа
Меркел: Третиот бран од пандемијата на Ковид-19 ќе биде најтежок

Капацитетот за производство на вакцини и во Европа и во Германија мора да се зголеми, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која истакна дека стапката на новозаразени од коронавирус во Германија во моментот е превисока и дека третиот бран на пандемијата ќе биде можеби најтежок.
Таа додаде дека капацитетот за производство на вакцини во Европа и Германија мора значително да се зголеми.
„Тестирањето ќе ни помогне да изградиме мост сè додека вакцинацијата не почне да дава резултати“, рече Меркел.
Говорејќи на отворањето на Саемот за индустрија и технологија, таа посочи дека развојот на ситуацијата во германската економија ќе зависи од тоа дали државата ќе може да ја задржи стапката на зараза од коронавирусот под контрола.
Во Германија досега биле заразени 3.009.541 лице, а битката со коронавирусот ја изгубиле 78.964 лица.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш