Свет
Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 80 милиони

Бројот на лица заразени со коронавирусот во светот денес надмина 80 милиони, соопшти Универзитетот „Џонс Хопкинс“.
Во светот, моментално се заразени 80.027.056 лица, починале 1.753.313 лица, а 45.145.454 се опоравиле.
Најголем број на заразени – 18,771,885 е регистриран во САД. Досега, 330.345 лица починаа од инфекција во оваа земја.
На второ место според бројот на заразени е Индија – 10.169.118, а починале 147.343 лица.
По Индија, следува Бразил по бројот на заразени со 7.448.560 заразени, но бројот на смртни случаи е 190.488, објави ТАСС.
Русија е на четвртото место со 3.021,964 заразени лица. Во Русија починале 54.226 лица како резултат на инфекцијата, додека повеќе од 2,42 милиони луѓе се опоравиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Исланд го издаде првиот корона-пасош

Исланд го издаде првиот пасош за вакцинација против коронавирус со цел да се олесни меѓународното патување за граѓаните кои примиле вакцина, пренесува „Гардијан“.
Сите 4.800 граѓани кои примиле две дози вакцина можат да се пријават за издавање дигитални сертификати, објави исландското Министерство за здравство.
Министерството соопшти дека целта е да се олесни движењето на луѓето меѓу земјите, така што лицата кои примиле вакцина може да покажат потврда за вакцинација на граничните премини за да можат да бидат изземени од ограничувањата.
Европа
Во Франција повеќе од 22.000 заразени, расте стравот од трето национално затворање

Иако вакцината против Ковид-19 е светло на крајот од тунелот по 2020 година, бројот на заразени со коронавирус во Франција сè уште е алармантен. Регистрирани се 22.086 нови случаи на коронавирус, објавија француските здравствени власти.
Поради денешното ненадејно зголемување на повеќе од 4.000 заболени во споредба со вчерашниот ден, и близу до бројот забележан минатиот вторник, расте стравот од третото национално затворање, според агенцијата „Ројтерс“.
Расте и бројот на пациенти на интензивна нега, што е поголем од 3.000 втор ден по ред.
Кога бројот на пациенти на интензивна нега ќе биде помал од 3.000, тоа ќе биде знак дека владата може да попушти некои ограничувачки мерки на второто национално затворање, кое е на сила од 15 декември.
Во Франција, која е на шестото место во светот по бројот на заразени со коронавирусота, се разболе вкупно 3.079.043 лица.
Од последниот пресек во Франција починале уште 612 лица. Вкупно 74.106 лица починале како резултат на зараза со коронавирус.
Свет
Кина досега потрошила 22 милиони дози вакцина против Ковид-19

За вакцинирање против коронавирусот во Кина досега се употребени околу 22,8 милиони дози вакцини, а во тек е кампања на национално ниво за спречување на ширењето на инфекцијата пред лунарната Нова година во февруари и очекуваното зголемување на патувањата, пренесува „Ројтерс“ .
„Генерално, работата напредува непречено и уредно“, рече заменик-директорот на Националната здравствена комисија Зенг Јиџин пред новинарите, зборувајќи за кампањата за имунизација.
Кина има намера да вакцинира 50 милиони луѓе пред лунарната Нова година во февруари, објави кинески „Глобал тајмс“ во јануари.
Кина ја прошири својата насочена програма за имунизација од средината на декември за да вклучи повеќе приоритетни групи со поголем ризик од пренесување на вирусот, во обид да спречи ширење на инфекцијата во текот на зимата и пролетта.
Националната програма за вакцинација сега фаворизира клучни ризични групи како што се вработени во медицински установи, јавен превоз и услуги за храна, како и деловни луѓе и студенти кои одат во странство.
Кина забележа најниско дневно зголемување на случаи на Ковида-19 за повеќе од две недели, според официјални податоци, а здравствените власти соопштија дека 75 новопотврдени случаи биле пријавени на 26 јануари, што е помалку од 82 дена порано, а најниско дневно зголемување на 11 јануари.
Најголем број на локално пренесени инфекции е регистриран во североисточната провинција Хеилонгјанг.
Вкупно 89.272 случаи се потврдени во Кина за време на пандемијата, а починаа 4.636 лица.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот