Контакт

Свет

„Вашингтон пост“: Диктаторите од Заливот му станаа сојузници на Путин и перат руски пари

Објавено пред

Напорите на САД да ги спречат плановите на Путин се активно поткопани од наводните американски сојузници во Персискиот Залив, пишува аналитичарот Џош Рогин за „Вашингтон пост“.

dobivaj vesti na viber

Диктаторите што управуваат со овие нафтени држави грабаат огромни профити од продажбата на нафта додека неверојатно високите цени ја полнат касата на Путин и ги оштетуваат американската и европската економија.

Со такви пријатели кому, воопшто, му требаат непријатели? Зошто администрацијата на Бајден игра онака како што играат?

И додека Путин ја користи нафтата за уценување и казнување на Западот, кој  ѝ помага на Украина, вистинскиот владетел на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман, и престолонаследникот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед ал-Нахјан, одбиваат да го направат единственото нешто што е во нивна моќ – да помогнат да се произведе повеќе нафта, пишува „Вашингтон пост“.

Во меѓувреме, Мохамед бин Салман ја користи украинската криза за да изврши притисок врз администрацијата на Бајден да го отфрли неговото предизборно ветување за ресетирање на односите меѓу САД и Саудиска Арабија.

Минатонеделната тајна посета на директорот на ЦИА, Вилијам Џеј Барнс, на Саудиска Арабија, која беше откриена оваа недела, е само најновата во низата примери во кои администрацијата на Бајден го моли Салман да ја затвори чешмата.

Овде се поставува очигледното прашање: Кого овие владетели од Заливот сметаат за вистински свој сојузник – САД или Русија?

„Саудиска Арабија и ОАЕ се сојузници на Русија во Персискиот Залив денес и, всушност, перат руски пари и категорично и намерно одбиваат да го зголемат производството на нафта“, рече пратеникот на Демократската партија, Том Малиновски, на форумот „Седона Мекејн“ минатата недела.

„Ова е моментот кога земјите треба да одлучат на чија страна се“.

Уште пред почетокот на украинската војна администрацијата на Бајден почна да го напушта своето предизборно ветување дека ќе заземе поцврст став против Саудијците продолжувајќи ја трговијата со оружје и испраќајќи високи функционери на состанок со Мохамед бин Салман.

Украинската криза му даде златна можност на Мухамед бин Салман.

Салман со задоволство разговара со Путин. Но, и саудискиот владетел и неговиот колега од Емиратите одбија да ја прифатат поканата на Бајден во март, иако и двете земји уживаат американска заштита.

Мохамед бин Салман чека Бајден да се сретне со него во Ријад или да го покани во Белата куќа. Бајден дава отпор бидејќи знае дека такво нешто би било јавно понижување по ветувањето дека ќе се дистанцира од саудискиот режим.

Во меѓувреме, Мохамед бин Салман јавно ги заведува републиканците. Тој му даде на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, две милијарди долари преку приватен инвестициски фонд без транспарентност – тоа се пари што Трамп би можел да ги искористи во борбата против Бајден во 2024 година, пренесува „Новости“.

Европа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Објавено пред

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

– Предноста на интеграцискиот курс сега е особено очигледна, во сегашната тешка меѓународна ситуација, а тоа е практично агресија на некои непријателски држави – рече Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, кој се одржува во форма на Видео конференција.

Рускиот претседател додаде дека учесниците на состанокот биле „убедени дека интеграцијата економски ќе ги зајакне нивните земји и“ значително ќе ја намали нивната зависност од надворешни кризи, вклучително и политички, пренесе ТАСС.

Путин зборуваше за мерките што ги презема владата во сегашните услови.

Тој рече дека Владата навремено носи одлуки за стабилно функционирање на пазарот и финансискиот сектор и се грижи за клучните индустрии и компании кои се од системско значење.

