Свет
Вакцината против коронавирусот на „Модерна“ била направена уште во јануари, тврди американско списание

Неодамна одобрената вакцина на компанијата „Модерна“ – mRNA-1273, чија ефикасност се проценува на 94,5 отсто, била направена уште на 13 јануари, тврди New York Magazine.
Тоа било два дена откако кинескиот научник Јонг-Жен Жанг ја објави генетската низа на новиот коронавирус поради што беше привремено протеран од лабораторијата каде што работи.
Според тврдењата на списанието, вакцината на „Модерна“ била направена во Масачусетс за еден викенд. Таа наводно била завршена пред да се потврди дека вирусот може да се пренесе од личност на личност и седум дена пред да се објави за првиот случај на Ковид-19 во САД.
Кога еден месец подоцна во САД беше потврдена и првата смрт од Ковид-19, вакцината веќе била произведена и испратена до националните здравствени институти за да почне првата фаза на тестирање.
Станува збор за најбрзиот развој на вакцини во историјата. Прашањето сега е дали целиот процес на одобрување можеше да оди побргу со оглед на тешката зима што се предвидува.
Кина почна да им ја дава вакцината на војниците уште во јуни, а Русија ја одобри својата во август. Во текот на историјата вакцините главно доаѓале во последната фаза на епидемиите кога смртноста почнала да се намалува. Така било во случаите со сипаниците, туберкулозата и со тифусот.
Научниците од мај веруваа дека вакцината е безбедна и само чекаа да видат колку е ефикасна. Ова го иницира прашањето дали е можно да се забрза процесот на развој на вакцини во иднина, односно некои конкретни фази – првата, што се однесува на тестирањето на безбедноста или третата, што се однесува на ефикасноста.
Вакцината против новиот коронавирус беше развиена бргу затоа што ѝ претходеа истражувања правени по епидемијата на САРС во 2003 година. Научниците сега веќе знаат од кои вируси постои опасност да се развијат потенцијални пандемии во иднина.
Со доволно финансиски средства за нив вакцините може да се развиваат превентивно, а потоа да бидат адаптирани во случај на појава на нов вирус. Во тој случај целиот процес на развој на вакцините би се скратил на три месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Тројца загинати во експлозија на морнаричката академија на Либија

Три лица загинаа кога избувна пожар проследен со експлозија во магацин за муниција на морнаричката академија во регионот Јанзур, западно од либискиот главен град Триполи.
Италијанската новинска агенција „Нова“ го цитираше либискиот офицер Али Ал-Калиди, кој рече дека командантот на Воената академија, бригадниот генерал Ахмед Ајуб, и бригадниот Салем Абу Салах, како и уште едно лице, загинале во експлозијата.
Експлозијата ранила уште петмина други и предизвикала материјална штета. Либиската влада на национален договор (ГНА) не објави никакво соопштение за причините за експлозијата.
Експлозијата се случи неколку часа по посетата на началникот на ГШ на силите на ГНА, генерал-потполковник Мохамед ал-Хадад, во седиштето на академијата.
Академијата се наоѓа на 11 км од во седиштето на Мисијата за поддршка на ОН на Либија, во регионот Јанзур.
Европа
Холандија првпат по Втората светска војна воведува полициски час

Холандскиот премиер во заминување, Марк Руте, изјави дека сака да го спречи третиот бран на коронавирусот поради што ќе се воведе полициски час од 20.30 до 4.30 часот наутро. Ова е првпат по Втората светска војна, холандската влада да предложи полициски час.
Руте рече дека полицискиот час ќе биде воведен веднаш штом одлуката биде одобрена во парламентот, пренесува холандската телевизија „Нос“. Тој додаде дека за време на полицискиот час движењето на луѓето на улица ќе биде целосно забрането, со некои исклучоци, како што се работа или прошетка на кучиња. Казната за кршење на полицискиот час ќе биде 95 евра.
Руте исто така рече дека забраната за летови кон Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка ќе биде воведена од сабота.
Свет
(Видео) Протести и насилство во САД поради инаугурацијата на Бајден

Антивладините демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Луѓе облечени во црно, со маски на лицето, ги искршија прозорците и вратите во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, цртајќи симболи на анархија над грбот на демократите, објави „Ројтерс“.
@JoeBiden so are you gonna deal with this today? ANTIFA ransacking Seattle yesterday to celebrate your presidency? pic.twitter.com/elsA67eaMz
— kirsty thomas (@kirstydthomas) January 21, 2021
„Не го сакаме Бајден. Сакаме да се одмаздиме за полициските убиства, империјалистичките војни, фашистичките масакри“, беше напишано на транспарентите што ги носеа со себе.
Осум лица беа уапсени во Портланд под сомнение за насилство и невнимателно палење, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл – едното за напад, другото за уништување на имот, соопшти полицијата.
Seattle: #Antifa marched into the iconic Pike Place Market to riot and smash up property. #SeattleRiots pic.twitter.com/lbPE773nyM
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) January 21, 2021
Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата.
Во Сиетл, полицијата нагласи дека неколку места во градот биле вандализирани.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот