Контакт

Свет

Бројот на загинати во Газа ја надмина бројката од 40.000, 70 отсто од жртвите се жени и деца, објавија властите на Хамас

Објавено пред

Бројот на загинатите во Појасот Газа се искачи на повеќе од 40.000, објавија здравствените власти на палестинската енклава. Повеќе од 92.400 Палестинци се повредени од избувнувањето на војната во октомври 2023 година, според властите контролирани од исламистичката група Хамас.

Германската агенција дпа пишува дека овие бројки не можат да се потврдат и дека властите во енклавата не прават разлика меѓу убиени цивили и борци, но Франс прес пишува дека голем број агенции на Обединетите нации кои работат во Газа ги сметаат за веродостојни.

Дописниците на француската агенција се запознале со начинот на кој Министерството за здравство во Газа ги евидентира загинатите. Визуелно ги идентификуваат, со помош на член на семејството, пријател или пронајдени лични предмети.

Деталите за починатото лице, вклучувајќи име, пол, датум на раѓање и број на социјално осигурување потоа се внесуваат во дигиталната база на податоци на Министерството. Доколку телото не може да се идентификува, властите го внесуваат само бројот и сите достапни информации, како карактеристики кои би можеле да помогнат во подоцнежната идентификација, пишува Франс прес.

Канцеларијата за односи со медиумите на владата на Хамас претходно објави дека речиси 70 отсто од убиените се жени (околу 11.000) и деца (16.300).

Најново

Црна хроника2 минути

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника12 минути

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника16 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија23 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...

Забава28 минути

(Видео) Дали имате тенки и кршливи нокти? Зајакнете ги за седум дена со овој вирален трик

Тенките и слаби нокти што лесно се кршат спаѓаат меѓу најчестите проблеми поврзани со убавината со кои се соочуваат жените...

Македонија31 минута

МВР: За Ива Михајлова нема евидентиран излез од територијата на Македонија

Министерството за внатрешни работи изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова,...

Македонија33 минути

„Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија“, прашува Левица

„Ива Михаилова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се најде во Софија и покрај тоа што е на стоп-листа...

Свет35 минути

Претседателот на „Мајкрософт“: Вештачката интелигенција е помалку регулирана од млекото; потребни ни се итни решенија

Претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит, предупреди дека производите како млекото и машините за перење моментално подлежат на построги регулативи отколку...

Македонија42 минути

„Ако рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа, зошто Филипче бега од избори?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС сопствената беда и недоверба која ја има од народот сака да ја прикаже за победа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Едно...