Свет
Будимпешта се подготвува за поплави – се поставуваат бариери пред куќите и брани околу Дунав, за викендов најавена опасноста
Во градовите северно од Будимпешта властите поставија мобилни брани за да ги ограничат поплавите од Дунав. Будимпешта се подготвува за рекордно ниво на вода поради што е затворен островот Маргит, одморалиште со хотели и ресторани.
Во сила стапи указот на унгарскиот премиер Виктор Орбан за заштита од поплави, според кој беа наредени координирани мерки за заштита на целата територија на Унгарија, а Орбан денеска изјави дека во тек е најтешката фаза на заштита.
Циклонот Борис донесе многу дожд во Европа и предизвика поплави, кои стигнаа и до Унгарија, каде што Дунав се излеа од коритата. Се наведува дека моментниот водостој на Дунав е 683 сантиметри, а вчера бил под 600 сантиметри.
Поплавен е кејот покрај Дунав, а врвот на поплавниот бран, како што изјави градоначалникот на Будимпешта, се очекува да биде в недела, иако вчера беше најавено дека ќе биде ноќта меѓу петок и сабота.
Разорните поплави предизвикаа пустош во Полска, Австрија, Чешка, Словачка и во оманија, а според последните информации, најмалку 20 луѓе загинале на Стариот континент. Во Словачка, министерот за животна средина, Томаш Тараба, рече дека нивото на водата на Дунав во текот на ноќта достигнала речиси 10 метри и дека нема толку лесно да се спушти. Тој додаде дека штетите од поплавите во државата се проценуваат на речиси 20 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Брод со четири лица се преврте на реката Уна во БиХ, две лица испливаа
Денеска околу 7:15 часот полицијата во Сисак добила пријава од граничната полиција на БиХ дека чамец со четири лица се превртел на територијата на Босна и Херцеговина кај градот Вриоци.
Две лица допливале до брегот на Уна на територијата на Босна и Херцеговина, а потрагата по две лица се уште трае.
На местото на настанот излегле припадници на ХГСС со пловен објект, кои со помош на полицијата интензивно трагаат по исчезнати лица.
Свет
Шефот на европската дипломатија: Блискиот исток е на работ на целосен пожар
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска предупреди дека целиот Блиски Исток е на „работ на целосен пожар што меѓународната заедница се чини не може да го контролира“.
На годишнината од нападот на Хамас врз Израел и почетокот на војната во Газа, Борел рече дека „ситуацијата само се влошува“.
„Луѓето во регионот се понесигурни од кога било и паднаа во бескрајна спирала на насилство, омраза и одмазда“, објави Борел.
Тој рече дека ЕУ „жали и отфрла“ каква било ескалација на насилството на Блискиот Исток, вклучително и ракетниот оган на Хезболах, израелското бомбардирање на Либан, раселувањето на над еден милион Либанци и 60.000 Израелци, зголемените тензии поради иранските ракетни напади и „загрижувачките“ случувања. на Западниот Брег.
Тој посочи дека воените операции и оружјето меѓу сите страни нема да „донесат иднина на народот на Израел или на народот на Палестина“.
„Само политичко решение ќе донесе мир, безбедност и просперитет“, рече Борел.
Свет
Израел: Погодивме 120 терористички цели
Израелската војска соопшти дека нивните воздушни сили извршиле „воздушна операција од големи размери“ во јужен Либан оваа вечер и погодиле повеќе од „120 терористички цели“, мислејќи на Хезболах.
Во операцијата, која траеше приближно еден час, се вели дека биле користени околу 100 борбени авиони.
Израелските одбранбени сили додадоа дека целите биле различни единици на Хезболах, вклучително и разузнавачки сили и елитни единици. „Оваа операција следи по серијата напади чија цел е да ја деградира командата, контролата и огнената моќ на Хезболах, како и да им помогнат на копнените сили да ги постигнат нивните оперативни цели“, соопшти ИДФ.