Контакт

Вести

Британците го коментираа бунтот на рускиот генерал против неговите претпоставени

Објавено пред

Русија го разреши командантот поради грубиот напад врз неговите претпоставени, што потсетуваше на нападите на Евгениј Пригожин во деновите и неделите пред бунтот.

Генерал-мајор Иван Попов го обвини руското Министерство за одбрана за злонамерно обезглавување на армијата во најтешкиот и најинтензивен момент.

„Поплаките се многу слични на оние што ги упати сопственикот на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, пред неговиот бунт во јуни 2023 година“, се вели во соопштението на британското Министерство за одбрана.

„Директните критики од подредените веројатно ќе станат се поголем проблем за министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, генерал Герасимов“, додаваат оттаму.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава27 минути

Британска лекарка издвои пет замрзнати намирници за подолг и поздрав живот

Британската лекарка по општа пракса, д-р Асија Маула, вели дека многу намирници што придонесуваат за долговечност се идеални за замрзнување...

Спорт2 часа

Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во...

Македонија2 часа

Со пиштоли, сокриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите, Обвинителството побара притвор  за двајца браќа 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано...

Спорт2 часа

Ракометарките на Мец ја освоија Лигата на шампионите

Ракометарките на Мец одиграа феноменално на завршниот турнир од Лигата на шампионите. Во полуфиналето победија против Букурешт со 32:27, а...

Регион2 часа

Уапсени двајца Срби на изборниот ден во Косово поради сомнеж дека влијаеле врз гласачи

Косовската полиција за време на изборниот ден привела две лица во селото Гораждевец поради сомневање за влијание врз гласачи, јавија...

Регион3 часа

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

Првичните резултати од денешните парламентарни избори во Косово повторно покажуваат убедливо водство на „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти. Според првичните...

Спорт4 часа

(Видео) Хорор сцена, Ериксен повторно колабираше среде натпревар

За жал, сцените од Европското првенство 2021 се повторија, Кристијан Ериксен повторно колабираше на теренот. Сè се случи во 65-тата...

Спорт4 часа

Реал ќе купи Португалец за 90.000.000 евра

Пари Сен Жермен го информирал Реал Мадрид дека Португалците, Жоао Невеш и Витиња не се на продажба, одбивајќи понуда од...

Свет4 часа

Русија постави нов услов за крај на војната со Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека целосното обновување на правата на говорниците на руски јазик во Украина...