Европа
Вакцина-туризам само за богати: приватен авион, вакцинација и три недели одмор во луксузни хотели

Весникот „Ла република“ пишува за новата туристичка понуда за богатите, а „пакетот“ опфаќа и вакцинација против Ковид-19.
Според весникот, на клиентите им се нуди лет со приватен авион, вакцинација, тринеделен одмор во луксузни хотели или вили во Индија, Дубаи или Флорида, потоа втора доза на вакцина и на крај враќање дома.
Засега вакви супер луксузни туристички аранжмани нуди англиската агенција „Најтбриџ“, а цената на понудата е околу 45.000 евра, пишува весникот.
Агенцијата нуди пакет само за своите членови, кои плаќаат членарина од 28.000 евра годишно, а засега вакцина-туризмот е резервиран само за членови постари од 65 години.
Новинарите ја контактирале Агенцијата за да откријат како е можно луѓето да се вакцинираат приватно во земјите на дестинација каде што има правила дека само граѓаните и оние кои имаат престој можат да го добијат лекот и како е можно приватно да се набави вакцина, ако лекот недостасува за владини нарачки.
Туристичката агенција одби да даде одговор.
Весникот потсетува дека уште во декември производителот на вакцината „Фајзер“ потврди дека размислува да го продава лекот на приватни лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Чешка се понуди да ги купи вакцините на „Астразенека“ од кои се откажа Данска

Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астразенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.
„Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астразенека’ од Данска“, истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.
Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.
Европа
ЕУ договори итна испорака на 50 милиони вакцини на „Фајзер“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во средата објави дека е постигнат договор со „Бионтек/Фајзер“ за испорака на 50 милиони дози вакцина во вториот квартал и најави почеток на преговори за трет договор за купување 1,8 милијарда дози од производителот во текот на следните две години.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ‘Бионтек/Фајзер’ за забрзување на испораката на 50 милиони вакцини, кои ќе бидат доставени во вториот квартал наместо во четвртиот“, рече Фон дер Лаен.
Таа додаде дека испораката на тие 50 милиони дози вакцина ќе почне во текот на месецот. Со забрзувањето на испораката „Бионтек/Фајзер“ ќе испорача вкупно 250 милиони дози вакцина во вториот квартал. Овие 50 милиони дози ќе бидат дистрибуирани до земјите членки пропорционално на населението.
Фон дер Лаен потврди дека Комисијата во иднина ќе се потпре на вакцините засновани на информациската РНК, нова технологија, која ја докажа својата вредност.
„Сега влегуваме во преговори со ‘Бионтек/Фајзер’ за трет договор. Тој договор предвидува набавка на 1,8 милијарда дози за периодот 2021-2023 година“, рече претседателката на Комисијата.
Европа
Земјите од Е3 сериозно загрижени поради најавите на Иран

Велика Британија, Франција и Германија, кои ја сочинуваат безбедносната група на европски сили, позната како Е3, денес изразија загриженост поради последните најави на Иран дека ќе продолжи да го збогатува ураниумот до 60 проценти чистота.
„Владите на Франција, Германија и на Велика Британија (Е3) се сериозно загрижени поради најавата на Иран до Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека ќе почне со збогатување на ураниумот до 60 проценти“, се вели во официјалното соопштение на Е3.
Агенцијата наведува дека групата Е3 смета оти тоа претставува сериозен развој на настаните во безбедносна смисла бидејќи производството на високозбогатен ураниум е важен чекор во производството на нуклеарно оружје и дека Иран нема веродостојна цивилна потреба од збогатување ураниум на тоа ниво.
МААЕ на 13 април потврди дека добило известување од Иран за намерата да почне со збогатување ураниум до 60 проценти во фабриката во Натанц.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш