Свет
(Видео) Бројот на жртвите од поплавите во Валенсија се зголеми на 63, порои измешани со кал се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини
Бројот на жртвите од поплавите во источниот шпански регион Валенсија се искачи на најмалку 63 лица, соопштија денеска локалните власти.
Службите за вонредни состојби во Валенсија, каде што поплавите ги претворија селските улици во реки и го прекинаа железничкиот и патниот сообраќај во најголемата природна катастрофа во земјата во последно време, го потврдија бројот на жртвите, објави АП.
Bombero rescata a una persona y su perrito de morir ahogados por el agua de las inundaciones en Valencia. Verdaderos ángeles que afriesgan sus vidas y cuyo trabajo debe ponerse en valor. pic.twitter.com/5qkIwyRtob
— Capitán Bitcoin (@CapitanBitcoin) October 30, 2024
Невремето вчера предизвика поплави во поголемиот дел од јужна и источна Шпанија, со порои измешани со кал, кои се тркалаат по улиците со застрашувачки брзини.
Полицијата и итните служби користеа хеликоптери за да ги спасат луѓето од своите домови и автомобили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Имавме најдобра економија досега, го имавме тој ѕид, имавме сè“: Трамп вели дека не требало да ја напушти Белата куќа по поразот во 2020 година
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека жали што ја напуштил Белата куќа по поразот на претседателските избори во 2020 година, нешто што никогаш не го признал.
„Ја имавме најбезбедната граница во историјата на нашата земја на денот кога заминав. Не требаше да заминам. Мислам, искрено, затоа што толку добро работевме“, рече републиканскиот претседателски кандидат на предизборниот митинг во Пенсилванија.
Трамп додаде дека сега има „стотици адвокати“ на секое избирачко место за претстојните претседателски избори.
Тој зборуваше за постигнувањата на неговото претседателствување. „Имавме најдобра економија досега. Го имавме тој ѕид. Имавме сè“.
Трамп ги загуби претседателските избори во 2020 година од неговиот демократски противник Џо Бајден.
И денес одбива да го признае поразот. Поранешниот претседател поднесе десетици тужби по победата на Бајден во 2020 година, што пропаднаа на суд.
Свет
Харис ветува крај на војната во Газа, Трамп „ново златно време“ на Америка
На самиот крај од вжештените предизборни активности, кандидатите за нов американски претседател се борат за гласови во клучните држави, при што демократската кандидатка Камала Харис ветува крај на војната во Газа, а нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп – „Ново златно време“ на Америка.
Во државите во „нишање“, кои се сметаат за клучни за исходот на утрешните претседателски избори, потпретседателот и поранешен претседател на САД се обидуваат да ги убедат гласачите да гласаат за нив, зборувајќи за здравствената заштита, војната на Блискиот Исток и економските прашања.
Обраќајќи им се на гласачите на Државниот универзитет во Мичиген, Харис рече дека „ќе стори се што е во нејзина моќ за да се стави крај на војната во Газа“, објави Би-Би-Си.
Свет
Разорни напади во Газа: Во последните два дена загинаа повеќе од 50 деца
Повеќе од педесет деца загинаа во Џабалија, северниот дел на Газа, меѓу петокот и саботата, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Деца загинаа кога две станбени згради, во кои имаше стотици луѓе, беа срамнети со земја во бомбардирањето, изјави извршната директорка на УНИЦЕФ, Кетрин Расел, пренесува Политико.
Расел, исто така, рече дека израелските сили извршиле два напади кои ја нарушија кампањата за вакцинација против детска парализа во Газа.
Во еден инцидент беше погоден и запален автомобилот на вработен во УНИЦЕФ, но никој не беше повреден.
Во друг напад, најмалку три деца беа ранети во близина на клиника за вакцинација во населбата Шеик Радван.