Контакт

Свет

Бугарија предлага соработка со Израел во производството на беспилотни летала

Објавено пред

Бугарија е заинтересирана за заедничко производство на беспилотно летало со Израел, објави во средата бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Ќе разговараме дали можеме да направиме заедничко производство во областа на одбраната, особено кога станува збор за модерното и моќно оружје, беспилотните летала“, рече Борисов во изјава за новинарите пред да се сретне со својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим.

Израел е главната конкуренција на САД за извозот на беспилотни летала и соработува со Русија и Индија на развивање технологии за дронови.

Беспилотните летала изнесуваа 2 отсто од продажбата во секторот одбрана на Израел во 2017 година според податоците на владата објавени минатиот месец. Вкупната продажба на одбраната во 2017 година беше проценета на 9,2 милијарди долари.

Свет

Турска телевизија: Спречен претрес на саудиско дипломатско возило

Објавено пред

Турската приватна телевизија НТВ јави дека турските власти денеска биле спречени додека сакале да извршат претрес врз саудиско дипломатско возило во Истанбул, зашто не добиле дозвола од Kонзулатот на Саудиска Арабија, пренесе „Ројтерс“.

Се наведува дека автомобилот кој припаѓа на саудискиот конзулат претходно во текот на денот бил пронајден во истанбулскиот кварт Султангази.

„Си-ен-ен Турк“ јави дека на турските власти утре ќе им биде овозможено да го пребараат автомобилот.

Турските и саудиските власти го истражуваат убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој изчезна на 2 октомври, кога последен пат беше виден како влегува во саудискиот конзулат. Саудиска Арабија со недели негираше дека има сознанија што се случило со Кашоги.

Прикажи повеќе...

Свет

Руската црква се надева на дијалог со Цариград за Украина

Објавено пред

Руската православна црква се надева дека Вселенската патријаршија во Цариград ќе ги разбере последиците на своите дела во Украина и ќе почне со дијалог, изјави портпаролот на руската црква, Александар Волков.

„Патот што го избра Цариград може да има ужасни резултати за глобалното христијанство и за верниците во Украина. Меѓутоа, оваа ужасна ситуација би можела брзо да биде решена ако Цариград се одлучи на дијалог“, рече Волков пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Според неговите зборови, руската православна црква ќе ја задржи својата позиција, а дијалогот може да почне само кога Вселенската патријаршија ќе ја увиди својата грешка и ќе се извини за делата со кои нанела значајна штета на православието.

Вселенската патријаршија претходно изјави дека ќе ја поддржи автокефалноста на украинската православна црква, на што Русија се противи.

Прикажи повеќе...

Свет

НАТО верува дека Русија го крши договорот за нуклеарно оружје

Објавено пред

Членките на НАТО веруваат дека Русија го крши клучниот договор за контрола на нуклеарното оружје и дека алијансата во повеќе наврати се обидела да добие информации за новиот руски ракетен систем, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лундеску.

Таа рече дека во отсуство на веродостоен одговор од Русија за новите ракети, сојузниците веруваат дека најверојатно Русија го крши договорот.

Таа не ги искоментира заканите на претседателот на САД, Доналд Трамп, дека неговата земја ќе се повлече од договорот наведувајќи само дека сојузниците ќе продолжат со консултациите.

НАТО лани изрази загриженост дека рускиот систем 9М729, кој може да носи нуклеарни боеви глави, го крши договорот за нуклеарните сили со среден дострел од 1987 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Јанчев и Богданов исклучени од функциите во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, кој дојде од редот на реформаторите, се разрешени...

Македонија3 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија4 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија6 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија7 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија9 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија9 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија12 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија12 часа

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет12 часа

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет13 часа

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија13 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија16 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија2 дена

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Досие