Путин рече дека е обезбедена поддршка за ликвидноста на банките и дека се шири практиката на тргување во национални валути со земји кои со своите постапки покажале дека се доверливи партнери на Русија.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Потврдени речиси 200 случаи во 20 земји на мајмунска сипаница

Објавено пред

Светската здравствена организација соопшти дека речиси 200 случаи на мајмунска сипаница се пријавени во повеќе од 20 држави.

dobivaj vesti na viber

Тие изјавија дека има многу неодговорени прашања за тоа како настанала сегашната епидемија, но нема докази дека некакви генетски промени во вирусот се одговорни за невидената епидемија.

Шпанските власти денеска соопштија дека бројот на случаи таму се искачил на 98, вклучително и една жена чија инфекција била „директно поврзана“ со синџирот на пренос што претходно бил ограничен на мажи, соопштија официјални лица во регионот Мадрид.

Лекарите во Велика Британија, Шпанија, Португалија, Канада, САД и други земји рекоа дека болеста најверојатно нема да ги погоди луѓето поради нивната сексуална ориентација, а научниците предупредуваат дека вирусот може да зарази други доколку не се спречи пренесувањето.

Д-р Силви Брајанд, директорка на СЗО за пандемии и епидемии, рече дека сегашната ситуација изгледа „одржлива“.

Сепак, таа рече дека СЗО очекува да бидат пријавени повеќе случаи во иднина, истакнувајќи дека „не знаеме дали само го гледаме врвот на ледениот брег или дали има многу повеќе случаи кои се неоткриени во заедниците .

Д-р Розамунд Луис, шеф на Одделот за сипаници при СЗО, рече дека „нема потреба од масовна вакцинација“, објаснувајќи дека мајмунските сипаници не се шират лесно и дека обично е потребен контакт кожа на кожа за пренос.

Специфично не е развиена вакцина против мајмунски сипаници, но СЗО проценува дека вакцината против сипаници е ефикасна околу 85 проценти.

Повеќето пациенти со мајмунска сипаница имаат само треска, болки во телото и замор, пренесуваат светските агенции.

Прикажи повеќе...

Свет

Mал напредок во преговорите меѓу Турција, Шведска и Финска за влезот во НАТО

Објавено пред

Преговорите меѓу турските официјални претставници и делегациите од Шведска и Финска во Турција постигнаа мал напредок оваа недела во надминувањето на приговорите со Анкара за членството на тие земји во НАТО, а сè уште не е познато кога ќе продолжат преговорите, изјавија два извора.

dobivaj vesti na viber

„Тоа не е лесен процес“, изјави денеска висок турски функционер за „Ројтерс“.

„Тие мора да преземат конкретни чекори, што ќе биде тешко. Понатамошните преговори ќе продолжат. Но, се чини дека тоа нема да биде набргу“, додаде тој.

Финска и Шведска минатата недела поднесоа официјално барање за влез во НАТО за да ја зајакнат безбедноста по руската инвазија на Украина.

Сите членки на НАТО мора да дадат согласност

Сите 30 членки на НАТО мора да ги одобрат плановите за проширување. Но, Турција се спротивстави на тоа објаснувајќи дека нордиските земји обезбедуваат засолниште за луѓето поврзани со, како што ги нарекува, терористичките групи и затоа што го забранија извозот на оружје во Анкара.

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во петокот рече дека Турција очекува Шведска и Финска да преземат конкретни мерки и да ја прекинат таквата поддршка пред да ги повлечат своите приговори.

Самит во Мадрид

Друго лице блиско до ситуацијата рече дека не е постигнат јасен напредок во разговорите во средата и дека тие завршиле без временска рамка за продолжување, што ги зголемува шансите Турција сè уште да се спротивстави на кандидатурата за членство кога НАТО ќе одржи самит на 29 и 30 јуни во Мадрид.

Петчасовните разговори вклучуваа одделни седници меѓу турските официјални претставници и колегите од двете нордиски земји по што следуваа тристрани разговори со сите страни, додаде друг извор.

Трет извор изјави за „Ројтерс“ дека турските власти ги намалиле шансите за постигнување договор пред самитот во Мадрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 минути

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија2 часа

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија3 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет3 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија4 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија5 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион6 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет6 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија6 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија7 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет8 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет9 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет21 час

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија22 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт23 часа

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ1 ден

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...