Европа
Бројот на заразени од коронавирус во Чешка надмина еден милион

Чешка потврди 9.057 нови инфекции на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени во таа земја од март лани надмина еден милион.
Чешка има 10,7 милиони жители, а од почетокот на епидемијата починаа 16. 683 лица, што е меѓу највисоките стапки на смртност од Ковид-19 во Европа.
Податоците објавени денес покажуваат дека сега речиси секоја десетта личност во Чешка е заразена.
Во Европа, само Португалија и Шпанија имале повисоки стапки на инфекција на жител во последните две недели, според Европскиот центар за контрола и превенција на болестите.
Владата на Чешка сака да го намали бројот на хоспитализирани пациенти на 3.000 пред да ги олесни ограничувачките мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на лошиот публицитет.
„Има проблем со прифаќањето на вакцината на ‘Астразенека’. Тоа е сигурна вакцина, безбедна и ефикасна. Одобрена од ЕМА, а во Германија се препорачува за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни велат дека ова е вакцина на која можеме да и веруваме. Во време кога нема доволно вакцини, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме“, рече Меркел во едно интервју.
На прашањето дали самата ќе биде вакцинирана со „АстраЗенека“, Меркел одговори: „Имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со ‘Астразенека’“.
Европа
Голема полициска акција во Германија, уапсени десничари поврзани со трговија со дрога

Германската полиција утрово изврши неколку претреси и уапси осум лица поврзани со крајно десничарска мрежа осомничена за трговија со дрога и перење пари.
Повеќе од 500 полицајци, вклучително и припадници на специјални единици, извршиле претрес во 27 станови и продавници во повеќе германски држави, јавува германската агенција ДПА.
Уапсените се на возраст меѓу 24 и 55 години, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште трагаат по докази како што се луксузни автомобили.
Осомничените се поврзани со две различни неонацистички групи кои наводно се одговорни за трговија со дрога, а исто така се вклучени во нелегална трговија со оружје.
Европа
Орбан: Очекуваме драстично зголемување на бројот на заразени, можно е заострување на ограничувањата

Унгарската влада го разгледува заострувањето на одредени ограничувања во врска со коронавирусот, бидејќи се очекува драстично зголемување на бројот на заразени во следните две недели, изјави премиерот Виктор Орбан.
Орбан за државното радио изјави дека сите 2,5 до 2,6 милиони Унгарци кои досега се пријавиле за вакцинација против Ковид-19 ќе добијат најмалку една доза до Велигден на почетокот на април.
Премиерот рече дека се надева дека вакцината ќе ја прими вакцината на кинески „Синофарм“ на почетокот на следната недела.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер