Контакт

Европа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Објавено пред

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија, пренесува АФП.

Пред само четири дена црниот биланс во светот беше 30.000, што покажува колку бргу се зголемуваат смртните случаи и колку тешко европските нации се погодени од оваа зараза.

Освен Италија, најголем број смртни случаи во Европа имаат Шпанија, Франција, Велика Британија и Холандија. Во вторникот бројот на смртни случаи на коронавирус достигна 40.000, а САД, Кина и Иран се најлошо погодени меѓу неевропските нации.

Вирусот претставува поголема закана за луѓето со постојни здравствени состојби и постари пациенти, што е очигледен фактор зашто релативно постарата популација на Европа страда повеќе од луѓето во поновите делови на светот. Сепак, многу средовечни и помлади луѓе исто така развиле сериозни симптоми.

Европа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Објавено пред

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

На социјалните рмежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњаницата, е соборен од коњот додека го јавал, пренесе „Скај њуз“. Како што се наведува, полицаецот останал да лежи на земјата, а коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Како што пренесува британски „Стандард“ демонстрантите во еден момент ја гаѓале полицијата со факели.

Илјада демонстранти се собраа пред Даунинг стрит по собирот на плоштадот пред парламентот и по маршот низ центарот на Лондон.
Демонстрации се одржаа во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Објавено пред

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка на американските антирасистички собири против полициската бруталност прераснаа во насилство.

Полицијата на Твитер соопшти дека неколку стотици агресивни луѓе со капи на главите извршиле притисок на полицијата во центарот на градот и дека еден полицаец е ранет.

„ Моравме да употребиме бибер спреј. Со должна почит за емоциите, но напдите на полицијата се неприфатливи“ навела полицијата.

На друга локација пак околу 350 луѓе стоеле пред водените топови.

„ За нас ова се неовластени, неодобрени собири и ги повикуваме луѓето да се разотидат“ порача полицијата на Хамбург.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Неофашисти протестираат во Рим, фрлени петарди и солзавец

Објавено пред

Припадници на екстремната десница и најрадикални навивачи денеска одржаа антивладин протест во Рим, за време на кој се судрија со полицијата и новинарите.

Неофашистите од екстремно десничарското движење „Форца Нуова“ поздравуваа со фашистички поздрав, пренесе АП. Во еден момент неколку демонстранти се обиделе да ги избркаат новинарите гаѓајќи ги со шишиња и петарди.

На тоа реагирал полицискиот кордон кој се приближил до демонстрантите по што следела повеќе минутна напнатост. Потоа демонстрантите се поместиле малку подалеку.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Белата куќа барала 10.000 активни војници за загушување на демонстрациите

Белата куќа уште минатата недела барала на улиците на Вашингтон и останатите американски градови да бидат распоредени околу 10.000 активни...

Топ1 час

Гром удрил во штала и ја запалил со се добитокот во неа

На место викано „Стрчин“ вчера удрил гром во штала сопственост на Т.Е.(47) од Битола и настанал пожар при што шталата...

Македонија2 часа

ДУИ ги повика сите албански партии и албански граѓани за избор на албански премиер

Демократската Унија за Интеграција смета дека Охридскиот договор се спроведува, Албанскиот јазик сега веќе е службен јазик и Албанците сега...

Спорт2 часа

Дивац и Стојаковиќ меѓу протестантите во Сакраменто

Повеќе од 20.000 граѓани на калифорниската престолнина Сакраменто беа дел од саботниот протест со поддршка за „Black Lives Matter“ движењето...

Топ2 часа

МВР: 386 лица не носеле маски, а 154 не почитувале полициски час

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132...

Свет2 часа

Бразилската влада обвинета дека го крие точниот број на заболени од ковид-19

Регионалните здравствени власти во Бразил ја обвинија владата на Жаир Болсонаро дека го крие точниот број на починати од коронавирус....

Европа14 часа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа14 часа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет17 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија20 часа

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија22 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија23 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион24 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет1 ден

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет1 ден

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт1 ден

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија2 дена

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет2 дена

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија2 дена

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Досие