Свет
Булбулоглу: Азербејџан е подготвен да го врати својот територијален интегритет

Баку е цврсто решен да ја врати контролата над Нагорно-Карабах, регионот признат од глобалната заедница како територија на Азербејџан, изјави во интервју за ТАСС азербејџанскиот амбасадор во Русија, Полад Булбулоглу.
„Во тек е контратерористичка операција -која исто така може да се опише како обид за насилно смирување на Ерменија – на териториите на Азербејџан окупирани од вооружените сили на Ерменија. Во суштина, тоа е патриотска војна за ослободување на нашата земја, призната како територија на Азербејџан од целата глобална заедница. Веќе успеавме да ослободиме некои окупирани територии, нашите воени успеси продолжуваат. Ние сме цврсто решени да го вратиме нашиот територијален интегритет“, рече Булбулоглу.
Амбасадорот рече дека заклучно со почетокот на 6 октомври биле убиени вкупно 27 азербејџански цивили, а повредени 141 како резултат на тековните борби.
„Поради воените порази, раководството на Ерменија е принудено да донесе избрзани и погрешни одлуки, да изврши воени злосторства. А лицата кои носат такви наредби мора да бидат изведени пред меѓународната правда“, рече тој
Според неговите зборови, Ереван се обидува да го принуди Баку да изврши пропорционален удар на територијата на Ерменија по што, според верувањето на Ерменија, трети страни ќе стапат во конфликтот, и ќе биде активиран колективниот безбедносен механизам во кој учествува Ерменија.
„Во моментов, воената команда и политичкото раководство на Ерменија имаат целосна одговорност за тие настани“, рече дипломатот.
На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдеше дека вооружените сили на Азербејџан почнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.
Двете страни пријавија жртви и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територијата.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Соборен руски авион во Украина, загина висок генерал

Пензионираниот генерал на руските воздухопловни сили Канамат Боташев загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, пишува Би-Би-Си Русија.
Тој, наводно, е највисоко рангираниот руски пилот кој загинал во Украина.
Сето тоа наводно се случило во неделата на 22 мај.
⚡️BBC Russia: Retired Russian general killed in Ukraine’s airspace.
Major General Kanamat Botashev has been shot down while flying over Luhansk Oblast, BBC Russia reported. Botashev is reportedly the highest-ranking Russian pilot killed in Ukraine.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) May 24, 2022
Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот напаѓачки авион Сухој бил соборен над Луганската област и дека пилотот не успеал да се катапултира од авионот.
Свет
Фон дер Лајен: Не може да биде во интерес на Русија да умираат луѓе од глад во светот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен испрати покана до Москва за разговори, со цел да се овозможи извоз на украинска пченица која стои во пристаништата како резултат на руската поморска блокада.
„ Најважно е да се деблокира Црното Море. Ова е покана за Русија“, рече фон дер Лајен во интервју за „Ројтерс“ на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Таа оцени дека кризата со храна се приближува со полна брзина и дека е потребен некаков дијалог со Москва за да се „отклучат“ 20 милиони тони пченица блокирани во Украина.
„ Не може да биде во интерес на Русија луѓето да умираат од глад во светот поради Русија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека треба да се најде решение за да се создаде коридор за транспорт на храна.
Русија и Украина заедно учествуваат со речиси една третина во светската понуда на пченица, а Украина е и голем извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка.
Фон дер Лајен оцени дека Европската унија треба да го зајакне сопственото земјоделско производство преку обезбедување бенефиции за земјоделците за други култури или да го зголеми производството на пченица.
Свет
Гебрејесус втор мандат на чело на СЗО

Светската здравствена организација повторно го избра Тедрос Адан Гебрејесус за генерален директор, соопштија од ОН.
Гебрејесус е поранешен функционер на етиопската администрација и ја водеше СЗО низ пандемијата на коронавирусот. Тој е првиот Африканец на чело на агенцијата на ОН и единствениот генерален директор кој нема лекарска квалификација.
„ Имаше некои грешки, но Гебрејесус беше стабилен глас во текот на пандемијата, кој се залагаше за фер одговор“, рече Хавиер Гузман, службеник во Службата за глобална здравствена политика во Центарот за глобален развој во Вашингтон.
Според него, и покрај резервите изразени кон раководството на Гебрејесус, некои земји не биле подготвени да се променат.
Тој посочи дека светот се уште е во средина на пандемија и дека има одреден притисок за доследно лидерство во овој тежок период.