Свет
Вашингтон пост: Американци во Северна Кореја разговараат за подготовката на самитот

Група американски дипломати се наоѓаат во Северна Кореја, со цел да ги започнат разговорите за подготовка на самитот помеѓу Доналд Трамп и Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“.
Американскиот весник се повикува на неименуван извор кој бил запознаен со настаните.
Истиот извор тврди дека поранешниот американски амбасадор во Јужна Кореја, Сунг Ким, допатувал од Филипините каде во моментов е амбасадор, за да ги предводи подготовките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Венецуела ја затвора границата со Бразил

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ќе ја затвори границата со Бразил како резултат на зголемените тензии околу испораките на странска помош. Претседателот, исто така, размислува за затворање на границата со Колумбија, со што би се изолирал поголемиот дел од внатрешноста на Венецуела.
Во телевизискиот говор во четвртокот Мадуро го објави затворањето на границата во Бразил и предупреди да не се прават обиди за внесување хуманитарна помош во Венецуела на сила.
„Не сакам да донесам таква одлука, но го разгледувам тоа – апсолутно затворање на границата со Колумбија“, рече тој. „Ги презедовме сите мерки за сè да биде мирно“, додаде тој.
Странската помош моментално се собира во Бразил и во Колумбија, на барање на опозицискиот лидер и самопрогласен претседател Хуан Гуаидо. Иако минатата година Мадуро ја прифати помошта од Обединетите нации, тој се спротивстави на новите пратки хуманитарна помош велејќи дека кампањата за помош на опозицијата е „провокација“.
Венецуела веќе ги затвори своите воздушни и поморски граници со Куракао, како и островите Аруба и Бонаир, од каде што Гуаидо, исто така, очекуваше хуманитарна помош.
Иако тој рече дека сабота е крајниот рок за примање на помошта, војската на Венецуела е лојална на претседателот Мадуро и ги блокира сите премини што водат до границите. Гуаидо е на пат кон граничниот колумбиски град Кукута, каде што неколку пратки американска помош чекаат да бидат пренесени во Венецуела.
Обединетите нации и Црвениот крст го критикуваа политизирањето на хуманитарната помош.
Свет
Земјотрес од 7,5 степени го погоди Еквадор

Силен земјотрес со јачина од 7,5 степени е регистриран денеска во Еквадор, соопшти геолошкиот институт на САД.
Уште нема информации за човечки жртви или штета.
Жителите велат дека потресот бил многу силен и се треселе околу 30 секунди.
Последниот силен земјотрес во Еквадор, со јачина од 7,8 степени, се случи во 2016 година, кога загинаа 676 лица, а 16.600 беа повредени.
Свет
Северна Кореја има сѐ помалку храна

Северна Кореја предупреди дека се соочува со недостиг од храна од околу 1,4 милиони тони во 2019 година, односно дека е присилена речиси да ги преполови оброците, обвинувајќи ги високите температури, суштата, поплавите и санкциите на Обединетите нации.
Мисијата на Северна Кореја при Обединетите нации објави меморандум на две страници, без датум, во пресрет на вториот самит следната недела помеѓу американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.
„Вашингтон“ бара Северна Кореја да се откаже од програмата за нуклеарно вооружување која е закана за САД, додека Северна Кореја бара укинување на санкциите, пренесе „Ројтерс“.
ОН едногласно ги зајакна санкциите за Северна Кореја од 2006 година, за да го прекине финансирањето на програмата на Пјонгјанг за нуклеарно вооружување и балистички проектили.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа