Свет
Британското разузнавање: Целта на Русија е да го опколи Северодонецк

Во најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина, британското Министерство за одбрана наведува дека Русија најверојатно во последните 48 часа повторно се обидува да напредува јужно од украинскиот град Изјум.
Целта на Русија е да навлезе подлабоко во регионот на Доњецк и да го опколи градот Северодоњецк од север.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 18 June 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/811YhLUVp2
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/rskM8TlJYP
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) June 18, 2022
Во него се додава дека доколку заробените цивили во Северодоњецк не ја прифатат понудата да излезат преку коридорот отворен од руските сили, Русија најверојатно ќе бара оправдување за помалку да прави разлика меѓу цивилите и украинските воени цели во областа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европскиот парламент го осуди укинувањето на абортусот во САД

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство го осуди укинувањето на уставната заштита на абортусот во САД.
Тој повика и на вклучување на ваквата заштитна мерка во Повелбата на ЕУ за основните права.
Европратениците ја усвоија резолуцијата со 324 гласа „за“, 155 „против“ и 38 воздржани, што го одразува гневот во многу земји-членки на ЕУ по контроверзната одлука на Врховниот суд на САД на 24 јуни.
Резолуцијата ги повикува членките на Унијата да додадат во Повелбата за основните права на ЕУ дека „секој има право на безбеден и легален абортус“.
Статусот на абортусот во земјите на ЕУ е определен со националните закони. Абортусот е легален и се практикува без големо политичко противење во многу земји-членки на ЕУ, додека е забранет во Малта и ограничен во Полска.
Во резолуцијата се споменува неодамнешен случај на Малта, каде што една американска туристка имала нецелосен абортус, но поради забраната за абортус, нејзиното фетално ткиво не можело да се отстрани иако животот и бил во опасност.
Исто така, се соопштува дека е покренато обвинение против активист за човекови права во Полска за обезбедување апчиња за абортус.
Во резолуцијата европратениците ја изразуваат својата загриженост за можното зголемување на протокот на пари за финансирање на групи кои се за забрана на абортусот, по одлуката на Врховниот суд на САД.
Изразувајќи стравувања дека движењата против абортусот би можеле да се шират низ Европа, некои европратеници рекоа дека е потребно усвојување заштитни мерки низ ЕУ.
И покрај усвојувањето на резолуцијата во ЕП, не се очекува таа да има итно влијание врз законите за абортус во ЕУ.
Регион
(Видео) Џамбаски: За Србија нема место во ЕУ

Ангел Џамбаски, бугарскиот пратеник на ВМРО во Европскиот парламент, ја нападна Србија изјавувајќи дека за неа нема место во Европската Унија бидејќи прави провокации во Косово и Босна и Херцеговина, пишува „Б92“.
„За Србија нема место во ЕУ, Србија прави провокации во Косово, Србија прави провокации во Босна и Херцеговина. Србија ја поддржува руската пропаганда за време на војната во Украина. Србија планира во Ниш да го изгради најголемиот руски шпионски центар во Европа“, изјави Џамбаски.
Тој додаде дека „Србија ги поттиснува Хрватите и Бугарите“ и дека „гледа како да ги асимилира и протера“.
„За Србија, која ја спроведува политиката на Кремљ и Путин, нема место во ЕУ. Разберете го тоа“, рече Џамбаски.
„Б92“ анализира дека овие напади врз Вучиќ и Србија немаат никаква основа бидејќи Србија е земја гарант на мирот и стабилноста и мудро одговара на провокациите што доаѓаат од Приштина, Сараево и од Загреб.
Покрај тоа, пишува „Б92“, Србија ја осуди руската агресија и го поддржа територијалниот интегритет на Украина. Претседателот Вучиќ со својата независна политика повеќепати докажа дека Србија не седи ниту на руската ниту на американската фотелја – туку само на српската, се наведува во коментарот.
„Јасно е дека овие напади доаѓаат сега затоа што претседателот Вучиќ застана во одбрана на целиот Западен Балкан, дека Европа ја сфати важноста на иницијативата ‘Отворен Балкан’ и дека Вучиќ мудро ги советуваше жителите на Северна Македонија, која инаку е попречена од Бугарија во процесот на пристапување кон ЕУ“, пишува „Б92“.
Вучиќ синоќа изјави дека не може да им каже на Македонците дали е добар францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија, но и дека не треба да прифатат или да отфрлат нешто априори. Вучиќ рече и дека Србија е на европскиот пат и дека на отворањето на преговорите меѓу Србија и ЕУ му претходело прифаќањето на Бриселскиот договор, што е тешко, но дека отворањето на преговорите помогнало многу.
Европа
Зеленски по оставката на Борис Џонсон: Тој беше вистински пријател на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е убеден оти британската политика кон Украина нема да се промени во блиска иднина и покрај оставката на Борис Џонсон.
„Џонсон беше вистински пријател на Украина“, рече Зеленски во интервју за Си-ен-ен додавајќи дека Украина доби многу од таквиот однос со него мислејќи првенствено на воената поддршка.
Зеленски изрази надеж дека директно ќе разговара со Џонсон за да дознае повеќе детали за неговата оставка, пренесува Си-ен-ен.