Контакт

Свет

Вандали осквернавиле 100 христијански гроба на француските гробишта

Објавено пред

Вандали осквернавиле гробишта во југозападна Франција во средата пред зори уништувајќи сè што било поврзано со христијанската симболика вклучувајќи десетици камени крстови, распетија и слики од ангели и од Богородица, пренесува „Брејтбарт“.

Според локалните извештаи, вандалите осквернавиле речиси 100 христијански гробови на гробиштата „Броил“ во Коњак уништувајќи претежно крстови, но и голем број статуи, плакети и претстави на ангели и на блажената Дева Марија.

Сквернавњето на гробиштата се случи само неколку дена пред Денот на мрвите на 2 ноември кога католиците ги посетуваат гробовите на своите најблиски за да се молат за упокојување на нивните души.

Градоначалникот на Коњак, Мишел Гуриншас, го опиша инцидентот како жален и срамен и рече дека се надева оти не е ништо повеќе од чин на глупав вандализам, без антихристијанска мотивација.

Гуриншас како доказ за секуларната природа на злосторството го истакна фактот дека вандалите не оставиле натпис на гробиштата, што укажува на идеологија или верување.

„Градоначалникот вели дека ништо не укажува на религиозна мотивација. Купот скршени крстови очигледно не е доволен за него. Што му треба повеќе од овој огромен број искршени крстови, распетии и статуи на Дева Марија“, напиша Даниел Амиш за L’Observatoire de la Christianianobobie.

Антихристијанското сквернавење е во пораст во Франција иако државните власти не се подготвени да ја признаат религиозната природа на делата. Како што објави „Брејтбарт“ минатиот март дванаесет христијански цркви во Франција беа нападнати и вандализирани за една недела.

Централната служба за криминалистичко разузнавање оваа пролет извести дека во просек три цркви дневно се цел за вандализам во последните три години. Во 2018 година Министерството за внатрешни работи забележало 541 антисемитски дела, 100 антимуслимански и 1.063 антихристијански дела.

Европа

Крадци ограбиле златарница во центарот на Париз, побегнале пеш, штетата е повеќе од два милиони евра

Објавено пред

Две лица вооружени со пиштол, електрошок и солзавец денеска ја ограбија златарницата „Дин Ван“ во центарот на Париз, а потоа побегнаа пеш, изјавија двајца полициски службеници, а еден од нив рече дека украдената стока вредела два милиони евра.

Грабежот се случи на само неколку дена откако беше ограбена златарницата „Шаумет“ на авенијата Шанзелизе. Грабежите на продавници за накит во француската престолнина не се невообичаени за време на помирните летни месеци.

Полициските извори велат дека разбојниците со себе имале електрошок, солзавец и пиштол. Од „Дин Ван“ потврдија дека била ограбена продавницата во квартот Маре, но не можат да кажат колку е украдено.

„Од време на време имаме вакви грабежи“, рече Жоан Морас, од полициски синдикат за француските медиуми.

Накитот „Шамет“ беше ограбен во вторникот, а напаѓачот побегнал со скутер. Двајцата осомничени подоцна беа уапсени и беше запленет поголемиот дел од накитот вреден приближно два милиони евра. Куќата за накит „Шамет“, светски позната по долгата традиција на трговија на плоштадот Вендоме, беше ограбена во 2009 година. Тогаш крадците украле накит вреден 1,9 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Регион

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Објавено пред

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на Берлин, соопштија германските медиуми.

Според неофицијални информации, возачот сакал да сврти на паркингот, но удрил во заштитната ограда и излетал од патот по што автобусот се превртел.

Германските медиуми пишуваат дека автобусот е од Србија. Патувал од Белград преку Берлин до Стокхолм. Според „Билд“, повеќе од 70 спасувачки возила и шест хеликоптери се вклучени во спасувањето на повредените.

„Шест спасувачки хеликоптери, 30 спасувачки возила и 12 амбулантни возила се на должност. Покрај тоа, пристигна и противпожарна единица со 22 возила. Автопатот е затворен во двата правца“, пишуваат медиумите.

