Контакт

Свет

Британски турист убиен пред луксузен хотел во Аргентина

Објавено пред

Педесетгодишен британски турист е убиен пред луксузен хотел во Буенос Ариес. Како што пренесуваат светските медиуми, автобус со туристи патувал од меѓународниот аеродром до хотелот „Фаена“, кој се наоѓа во крајбрежната населба Пуерто Мадероа, кога на него пукале двајца напаѓачи, пишува Си-ен-ен.

Педесетгодишниот Британец, кој подоцна починал, бил застрелан во градите, а неговиот син бил застрелан во ногата.

Министерството за надворешни работи на Аргентина соопшти дека над 111.000 британски државјани ја посетиле Аргентина во 2018 година и дека повеќето од тие посети поминале без проблеми. Министерството ги предупреди туристите на можни кражби, при што ги советува да им ги предаваат парите и накитот на крадците, без да дадат отпор.

Регион

Во Подгорица уапсен колумнистот Игор Дамјановиќ поради преписка на „Фејсбук“

Објавено пред

Црногорскиот аналитичар и колумнист Игор Дамјановиќ бил уапсен денеска поради преписка на „Фејсбук“ со извесен Алија Џукиќ кој против него потоа поднел пријава, наведува порталот Ин4с.

Дамјановиќ е познат како координатор на мировното движење „Не во војна, не во НАТО“ и аналитичар кој отворено ја критикува црногорската власт.

По оцената на многу аналитичари во Црна Гора, овој настан е само уште една потврда дека очигледно се воведува како пракса во постапувањето на црногорската полиција вербалниот деликт да го смета за доволна причина за апсење.

„Ваквите вести не се само показател на режимската бруталност, туку пред се на слабоста. Се плашат од слободната мисла. Сега се во незапаметена криза“, вели аналитичарот Бошко Вукичевиќ.

Претходно, никшиќанецот Милија Горановиќ беше казнет со парична казна од 500 евра затоа што на својот „Фејсбук“ профил наводно го навредувал директорот на Управата на полицијата на Црна Гора, Веселин Вељовиќ.

 

 

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Масивна експлозија го разбуди Хјустон

Објавено пред

Масивна експлозија ги потресла куќите во Хјустон, Тексас, одекнувајќи низ градот, кршејќи прозорци и будејќи ги жителите во раните утрински часови, пренесува KTРK-ТВ.

Експлозијата, наводно, се случила во фабрика во областа Геснер во градот. Камера на влезна врата во една од куќите го снимила моментот на жестоката експлозија.

Од небото, наводно, паѓал отпад и властите ги замолија луѓето да ја избегнуваат областа додека се водат прелиминарните истраги.

Сè уште нема извештаи за жртви. Иако нема официјални информации за жртви, еден човек изјави за телевизијата KTРK-ТВ дека видел крвава личност како шета наоколу.

Причината за инцидентот засега останува непозната. Во исто време, полицијата го блокира целиот сообраќај во областа.

Прикажи повеќе...

Свет

Муфтија издаде фатва против боливудски режисер за прикажување на Куранот во лошо светло

Објавено пред

Муслимански свештеник од индиската држава Утар Прадеш издал фатва, исламски правен декрет, против Амџад Кан, режисерот на филмот за пакистанската нобеловка Малала Јусафзаи, која беше застрелан од талибанските милитанти на 14-годишна возраст, пренесува „Спутник“.

Постерот за филмот „Gul Makai“ покажува девојка како држи запалена книга во рацете и од неа излегува експлозија. Свештеникот тврди дека книгата е Куранот, што според него значи дека плакатот е против исламот и дека филмот ги прикажува нивните свети текстови како и нивната религија во лошо светло.

„Муфтијата Дарул Ифта Џама Масџид издаде фатва против Мехмуд Кан, режисерот на боливудскиот филм „Gul Makai“. На постерот за филмот се гледа девојка со книга, а книгата е Куранот, па затоа е против исламот и ја покажува нашата религија во лошо светло “, се вели во писмото објавено од џамијата.

Говорејќи за „Спутник“, режисерот на филмот ги отфрли како глупост извештаите за поднесување пријава од полицијата, велејќи:

„Свештеникот е жртва на заблуда. Тој е религиозен научник, мисли дека главната актерка, која ја прикажува Малала во филмот, држи Куран во рацете. Тој го претпоставува тоа поради неговите предрасуди и затоа што мисли дека само затоа што главниот лик на филмот е муслиманка, таа ќе го држи само Куранот. Филмот е за образованието на девојчињата, тој не е во состојба да го разбере ова. Ова не е достоинствен потег, но ќе се обидам да разговарам со него и ќе му испратам писмо “, додаде тој.

Кан негираше дека презема какви било правни мерки против муфтијата бидејќи не сака тој да влета во законски проблем.

Филмот, предвиден за објавување на 31 јануари, ја раскажува приказната за Малала Јусафзаи, 22-годишна девојка која стана најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир за кампања за правата на образованието на девојчињата во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Поднесено обвинение за Емил Јакимовски за семејно насилство и закани кон новинарката Мери Јордановска

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за семејно насилство и закани упатени кон новинарката...

Македонија1 час

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија2 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија2 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет5 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет5 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија5 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет16 часа

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет18 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион18 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија20 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа21 час

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија22 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија22 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија24 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија1 ден

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет1 ден

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Досие