Европа
Бундестагот му ги укина привилегиите на поранешниот канцелар Шредер поради врските со Русија

Германскиот парламент, Бундестагот, укина некои од привилегиите што Герхард Шредер ги ужива како поранешен канцелар, објавија денеска германските медиуми кога Европскиот парламент повика на санкции против поранешниот шеф на германската влада.
Членовите на Комисијата за буџет на германскиот парламент го прекинаа финансирањето на канцеларијата со персонал на кој Герхард Шредер има право како поранешен канцелар. Досегашниот персонал, кој е достапен, ќе биде преместен. Укинувањето на привилегиите дојде кога партиите во владејачката коалиција, вклучително и Социјалдемократската партија на Германија (СПД), чиј претседател Шредер со години беше претседател, поднесоа барање до Комитетот.
Герхард Шредер сè уште има право на повластена пензионерска плата и лична заштита.
Клубот за застапување на демохристијаните сакаше да му ги одземе овие привилегии на поранешниот канцелар поради неговите сè уште блиски врски со режимот на Владимир Путин.
Шредер, кој беше канцелар од 1998 до 2005 година, во последните месеци беше на удар на општата германска јавност поради заштита на постапките на Владимир Путин, со кој тој е близок пријател, дури и по нападот на Русија врз Украина, пренесуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Бајден направи нов гаф – ги измеша имињата на две земји

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по завршувањето на самитот на НАТО во Мадрид повторно направи грешка, погрешно велејќи дека неутрална Швајцарија влегува во НАТО – наместо Шведска, пишуваат агенциите.
Според нивните написи, американскиот лидер брзо се поправил, шегувајќи се дека мора да е возбуден поради процесот на проширување на алијансата.
Joe Biden confuses Sweden with Switzerland: "We got on the telephone, he suggested we call the leader of, uh, of Switzerland. Switzerland! My goodness. I'm getting really anxious here about expanding NATO, of Sweden." pic.twitter.com/jEeW7QvpNs
— Real Mac Report (@RealMacReport) June 30, 2022
На крајот од самитот на НАТО во Шпанија, тој, како што пишуваат медиумите, го опишал процесот со кој двете нации поднеле барање за прием во НАТО по инвазијата на Путин на Украина. Најпрво пристигнало барањето од лидерот на Финска, со кое тој барал да ја посети Белата куќа.
„Добивме телефонски повик. Тој предложи да го повикаме лидерот на Швајцарија“, рече Бајден.
„Швајцарија, Боже мој, јас сум многу возбуден поради проширувањето на НАТО“, додал тој.
Медиумите анализираат дека Бајден е познат по своите гафови, кој своевремено сам себе се нарекувал „машина за гафови“.
Европа
Медведев: Одлуката за операцијата во Украина беше тешка, но добро осмислена

Одлуката за започнување на руска специјална воена операција за заштита на Донбас беше тешка, но добро осмислена и изнудена, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Не беше лесно да се донесе одлука, но токму затоа беше добро обмислена и избалансирана“, рече тој во говорот на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург.
„Кога се исцрпени сите средства за мирно решение, кога направивме се за да ја решиме ситуацијата со дипломатски методи, поинаку веќе не беше можно“, изјавил Медвдев пишуваат медиумите.
„И тоа директно го илустрира повлекувањето на украинските функционери од претходно објавените намери и нивното признавање дека договорите од Минск се само изговор за добивање време за зајакнување на вооружените сили“, посочил Медведев.
Зборувајќи за заканата од НАТО, Медведев напоменал дека Русија веќе 30 години упорно и трпеливо се обидува да постигне договор за принципите на еднаква и неделива безбедност во Европа, пренесе Тасс.
„Одговорот беа само трикови, измами, притисоци и уцени. Беше бескорисно. Никој не не слушна“, нагласил Медведев.
Европа
Лавров: Европа се покорува на ставовите наметнати од Америка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека самитот на НАТО во Мадрид уште еднаш покажа дека земјите-членки очекуваат безусловна послушност, пренесува руската агенција ТАСС. Лавров со порака до САД, пренесуваат агенциите.
„Верувам дека на сите им е очигледно што очекуваат. Тие не се воздржуваат да зборуваат за тоа, како што рекоа уште еднаш вчера на самитот на НАТО во Мадрид. Очекуваат безусловна послушност на нивната волја од сите земји, одразувајќи ги нивните себични интереси пред се американските интереси“, изјавил Лавров.
Истакнал дека модерна Европа, претставена од ЕУ, ја губи својата независност или знаците на независност што ги имаше. Тој додал дека Европа се покорува на ставовите наметнати од САД и кажал дека тоа важи и за економските санкции кои се воведени кон Русија, пишуваат медиумите.
„Ако ги споредите санкциите наметнати од европските земји кон Русија и Белорусија со санкциите што ги воведоа Соединетите Американски Држави, можете да видите дека САД се љубезни кон себе и се трудат да не бидат премногу активни во области кои сериозно ќе и наштетат на нејзината економија“.
Рускиот министер за надворешни работи истакнал дека САД ги трпат негативните ефекти од санкциите, но верува дека Европа страда многу повеќе. Лавров вели дека САД сакаат да ја ослабат и Русија и ЕУ.
„ЕУ е во конкуренција со САД“, додал тој.
Лавров кажал и дека новата железна завеса веќе се спушта меѓу Русија и Западот, пренесува АФП. Според него, Москва отсега нема да им верува на Вашингтон и Брисел.
„Железната завеса веќе се спушта. Процесот е започнат“, изјавил Лавров по средбата со неговиот белоруски колега.
Ја обвинил ЕУ дека воопшто не е заинтересирана да ги разбере интересите на Русија.