Според полицијата, двајцата возачи добиле сериозни повреди, како и еден патник. Сѐ уште не е познато колку патници имало во автобусот, но се знае дека тие се од Германија, Србија, Шведска и од Израел.

Прикажи повеќе...

Европа

Турција: Млад човек загина додека помагал во борбата против пожарите

Објавено пред

25-годишниот Шахин Акдемир загина во пожар што вчера ја зафати областа Мармарис во Турција. Шахин загинал додека им помагал на пожарникарите кои се бореле со огнот.

Несреќниот млад човек, кога дознал дека пожарот неконтролирано се шири, се качил на неговиот мотоцикл и натоварил вода, а потоа им ја доставил на пожарникарите во загрозената област. За жал, кога тргнал да се враќа за повеќе вода, тој доживеал несреќа и бидејќи бил сериозно повреден, не успеал да се спаси од пожарот и трагично загинал. Според турските медиуми, пожарот го зафатил неговиот мотоцикл.

Во пресрет на трагедијата, овој храбар млад човек ги повикал пријателите на социјалните мрежи да им помогнат на пожарникарите.

„Ве молим носете вода, ние ќе продолжиме да носиме вода до пожарникарите, Бог да ни е на помош“, напишал тој во објава на социјалните мрежи.

Потоа информирал каде најмногу се шири пожарот и објавил фотографии од загрозената област, со уште еден апел до граѓаните да носат вода.

Трет ден по ред Турција се бори со страшните пожари што избија во близина на Анталија, Бодрум, Мармарис и неколку други локации, а најмалку три лица го загубија животот.

Огнената стихија кај Бодрум е локализирана, додека пожарникарите гасат пожари во други области дење и ноќе. Во гаснењето на пожарот беа вклучени повеќе од 20 летала и над 1.000 пожарникари.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија4 часа

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија6 часа

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија7 часа

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ8 часа

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ9 часа

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Свет9 часа

Во Кина се појави ново жариште на коронавирус, најголемо по Вухан

Жариште на Ковид-19 откриено во кинескиот град Нанџинг се прошири во пет кинески провинции и главниот град Пекинг, а кинеските...

Топ10 часа

Во гостилница во Арачиново специјалците уапсија меѓународен наркодилер кој побегнал од затвор

Во акција во угостителски објект во скопско Арачиново, утрово околу 6 часот и 45 минути бил уапсен 43-годишен арачиновец кој...

Свет11 час

Сè поголем притисок врз невакцинираните војници и државни службеници во САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, донесе серија мерки за поттикнување на вакцинацијата во САД, вклучително и задолжителна вакцинација за милиони федерални...

Свет11 час

Израел почнува со вакцинација со трета доза од вакцината

Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, објави дека земјата ќеапочне да дава трета доза од вакцината против коронавирус на лица постари од...

Македонија12 часа

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници

СДСМ објави уште пет имиња на кандидати за градоначалнци за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври. Партијата...

Свет22 часа

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

Поранешен службеник на американската амбасада во Мексико се изјасни за виновен за дрогирање и сексуална злоупотреба  на најмалку 23 жени...

Свет24 часа

(Видео) Три лица загинаа, десетици се повредени во големиот пожар кај Анталија

Три лица загинаа, а повеќе десетици се во болница во шумскиот пожар што се прошири во одморалиштето Манагвата, во близина...

Свет1 ден

Истрагата утврди дека државата е одговорна за убиството на малтешката новинарка

Истрагата за убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција во 2017 година покажа дека државата е одговорна за нејзината смрт,...

Македонија1 ден

300.000 денари од Град Скопје како награда за олимпискиот вицепрвак Дејан Георгиевски

Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија...

Македонија1 ден

Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 54 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на...

Македонија1 ден

Новото име на мини шенген е Отворен Балкан, потпишани првите официјални договори

Како дел од церемонијата на Економскиот форум во Скопје денеска беше објавено новото име на иницијативата позната како мини шенген,...

Македонија1 ден

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот...

Македонија1 ден

Рама од Скопје: Изгубивме векови, наместо грб со грб време е да се свртиме кон соработка

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во воведното обраќање на Економскиот форум во Скопје порача дека „нема зошто да останеме затворени...

Досие