Свет
Бројот на загинати во пожарите во Чиле се искачи на 122 лица, стотици луѓе се водат како исчезнати
Бројот на загинати во шумските пожари што беснеат во централно Чиле се искачи на 122 лица, а екипите за брза помош сè уште наоѓаат тела закопани во урнатините три дена по избувнувањето на пожарот.
Пожарникарите и војската ги расчистуваат урнатините во станбените области на крајбрежните градови Валпараисо и Вина дел Мар, каде што пожарот за неколку минути ги зафати домовите, пренесува „Ројтерс“.
Пожарите што избувнаа во централниот дел на Чиле на крајот на минатата недела се разгореа и се проширија во текот на викендот пустошејќи ги крајбрежните градски зони Вина дел Мар и Валпараисо.
Стотици луѓе се водат како исчезнати, а околу 14.000 куќи се оштетени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто ја критикуваше Урсула фон дер Лајен за разрешувањето на Вархеји од функцијата комесар
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска ја критикуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за разрешувањето на Оливер Вархеји од функцијата комесар за проширување на ЕУ, велејќи дека нејзината одлука е дел од „лицемерието на Брисел“.
„Земјите од Западен Балкан чекаа 14,5 години за членство во ЕУ, што покажува колку мнозинството во блокот е против проширувањето“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со српската министерка за економија Адријана Месаровиќ денеска во Будимпешта.
Тој инсистираше на тоа дека јавните изјави на претставниците за проширување на ЕУ се во спротивност со она што тие го кажаа зад затворени врати.
Европа
Нова експлозија во центарот на Келн, втора за само неколку дена
Во градот Келн на западот на Германија денеска по втор пат за само неколку дена одекна мала експлозија.
Експлозијата се случила околу 5 часот по локално време на улицата Еренштрасе во центарот на градот, соопшти полицијата. Експлозијата предизвикала пожар, но тој брзо бил изгаснат, соопшти полицијата. Од таму додадоа дека едно лице кое се обидело да го изгасне пламенот избегнало повреда и подоцна било сослушано како сведок, а никој друг не е повреден.
Aktueller #Einsatz
📍Im Bereich #Ehrenstraße gibt es einen #Polizeieinsatz
📍Wir sind mit vielen Einsatzkräften vor Ort und klären die Situation.
📍Wir sperren den Bereich.
❌Bitte meiden Sie großräumig den Bereich. Folgen Sie uns hier und auf Facebook für weitere Informationen pic.twitter.com/lWFeM7GsRf— Polizei NRW K (@polizei_nrw_k) September 18, 2024
Полицијата на социјалната мрежа „Икс“ објави дека е „на местото на настанот со голем контингент полицајци“ и дека „областа се затвора“. Граѓаните беа повикани да ја избегнуваат областа во близина на местото на експлозијата.
Свет
Кремљ реагира на експлозијата на пејџерите: „Ситуацијата ќе излезе од контрола“
Кремљ предупреди дека нападот со експлозивни пејџери врз либанската група Хезболах и други може да предизвика поширок регионален конфликт и повика на истрага за да се утврдат сторителите.
Илјадници пејџери беа детонирани во нападот во вторникот низ Либан, при што загинаа девет лица, а беа ранети речиси 3.000 други, вклучително и борците на Хезболах и иранскиот пратеник во Бејрут.
Висок либански безбедносен извор и друг извор изјавија за „Ројтерс“ дека израелската разузнавачка служба Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од либанската група Хезболах неколку месеци пред детонациите.
Тајванската компанија, чии пејџери се во прашање, објави дека нема никаква врска со нив и дека за нив е одговорна компанијата со седиште во Унгарија, која има право да го користи нивниот бренд во производството на пејџери.
„Она што се случи, што и да беше, секако води до ескалација на тензиите. Самиот регион (Блискиот Исток) е во експлозивна состојба и секако инцидент како овој, кој било од нив, има потенцијал да биде поттик за ситуацијата да излезе од контрола“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Се разбира, сметаме дека треба да се спроведе детаљна истрага за овој инцидент, да се утврдат причините и околностите за тоа што се случи и, се разбира, да се идентификуваат одговорните за овие масовни експлозии на комуникациска опрема“, рече тој.
Наодите од таквата истрага ќе им овозможат на специјалистите да го елиминираат ризикот нешто слично да се случи во Русија или на друго место, додаде Песков.