Контакт

Регион

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Објавено пред

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за борба против коронaвирусот, кои почнуваат в петок во 17 часот, а завршуваат во понеделеник во 5 наутро.

Брнабиќ за ТВ „Прва“ изјави дека со воведување полициски час во текот на викендот Србија се обидува да излезе од својата петта недела од борбата против вирусот, откако се покажа дека е проблем за време на викендите, бидејќи луѓето се социјализираат и ги игнорираат мерките за социјална оддалеченост.

„Сега е крајот на петтата недела, здравствениот систем е на нозе“, рече Брнабиќ, најавувајќи дека уште неколку болници во Србија ќе бидат трансформирани во т.н. ковид-болници. Таа рече дека експертите препорачуваат прекинување на социјалните контакти за да се спречи преносот на вирусот, но се обидува да се избегне 24-часовен карантин, а ограничувањето за време на викендот е „чекор помеѓу“.

Брнабиќ ја најави како опција изолацијата на градовите кои се во фокусот на епидемијата, како што се Белград, Ниш, Нови Пазар, Ваjeево и Куприја, и препорача дека е можно затворање на големите компании за седум или 14 дена.

Според нејзината проценка, Србија е близу до „почетокот на крајот“ на епидемијата, но тоа е можно само со „железна дисциплина“ и некои дополнителни рестриктивни мерки.

Регион

„Визер“ ги обнови летовите од Сараево

Објавено пред

Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ денеска ги обнови летовите од Сараево, а еден ден претходно и од Тузла, со што повторно го воспостави цивилниот воздушен сообраќај од Босна и Херцеговина по укинувањето на ограничувањата наметнати поради пандемијата на коронавирусот.

По двомесечното прекинување на сите операции поради ограничувањата, унгарската компанија со посебни мерки го почна своето работење од Сараево и Тузла.

Воспоставени се летови од Сараево до Будимпешта и од Тузла до 15 дестинации во земјите членки на ЕУ.

На сите летови преземени се дополнителни мерки за хигиена, вклучително и физичка дистанца во авионите. Екипажот и патниците мора да носат заштитни маски за време на летот, а кога тоа го дозволува факторот на оптоварување на авионот, екипажот го обезбедува растојанието меѓу патниците на седиштата.

И „Кроација ерлајнс“ најави повторно воспоставување на летовите од Сараево по редуциран распоред.

Аеродромот во Бања Лука најави отворање на 5 јуни, а Мостар сè уште нема конкретни планови.

Прикажи повеќе...

Регион

Црна Гора појасни зошто границата за Србија е затворена

Објавено пред

Амбасадорот на Црна Гора во Србија, Тарзан Милошевиќ, изјави дека е потребно да се намали бројот на активни случаи во Србија од 4.000 на 2.000 за да им се дозволи на нејзините граѓани да патуваат во Црна Гора.

Тој повтори дека во Црна Гора им е дозволен влез на граѓани од земји до 25 пациенти на 100.000 жители, а за да може Србија да влезе во списокот на земји со таков однос, потребно е бројот на пациенти да биде 2.000.

Милошевиќ верува дека ова набргу ќе се промени, како и дека туристите од Србија ќе патуваат во оваа земја.

„Бидејќи има многу дилеми, да бидеме целосно јасни, луѓето што имаат свои компании и кои имаат бизнис во Црна Гора може да влезат во Црна Гора под одредени услови (самоизолација). Тие луѓе ќе може да се движат од својата компанија во објектот каде што се сместени. Исто така, луѓето што имаат членови на семејството во Црна Гора, кои се грижат за нив, луѓето на кои им треба нега, ние се грижиме и за тоа“, рече тој.

Милошевиќ објаснува дека потребните дозволи за тие категории граѓани ги издава Националното координативно тело.

Прикажи повеќе...

Регион

Двајца мигранти дивееле во центарот на Загреб, во станица еден од нив гризнал полицаец

Објавено пред

Двајца баратели на азил синоќа направиле хаос во центарот на Загреб и дивееле во трговскиот центар „Импоран“.

Поради инцидентот, полицијата веднаш интервенирала, апсејќи ги двајцата, по што ги одвела во полициска станица.

Таму било утврдено дека станува збор за 34-годишен државјанин на Алжир и негов малолетен пријател од Либија, кои во текот на вечерта во видно алкохолизирана состојба го нарушувале јавниот ред и мир.

Според полициското одделение во Загреб, двајцата одбиле алкотест, а на телата имале повеќе видиливи повреди, што било дополнителен мотив за темелно да се испитаат околностите што довеле до нивното дивеење пред граѓаните.

„И двајцата се поврзани со извршување на повеќе кривични дела. Малолетникот и во службените простории продолжи да го нарушува јавниот ред и пружајќи активен отпор се обидуваше да ја напушти станицата, па полицајците над него применија средства за присила“, откриваат од загрепската полиција.

Сепак, приведените не се смириле, па малолетникот во еден момент нападнал полициски службеник, гризејќи го за раката, по што го скршил и стаклениот дел од вратата во станицата.

На крајот, морала да интервенира брзата помош, која малолетникот од Либиан го однела на лекување поради исеченици во Клиниката за детски болести, а помош му била укажана и на гризнатиот полицаец.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија3 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија4 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ8 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија8 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија9 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија11 час

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија11 час

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет14 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа14 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет15 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет16 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа16 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет1 ден

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие