Свет
Вакцината „Спутник 5“ не предизвикува силни алергии, досега ја примиле 1,5 милион луѓе

Повеќе од 1,5 милион луѓе се вакцинирани со руската вакцина против ковид „Спутник 5“, објави Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Повеќе од 1,5 милион луѓе веќе се вакцинирани со препаратот ‘Спутник 5’. Вакцината не предизвикува сериозни алергии“, се наведува во соопштението на Фондот.
Александар Гинзбург, директор на Центарот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, претходно за „Спутник“ изјави дека повеќе од милион руски граѓани веќе ја примиле вакцината против коронавирус „Спутник 5“ и дека не се пријавени нови несакани ефекти.
Вакцината „Спутник 5“ е одобрена во Русија, Белорусија, Србија, Аргентина, Боливија и Алжир, а започната е постапка за регистрација на вакцината во Европската Унија.
Вакцината произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции на 11 август доби потврда за регистрација од Министерството за здравство на Русија, со што стана првата регистрирана вакцина против коронавирус во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шефот на СПД ги обвини Меркел и министрите од ЦДУ за бројните пропусти во справување со Ковид-19

Лидерот на Социјалдемократската партија на Германија, Норберт Валтер-Борјанс, ги обвини германската канцеларка Ангела Меркел и министрите од ЦДУ за „лошо управување“ со кризата од коронавирусот.
Валтер-Борјанс изјави дека Германија има шеф на владата кој има направено бројни пропусти во координирањето со кризата.
Тој рече дека министрите од коалицискиот партнер на СПД не ги исполнуваат своите обврски.
Во исто време, ги пофали социјалдемократските членови на владата, како што е вицеканцеларот Олаф Шолц, за кого Валтер-Борјанс тврди дека ги поправа сите проблеми.
Тој вели дека придонесот на членовите на владата од редовите на ЦДУ и ЦСУ е далеку зад оние од редовите на СПД.
Свет
Кина планира до јули да вакцинира 40 проценти од своето население

Кина планира 40 проценти од своето население да вакцинира против коронавирус до крајот на јуни, изјави експертот за респираторни заболувања Џонг Наншан.
Тоа значи дека до јуни ќе бидат вакцинирани 548 милиони луѓе во Кина, која има 1,4 милијарда жители, објаснува „Си-ен-ен“.
Кина досега вакцинираше 3,56 проценти од своето население, што е околу 51 милион луѓе, додаде Џонг.
Свет
Саудиска Арабијa: За аџилак е потребен доказ за вакцинација

Министерството за здравство на Саудиска Арабија објави дека муслиманите кои сакаат да го извршат годишниот аџилак годинава мора да докажат дека се вакцинирани против Ковид-19.
Владата наведува дека вакцинацијата против коронавирус ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека. Секој муслиман, според верските закони, е должен барем еднаш во животот на отиде на аџилак.
Во соопштението не беше прецизирано дали само аџиите од Саудиска Арабија ќе можат да учествуваат во аџилакот, кој започнува на крајот на јули.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер