Контакт

Европа

Ватикан издададе прирачник против сексуална злоупотреба на децата

Објавено пред

Ватикан објави прирачник за превенција на сексуална злоупотреба во рамките на Католичката црква.

Во прирачникот објавен од ватиканската Конгрегација на претставниците на црквата им се дадени упатства како да реагираат во случај кога постои сомневање дека некој сексуално малтретира деца, пишува „Дојче веле“.

Ова го соопшти префектот на Конгрегацијата, кардиналот Луис Франциско Ладарија Фер. Прирачникот не содржи нови закони, туку само упатства за тоа како да се постапи во согласност со постојните закони, објасни тој.

Документот од 17 страници систематски првпат опишува како да се реагира од првата пријава за евентуално кривично дело до крајот на постапката, објасни заменикот на префектот, Џакомо Моранди, во интервју за порталот „Ватикан њуз“.

Прирачникот е наменет првенствено за лица што професионално се занимаваат со примена на црковно право, како што се правници или судии во бискупските судови, потоа соработници задолжени за црковно право, но и за епископи и водечки свештеници што немаат подетаљно знаење на оваа тема.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Лондон растурена свадба со 400 луѓе, им се заканува глоба од 10.000 фунти

Објавено пред

Британската полиција денеска објави дека во Лондон растурила свадба со речиси 400 гости, организирана и покрај забраната за собирање голем број луѓе поради пандемијата на Ковид-19.

Според строгите мерки воведени на почетокот на годината, свадби може да се прават само во исклучителни околности и допуштено е собирање само шест лица.

Но, полицијата пронашла стотици луѓе во училиште во Стемфорд Хил во северен Лондон. Прозорците биле покриени така што не можело да се види што се случува внатре.

Организаторот се соочува со глоба во висина од 10.000 фунти.

Бројот на лица заразени од коронавирус во Велика Британија вртоглаво се зголеми кон крајот на минатата година по појавата на нов вид на вирусот, што доведе до повторно воведување карантин, вклучително и строги правила за свадби.

Дневниот број на нови инфекции се намали од речиси 70.000 на 8 јануари на нешто помалку од 40.000 во последните денови, но властите се загрижени дека многумина не ги следат правилата, па вирусот продолжува да се шири.

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, во четвртокот предупреди дека прекршувањето на правилата се казнува со глоба и најави воведување нова глоба од 800 фунти за присуство на домашни забави.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Објавено пред

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против коронавирусот, изјави денеска портпаролот на ЕК.

„Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, компанијата објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот откога веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.

Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.

Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 час

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион13 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет13 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија15 часа

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет15 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија17 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа18 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија19 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија20 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ21 час

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија21 час

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија21 час

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија21 час

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион22 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа22 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет23 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа23 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет24 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие