Контакт

Свет

Британски „Ченл 4“ ќе снима филм за Путин

Објавено пред

Во Велика Британија ќе се снима документарен филм во три продолженија за рускиот претседател Владимир Путин, а снимањето и продукцијата ги потпишува телевизскиот „Ченл 4“, пренесува „Спутник“.

Телевизијата на својата интернет-страница објави дека овој филм ќе биде приказна за власта на Путин и за тоа како таа го промени светот.
Снимањето ќе се одвива во Русија, САД, Европа и во Велика Британија, а ќе бидат користени и архивски материјали, како и интервјуа со Путин, со луѓе блиски до рускиот лидер и со луѓе врз кои тој имал најсилно влијание.

Според „Ченл 4“, рускиот лидер се покажал како еден од најзначајните политичари на 21 век.

„Филмот зборува за тоа како Путин како поранешен разузнавач повторно ја одреди политиката и какво влијание имаше тоа врз светот,“ посочува извршниот продуцент на филмот, Џејмс Роган.

Во филмот ќе стане збор и за Крим, како и за инцидентот во Солсбери.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените постројки. Тој ги понуди руските противвоздушни системи за Саудиска Арабија да ја одбрани својата територија по неодамнешноте напади.

„Подготвени сме да обезбедиме значајна помош на Саудиска Арабија и таа земја ќе донесе мудра државничка одлука, како што своевремено тоа го направи Иран, кога купи С-300 и како што тоа го направи турскиот претседател Ердоган, кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија“ рекол Путин.

Тој по разговорите со турскиот и иранскиот колега, Ердоган и Рохани за Сирија, истакнал дека тоа оружје ќе го заштити секој инфраструктурен објект во Саудиска Арабија.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција бара предвремена отплата на долгот кон ММФ

Објавено пред

Грција побара предвремена отплата на дел од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд. Грчкиот министер за финансии, Христос Стајкурас, изјави дека тоа го побарал од европските доверители.

Стајкурас рекол дека предвремената отплата на заемот на ММФ ќе ги намали трошоците за сервисирање на долгот за околу 70 милиони евра.

Според него, просечната годишна каматна стапка на заемите од ММФ е 4,9 проценти и Грција во моментов може да позајмува поевтини на пазарите, бидејќи каматата на грчките десетгодишни обврзници е 1,6 проценти.
Грција му должи на ММФ околу девет милијарди евра по повеќекратни програми за помош.

Многу повеќе Атина им должи на европските доверители кои мораат да одобрат предвремена отплата.

Прикажи повеќе...

Свет

Ел Багдади се заканува со нови напади

Објавено пред

Медиумската мрежа на екстремистичката група Исламска држава објави аудиоснимка, во која се тврди дека е од водачот на таа терористичка организација, Абу Бакр ал-Багдади, а во која тој предупредува дека се во тек нови операции.

„Операциите се одвиваат на различни фронтови“, вели Багдади на снимката објавена на мрежата Ал Фуркан. Тоа е негова прва порака од април.

Тој на снимката наведува неколку локации, каде ќе бидат извршени нападите, како што се Мали и Левантскиот Залив, но не го откри времето кога ќе бидат извршени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет4 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија5 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија11 час

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија11 час

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија12 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет14 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија15 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија15 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион15 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ15 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет16 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет16 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион1 ден

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион1 ден

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија1 ден

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија1 ден

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет2 дена

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија2 дена

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Досие